ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОНРЕДНИ УЧЕНИЦИ
ВО СОУ „ПЕРО НАКОВ“ – КУМАНОВО
Вонредни ученици се оние лица кои образованието го стекнуваат со самообразование, по пат на полагање испити по одреден план и програма во средното училиште.
Како вонреден ученик може да се запише лице кои исполнува еден од следниве услови:
- Да е постар од 17 години,
- Да е на боледување подолг период,
- Да му е изречена педагошка мерка отстранување од училиштето,
- Да е во работен однос и
- Во други случаи утврдени со статутот на уучилиштето.
- Ученици кои покажуваат одличен успех и се истакнуваат со способности, знаења и работни навики можат напоредно, но само како вонредни ученици да се здобиваат и со образование за друг план и програма.
- Ученикот кој во последната година од образованието на крајот од учебната година има најмалку две негативни оценки може да ги полага поправните испити и по вториот испитен рок, откако ќе се стекне со статус на вонреден ученик.
- За упис на учебна година 3000,00 денари
- Административна такса 50,00 денари
- Полагање на испит (без проодност) 900,00 денари
- Административна такса 50,00 денари
- Запишување на кандидатите 2500,00 денари (конфекциски техничар и техничар за дизајн на обувки)
- Запишување на кандидатиет 2900,00 денари (економски техничар, техничар за трговија и маркетинг, бизнис администратор)
- Полагање на испит по општообразовен предмет 300,00 денари
- Полагање на испит по стручен предмет 1000,00 денари
Висина на трошоци за запишување како вонреден ученик:
Висина на трошоците, по Испитна програма по вертикална преодност за ученици кои завршиле средно образование со тригодишно траење и продолжуваат во средно четиригодишно образование од ист или сроден наставен план т.е. вертикална преодност изнесува:
Вертикална проодност вклучува пет испити, а потоа кандидатот продолжува во четврта година од соодветна струка.
Пример за пополнување на налог ПП50 - за вонреден упис, за полагање на вонредни испити:
- Назив на примач: Буџет на РСМ
- Банка на примачот: НБРСМ
- сметка: 100000000063095
- сметка на буџетски корисник: 7410105703 787 12
- приходна шифра и програма: 723012 N2
Пример за пополнување на налог ПП50 за административна такса
- Назив на примач: Министерство за финансии
- Банка на примачот: НБРСМ
- сметка: 100000000063095
- износ **50,00 мкд
- уплатна сметка: 840 141 03161
- приходна шифра и програма: 723013
Испитни сесии за вонредни ученици во СОУ „Перо Наков“ – Куманово
Месец |
Пријавување |
Консултации |
Полагање |
Октомври |
3-6 |
12-14 |
24-28 |
Декември |
5-7 |
14-16 |
26-30 |
Февруари |
1-3 |
8-10 |
20-24 |
Март |
6-8 |
13-15 |
27-31 |
Април |
3-5 |
10-12 |
24-28 |
Мај |
2-4 |
8-10 |
23-30 |
Јуни за завршни години кои имаат останато до 3 испити |
01.06.2023 |
По договор |
07-09.06.2023 |
Јуни за сите останати |
8-9 |
14-16 |
26-30 |
Август за завршни години кои имаат останато до 3 испити |
01.08.2023 |
По договор |
7-8 |
Август за сите останати |
9-11 |
16-18 |
25-31 |
- На денот на полагање кандидатот треба да покаже документ за идентификација и решение за испити кои што ги полага
- Пријава за испитот мора да е точно пополнета со прикачена уплатница за полагање на испитот и административна такса
- Кандидатите мора да ги почитуваат термините, доколку од оправдани причини не се во можност да полагаат задолжително е да се јават за причините од кои се спречени да полагаат.
- Комисијат го информира кандидатот за резултатите веднаш по завшување на испитот
- Распоредот за полагање ќе биде јавно истакнат (во училиште, на веб страната и на Facebook страната на училиштето)
- Кандидатите од завршни години мора до 15 ноември да пријават проектна задача за да се стекнат со право за полагање на државна матура или завршен испит.
За било какви дополнителни информации кандидатите можат да се обратат кај:
Одговорен наставник за вонредни ученици во настава на македонски јазик
Ивана Близнаковска Доцевска – 075/205-626 или This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Одговорен наставник за вонредни ученици во настава на албански јазик
Албина Бериша - 075/220-222или This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.