Проекти

СОУ Перо наков

 

Проект "Professional Burnout Prevention Methods for Teachers" од програмата Erasmus+. 

 

 Во периодот од 24.02.2019 до 01.03.2019 училиштето „Перо Наков“ беше домаќин на гости од Република Турција, во рамки на проектот "Professional Burnout Prevention Methods for Teachers" од програмата Erasmus+. За времетрење на работната посета, наставниците се запознаа со нашиот образовен систем, беа директно вклучени во наставата и наставниот процес, разговараа со директорот на училиштето, со стручните соработници, педагогот, психологот, дефектологот на училиштето. Исто така имаа и состанок со ученичката заедница, од каде што директно преку учениците се запознаа со визијата и мисијата на училиштето. Оваа работна посета на колегите наставници од Република Турција, за нас како училиште беше од големо значење, затоа што разменивме многу позитивни искуства, за кои се надеваме дека во идниот период ќе можеме и да ги имплеметираме кај нас.

53306469 1343543759120414 7643579771422507008 n53531806 1343543895787067 8516463090433261568 n53676939 1343543915787065 5261180219993096192 n53751047 1343544025787054 1434050190989328384 n53856541 1343543755787081 4005544478013128704 n

Еко акција за чистење на отпад

 

 

На ден 15.09.2018 година (сабота) училиштето СОУ„Перо Наков“ активно се вклучи во националната акција за чистење на отпадот.
Еколошката акција беше изведена во нашето училиште со неколку работни задачи, во функција на чистење на училишниот двор и просторот околу училиштето.
Во акцијата беа опфатени учениците од прва и трета година. Пред започнување на еко-акцијата се обезбедивме со потребниот материјал за сроведување на акцијата:

 

-хигиенски ракавици за отпад
-вреќи за отпад
-метли
-лопатки за собирање на отпушоци
-апарат за сликање

 

Самите ученици се стекнаа со големо искуство околу одржување на чиста средина. Од разговорот со учениците дојдовме до заклучок дека секое средство кое ја загадува средината, треба да се стави во канта за отпадок.

43584696_257556828435797_5960012824011866112_n.jpg43591468_315858632302359_7705279386106200064_n.jpg43614818_260641194494321_1065623356558016512_n.jpg43629080_291125648174473_3366906897209753600_n.jpg43636842_408346106365399_2580822161421762560_n.jpg43672084_2181454055442164_256386221603815424_n.jpg43787968_2246530668707525_3111585282034499584_n.jpg43826574_170017620571712_1586920446559780864_n.jpg

Мултикултурна работилница “Како до поквалитетно образование” [03.02.2016]

Во организација на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието, на ден 03.02.2016 во училиштето се одржа работилница на тема “Како до поквалитетно образование”. За таа цел беа ангажирани по 10 ученика од наставата на македонски и албански наставен јазик во еднаква полова застапеност. Работилницата се одвиваше во времетраење од 2 училишни часа и имаше за цел да поттикне кај учениците меѓусебно разбирање, соработка, сослушување на различни мислења и изнаоѓање на заеднички решенија во интерес на нудење на конструктивни предлози за подобрување на состојбите на образованието. Координатори на проектот се професорите: Секирарска Елизабета, Јашари Ајше и Мирлинда Реџепи, како и Елена Трајановиќ-дефектолог, Јовановска Фросина-педагог, Гзиме Ајдини-педагог.

1 2 3

 

Млади репортери за животната средина [18.03.2015]

4

Извештај за спроведена еколошка акција како дел од програмата „ Млади репортери за животната средина“

Училиштето СОУ „Перо Наков“ активно се вклучи во програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. На ден 18.03 2015 година училиштето организира расчистување на отпад, кој што е фрлен во локалитетот Стара Бања-Куманово.

Организатор на оваа активност е еко тимот од СОУ „Перо Наков“Куманово а координатор Јулија Тодоровска – Панева

Целата на акцијата беше создавање на глобална слика за одреден проблем од животната средина,поточно преку пишување на новинарска статија, фотографирање и видео запис.

