Galeri

SOU Pero Nakov

„ПОЕТСКО-МУЗИЧКА МАНИФЕСТАЦИЈА – Книгата – ризница на знаењето„ [25.04.2016]

На ден 25.04.2016.год. со почеток во 12:00 часот, во СОУ „Перо Наков„ под насловот „Книгата – ризница на знаењето“ се одржа поетско-музичка манифестација преку која учениците, под менторство на своите професори Милошевска Фросина, Николовска Оливера и Трајчев Бојан,  заедно со Друштвото на писатели симболично го одбележаа Денот на книгата, 23-ти април. Учениците заедно со своите ментори направија една прекрасна поетско-музичка дружба, во рамките на која со гостите од Друштвото на писателите на Куманово читаа свои стихови, надополнети со прекрасните звуци на музиката.

Гостите ги поздрави директорот на училиштето, госпоѓа Лидија Тасевска, според која целта на овој настан беше промоција на книгата, како и мал, симболичен  напор кој ќе придонесе збогатување на интересот за  поттикнување на децата уште повеќе да читаат, дотолку повеќе што денешните вредности за жал не ги упатуваат кон неа.

Поетите од град Куманово со своето присуство го збогатија настанот, на кој прочитаа неколку свои творби пред учениците.

Според госпоѓата Божана Трајковска, претседател на Друштвото на писатели од Куманово, настанот се реализира како втор караван на поети кои соработуваат со средните и основните училишта. Претставници од сите средни училишта,  собрани во СОУ „Перо Наков„ го чествуваат денот и на тој начин нивните поетски изблици ги прикажуваат пред другите, како поттик на младите да читаат, да се наградуваат и на тој начин да придонесат својот сеф на убави зборови во душата, да ги испразнат на својот бел лист.

Манифестацијата беше збогатена и со музички перформанс на учениците, а вакви манифестации ќе продолжат и во иднина со цел да станат сериозен поттик за младите повеќе да читаат книги.

gal1 gal2 gal3

 

 

DITA E HAPUR E SHKOLLËS" Në ditën [24.04.2016]

Më datë 24.04.2016 në periudhën prej 12:00 deri në 15:00 në shkollë është mbajtur Dita e hapur, si manifestim që në këtë vitë është realizuar në mënyrë interesante dhe shumë specifike.
Gjatë kësaj ngjarje ishin realizuar këto aktivitete:
1.    Dita e hapur, si ngjarje në të cilën nxënësit që kryejnë shkollën fillore, kishin mundësi të njihen me planet mësimore dhe drejtimet mësimore që gjendet ntë kuadër të shkollës.
2.    Panair I kompanive virtuale, si ngjarje në kuadër të së cilës nxënësit e vitit të katërt nga lënda e mësimit praktik I prezentuan kompanitë virtuale përmes aktiviteteve të posacme dhe tregtisë virtuale.
3.    Trash fashin, si ngjarje në kuadër të së cilës nxënësit nga drejtimi i tekstilit dhe lëkurës organizuan revi mode, të fustaneve dhe pajisjeve të përpunuara nga materialet e recikluara.
Mësimdhënësit organizator e morrën përgjegjësinë që kjo ngjarje të jetë tradicionale si formë  e pranimit dhe përcjelljes së gjenerave.

gal4 gal5 gal6

 

 

“RANVEDU ARSIMORE MASSUM 2016” [22.04.2016]

Randevuja arsimore është për vitin 2015-2016 është realizuar më 22 dhe 23.04 ë shkollën Mihajllo Pupin – Shkup.

Shkolla jonë ka marrë pjesë në këto kategori:
Shfaqje teatrale, video reklame, fjalim public, intervistë për punë, plan marketing, revi mode, shtand më I mirë, krijim poezie:

*Драмска претстава (ментори: Сашо Тодоровски и Александра Георгиевска , ученици: Мартин Тасевски,Марија Коцевска,Ивана Мадиќ, Дејвид Стоилковски, Јована Спасовска, Мартин Павловски, Милена Стојановска, Стефан Павличек, Гоце Хаџиски, Кристина Петрушевска, Димитар Петрушевски, Сара Спасовска)

*Видео реклама (ментор: Јовчевска Викторија, ученик: Павличек Стефан)

*Јавно говорење (ментор:Оливера Николовска, ученик:Георгиевска Драгана)

*Интервју за работа (ментор: Сунчица Богдановска Деспотовиќ, ученик: Дарко Живковски)

*Маркетинг план (ментор: Близнаковска-Доцевска Ивана, ученици: Aлесандрија Петрушевиќ,Марија Вељковска,Давор Станковски,Тамара Величковска),

*Модна ревија (ментори: Маја Вељковиќ Димковска и  Blondina Abduli, ученици: Тамара Стојмановска,Валентина Димитровска, Hixhrete Sherifi i Valide Beqiri)

*Најдобар штанд (ментор: Стојановска Ж. Гордана, ученици: Јелена Костадиновска,Викторија Дамњановска, Ангела Благоевска,Христина Станковиќ *Училишен бенд и соло изведувач (ментор: Бојан Трајчев, ученик: Атанасовска Јована), *Спортски натпревари (пинг-понг / ментор. Ивановски Ангел, ученик: Ѓорѓевиќ Иван, баскет / ментор: Давидовиќ Младен, ученици:  Мартин Аврамовски,Стефан Алексовски и серва / ментор: Димитриевска Радица, ученици: Сара Стојчевска,Матеа Манојловска,Мартин Аврамовски,Стефан Алексовски ),

*Поетска творба (ментор: Милошевска фросина, ученик: Крстиќ Душан).

Учениците му донесоа на училиштето две убави награди:
1.    Најдобра драмска претстава, за која учениците кои ја изведоа „Госпоѓа министерка„ добија златен медал за освоено прво место,
2.    Најдобар штанд, за кој учениците ангажирани во Младинската организација добија сребрен медал за освоено трето место.
Училиштето секоја година традиционално учествува на оваа убава манифестација и им овозможува на учениците да го градат осетот за тимска работа, натпреварувачкиот дух и да инвестираат во своите знаења, вештини , способности и креативност.

gal7 gal8 gal9

 

 

„СОРАБОТКА СО ПОРАКА НАША„ (16.04.2016.)

На ден 16.04.2016. СОУ „Перо Наков„ потпиша Меморандум  за соработка со Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша„ од Куманово.

Соработката ќе се движи во правец на изработка на предмети и производи кои учениците ги изработуваат на часовите по стручните предмети од текстилно-кожарската струка. Соработката ќе се одвива во повеќе фази, каде што учениците од училиштето и корисниците на Центарот заеднички ќе работат, ќе изработуваат различни производи и ќе се стекнат со нови работни вештини. Со тоа лицата со интелектуална попреченост ќе работат и со тек на време ќе се профилираат во рамките на полесните технолошки  опарации, со што се очекува да станат поконкурентни на пазарот на трудот.

Заедничката работа ќе подразбере реализација на работилници во рамките на кои штитениците на Дневниот центар, со помош на наставниците и учениците  ќе ги развиваат своите вештини и креативноста, преку изработка на различни предмети по повод различни празници, настани или манифестации. Тие ќе бидат вклучени во активностите преку соработката со наставниците и учениците од текстилно-кожарската струка, и тоа во образовните профили Техничар за дизајн на облека, Конфекциски техничар и Техничар за обувки.

gal10

Kontakt

St. Pirin Macedonia nr. 4

1300 Kumanovë, Maqedoni

Copyright © 2017 Elkom Grup | web design | hosting solutions. All rights reserved.

Search