Соопштенија

СОУ Перо наков

 

 

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АВГУСТОВСКА ИСПИТНА СЕСИЈА

За вонредни ученици за полагање на испити во августовска испитна сесија во учебната 2019/2020 год. во СОУ „Перо Наков“, Куманово СОУ „Перо Наков“, Куманово организира полагање на испити за вонредни ученици во августовска испитна сесија во учебната 2019/2020 година и тоа: - Пријавување за полагање на испити ќе се реализира на 17 и 18август 2020 год. по електронски пат на следната e-mail адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. - Консултации со предметни наставници по предмети ќе се реализираат по електронски пат од 19 до 21 август 2020 год. по распоред што ќе биде објавен на веб страна и Facebook страна на училиштето, по завршување на деновите за пријавување за полагање на поправни испити . - Полагање на испити ќе се реализира во период од 26до 31август 2020 год. по распоред објавен на веб страна и Facebook страна на училиштето. Право да полагаат имаат вонредните ученици кои ги исполнуваат следните услови: - Да се запишани како вонредни ученици во СОУ „Перо Наков“, Куманово; - Да имаат пријавено испити за полагање во августовска испитна сесија -согласно дадените термини од страна на училиштето; - Да имаат уплатено за полагање на испит. При пријавување на испити вонредните ученици треба да достават: - Пополнета пријава (пријавата е доставена во прилог на известувањето) - Уплатница за полагање на испит, со пополнета пријава во електронска форма.Треба да се достави и скенирана или сликана уплатница за извршената уплата за предметите што се полагаат и административна такса). Лице за контакт за дополнителни информации за пријавување и реализација на испитите е Снежана Лучиќ – одговорен наставник (за вонредни ученици кои следат настава на македонски наставен јазик) -тел. 076 478 479. Одговорен наставник за вонредни ученици кои следат настава на албански наставен јазик е Шабан Бектеши тел.- 071 716 151

 

СООПШТЕНИЕ за трето пријавување за уписите во прва година во учебната 2020/2021 година

Запишувањето во прва година во третото пријавување во првиот уписен рок во учебната 2020/2021 ќе се реализира на 29 јуни од 07 часот до 13 часот.

Пријавата која треба да биде пополнета дома од страна на ученикот, и тоа само првата страна, и заедно со оригинал свидетелствата за VI, VII, VIII и IX одделение, оригинал извод од матичната книга на родените (без разлика на датумот на издавањето) и диплома за освоено I, II и III место на државни и меѓународни натпревари. Комплетните документи ги доставува самиот ученик, или во оправдани ситуации на негово отсуство, еден од родителите или старателите.

Ранг листата со резултатите од запишаните ученици ќе се објави на 30.06.2020 година по 9.00 часот, на веб страната и на влезот од училиштето.

При уписот строго ќе се почитуваат правилата според уредбата на Владата на Република Северна Македонија, со обврзно  носење на заштитни маски и држење на растојание од 2 метри:

Исто така, во училиштето ќе бидат јасно означени насоките на движење при уписот.

Распоред според презиме на ученик за поднесување на документи

Од 07:00 до 09:00 – од А до Ѕ

Од 09:00 до 11:00- од И до П

Од 11:00 до 13:00- од Р до Ш

 

 

ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ ВОНРЕДНИ ИСПИТИ СОУ„ПЕРО НАКОВ“

 

–ЈУНСКА испитна сесија 2019/2020 год

 

Ред бр.

Предмет

Датум /час

Писмен дел

Датум/час

Устен дел

Забелешка

1

Спорт и спортски активности

/

23.06.2020 год

/10 .oo h во простории на училиште

 

2

Француски јазик

26.06.2020 год/10:оо h (во простории на училиште)

29.06.2020 god/10:oo h(во простории на училиште)

 

3

Бизнис IV год (ЕПТ)струка

/

30.06.2020(во договор со кандидатите за време и место )

 

4

Претприемништво

/

26.05.2020 год/10:оо h(online)

 

5

Маркетинг IV ET

/

25.06.2020 год/10:оо h(online)

 

6

Менаџмент

/

30.06.2020/10:оо

h(online)

 

7

Основи на бизнисот II год.