Учесници од СОУ „Перо Наков“ се:

Ученици:

I-3  

I-4

 

I-5

 

I-6

 

I-7

Леонтина Јовановска  

Јована Јордановска

 

Нина Георгиевска

 

Оливер Димитриевски

 

Теодора Каранфиловска

Јована Јовановиќ  

Сара Ивановска

 

Марија Миленковска

 

Давид Симоновски

   
       

Наталија Цветановска

 

Милош Митиќ

   

Видео и слики снимени од:

    Никола Стојановски
    .Андреј Поповски

Координатор на еко –проектот:

Јулија Тодоровска Панева

 

Имплементација на практична работа во образовниот процес преку соработка и комуникација со маркетинг агенција и бизнис сектор во користење на ИКТ алатки [21.03-04.04.2015]

5

Во рамките на проектот „Имплементација на практична работа во образовниот процес преку соработка и комуникација со маркетинг агенција и бизнис сектор во користење на ИКТ алатки”  9 професори, кои престојуваа една  и 18 ученици, кои престојуваа две недели посетија повеќе училишта и поминаа низ повеќе обуки во Гранада, Шпанија.

Посетата беше реализирана преку програмата Еразмус + на Националната агенција за образовни програми и мобилност.

Целта на проектот беше усвојување на нови вештини и примена на информатичко-компјутерски технологии во наставата, со што учениците имаа можност да совладаат постапки за изработка на маркетинг план,  SWOT анализа, како и изработка на рекламни спотови.

 

 

“Имплементација на знаења од областа на маркетинг и промоција во пракса” – Гранада, Шпанија [10.03-24.03.2012]

СОУ „Перо Наков„ во текот на оваа година реализираше два проекта финансирани од Националната  агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата  Доживотно учење-Леонардо да Винчи.

Еден од нив е проектот со наслов „Имплементација на знаења од областа на маркетинг и промоција во пракса„  кој беше реализиран од 10.03 – 24.03 оваа година во Гранада –Шпанија во соработка со партнерот домаќин М.Е.P.Europrojects Granada. Проектот  беше реализиран од страна на  15 ученика и 2 наставника..

За успешна реализација на проектот учениците за време на зимскиот распуст посетуваа часови за културолошка  и јазична подготовка  во локалните училишта  „  Колосеум „ и „ Албион „.

Со реализација на овој проект  од програмата ИВТ-Почетна стручна обука   учениците се стекнаа со нови знаења во врска со истражување на пазарот,методите на прибирање и обработка на податоци  и изработка на Извештај од истражување на пазарот.Во рамки на проектот беше реализирана и промоција на Сано соковите од  компанијата „ Кватро „ пред потрошувачите на Гранада ,заради испитување на можноста за пласман на македонски производи на Шпанскиот пазар.

За време на реализација на проектот  учениците секој ден посетуваа настава во времетраење од 4 часа, а попладневните часови беа резервирани за посетување на културно историските знаменитости на Гранада и за шопинг во многубројните продавници.Беа посетени познатите манастири Сан Херонимо и Картуха, музејот на наука, музејот на историја и уметност,Кралската тврдина Алхамбра.За време на викендот беше организирана еднодневна екскурзија во Малага каде што учениците можеа да ги видат убавините на овој познат туристички центар , да го посетат Музејот на ликовниот уметник Пабло Пикасо и да ги видат неговите дела.Секако,не ја пропуштија  и можноста да присуствуваат на Фламенко шоу,кое  единствено во Гранада се одржува во пештера.

Последниот ден од претстојот во Гранада учениците добија куп пофалби од страна на Партнерот домаќин за нивната ангажираност и посветеност на активностите и за достојно претставување на својата земја.Но она што е многу важно,добија и меѓународен сертификат за учество во проектот.

Самиот проект предвидува и дисеминација  на проектот  која беше реализирана во текот на месец мај а се состоеше од видео  презентација на активности од проектот пред наставниците од училиштето,родителите на учениците – учесници во проектот и пред учениците од нашето училиште.Беа изработени флаери кои беа поделени во училиштето како и на  ученици од училишта кои учествуваа на МАССУМ 2013 во Тетово.

Извештајот за реализација на проектот е доставен до Национална агенција за европски образовни програми и мобилност  и истиот е прифатен и оценет како успешен.

5 6 7
     
8 9 10
     
11 12 13

Контакт

ул. Пиринска Македонија бр. 4

1300 Куманово, Македонија

Новости

Бидете во тек со сите новости

Copyright © 2017 Elkom Grup | web design | hosting solutions. All rights reserved.

Search