/

29.05 2020 год/10:oo h(online)

 

8

Статистика

 

30.06.2020(во договор со кандидатите за време и место )

 

9

Руски јазик

23.6.2020 год

во 10.oo часот, , устен дел од испитот во договор со кандидатите. Испитот ќе се реализира во просториите на училиштето.

   

10

Технологија на изработка на обувки/проодност

 

26.06.2020 год/13:oo h /online

 

11

Моделирање

 

26.06.2020 во 13..oo h /online

 

12

Машини и апарати во индустријa на обувки/изборен

 

30.06.2020 во 10.оо /online

 

13

Технологија за изработка на обувки/изборен

 

30.06.2020 во 11.оо /online

 

14

Практична настава/редовна и изборна и технологија на конфекционирање/ изборна

(група предмети од текстилна струка)

 

24.06.2020 online/на месинџер

 

15

Технологија на конфекционирање/редовен и изборен

/

24.06.2020 год/10:oo h (online)

 

16

Конструкција и моделирање на облека/проодност

/

26.06.2020 год

/10:oo h во училиште

 

17

Македонски јазик и литература

23.06.2020 год /11:oo h(во простории на училиште)

26.06.2020 год/12:oo h во простории на училиште)

 

18

Економија/редовна

Економија/изборна

/

30.06.2020 god/11:оо h (online)

 

19

Организација IV год.и

Деловно работење III год.

/

29.06.2020 год/16:ooh(online)

 

20

Пазарно познавање на стоки III:IV год

/

29.06.2020 год/11:oo h(online)

 

21

Математика

)

24.06.2020 год/12.3o h (online)

 

22

Контрола на квалитет

/

24.06.2020 год/10:oo h (online)

 

23

Англиски јазик

26.06 /10:oo h ( во простории на училиште).

26.06.2020 год/10:oo h ( во простории на училиште)

 

24

Сметководство

 

23.06.2020 /14.оо часот во училиште

 

25

Граѓанско образование

 

26.06.2020 год

/10 .oo h online

 

26

Бизнис III год (ЕПТ)

 

30.06.2020 год

/10 .oo h


 

 

ВТОРО ПРИЈАВУВАЊЕ ВО ПРВА ГОДИНА

Запишувањето во прва година (во учебната 2020/2021 ќе се реализира во термините 24 јуни од 07 часот до 19 часот, и на 25 јуни од 07 часот до 13 часот.

Запишувањето според протоколот на Министерството за образование и наука за упис на учениците оди по следниот редослед, по азбучен ред на презимето и тоа:

– на 24 јуни ќе се запишуваат учениците со презимиња кои започнуваат од А до Р;

– на 25 јуни ќе се запишуваат учениците со презимиња кои започнуваат од С до Ш;

Пријавата која треба да биде пополнета дома од страна на ученикот, и тоа само првата страна, и заедно со оригинал свидетелствата за VI, VII, VIII и IX одделение, оригинал извод од матичната книга на родените (без разлика на датумот на издавањето) и диплома за освоено I, II и III место на државни и меѓународни натпревари. Комплетните документи ги доставува самиот ученик, или во оправдани ситуации на негово отсуство, еден од родителите или старателите.

Ранг листата со резултатите од запишаните ученици ќе се објави на 26.06.2020 година по 13.00 часот, на facebook страната, веб страната и на влезот од училиштето.

При уписот строго ќе се почитуваат правилата според уредбата на Владата на Република Северна Македонија, со обврзно носење на заштитни маски и држење на растојание од 2 метри:

Исто така, во училиштето ќе бидат јасно означени насоките на движење при уписот.

За дополнителни информации можете да не исконтактирате,на e-mail адресата This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или на фан страницата на училиштето на facebook.

 

 

Важно соопштение за квалификационен испит за графички дизајнер

 

Протокол за постапување на СОУ Перо Наков –Куманово за време на полагање на квалификационен испит на учениците пријавени во образовниот профил графички дизајнер во учебната 2020/2021 година согласно протоколот на средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски” – Скопје

18.06.2020 година

цртање по гипсан портрет или портрет по жив модел

со почеток од:

Прва група од 9 часот

Втора група од 13 часот

19.06.2020 година со почеток во 9 часот

цртање на мртва природа

Прва група од 9 часот

Втора група од 13 часот

Резултатите од стручниот приемниот испит и слободните места ќе се објават на огласна табла на училиштето и на училишниот веб сајт на 20.06.2020 година.

Рокот за поднесување на приговори од ученици е до 23.06.2020 година.

 

 

 

 

 

 

Дополнителни критериуми за избор

Стручен испит

Стручниот приемен испит за сите изборни подрачја според планот и програмите за уметничко образование – ликовна уметност и дизајн се состои од два цртежи и тоа:

цртање по гипсан портрет или портрет по жив модел

цртање на мртва природа

За секој цртеж ученикот може да добие најмногу 50 поени, вкупно 100 за двата цртежи.

НАПОМЕНА:

Ученикот треба да освои минимум 25 поени за секој цртеж по основ на дополнителните критериуми за да биде рангиран во бодовната листа.

Полагањето на учениците, прегледувањето на цртежите, истакнувањето нарезултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултатите да се одвива во период од 8:00 часот до 17:00 часот.

Во средното училиште да се обезбедат сите санитарно хигиенски услови.

Задолжително вршење на дезинфекција на штафелаите во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците и прегледувањето на цртежите, како и разгледувањето на приговорите со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.

Користење на заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот од страна на сите вработени во средното училиште.

Користење на заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот, од страна на сите ученици.

Организирање на просторот во училниците со цел спроведување на редот и одржување на потребното физичко растојание меѓу учениците од минимум 2 метри, за присуство на максимум 6 (шест) ученици во една училница.

Организирање на редарска служба во средното училиште, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува Директорот на средното училиште.

Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.

Овозможување на влез само на ученикот, не и на неговиот родител, кој носи заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот, кој влегува во училиштето.

Задолжително носење документ за лична идентификација.

Забрането е користење на мобилен. За време на испитот забранет е внес на мобилни телефони.

Поставување на средства за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред и во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, прегледувањето на цртежите, истакнувањето на резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултатите.

На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите ученици на доследно почитување на превентивните мерки од владата :

Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето.

Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден, т.е. откако редарот ќе ви дозволи.

Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето.

Ви благодариме што ги почитувате мерките, затоа што ако се штитите себе си, ги штитите и другите.

Уписи 2020 / 2021 г.

104068423 261393978443131 214675096902648782 n 

 

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

За вонредни ученици за полагање на испити во јунска испитна сесија во учебната 2019/2020 год. во СОУ „Перо Наков“, Куманово СОУ „Перо Наков“, Куманово организира полагање на испити за вонредни ученици во јунска испитна сесија во учебната 2019/2020 година и тоа: - Пријавување за полагање на испити ќе се реализира на 15, 16 и 17 јуни 2020 год. по електронски пат на следната e-mail адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. - Консултации со предметни наставници по предмети ќе се реализираат по електронски пат од 18 до 23 јуни 2020 год. по распоред што ќе биде објавен на веб страна и Facebook страна на училиштето, по завршување на деновите за пријавување за полагање на поправни испити . - Полагање на испити ќе се реализира во период од 24 до 30 мај 2020 год. по распоред објавен на веб страна и Facebook страна на училиштето. Право да полагаат имаат вонредните ученици кои ги исполнуваат следните услови: - Да се запишани како вонредни ученици во СОУ „Перо Наков“, Куманово; - Да имаат пријавено испити за полагање во јунска испитна сесија -согласно дадените термини од страна на училиштето; - Да имаат уплатено за полагање на испит. При пријавување на испити вонредните ученици треба да достават: - Пополнета пријава (пријавата е доставена во прилог на известувањето) - Уплатница за полагање на испит (доколку испитите не се пријавени во мартовската испитна сесија со пополнета пријава во електронска форма треба да се достави и скенирана или сликана уплатница за извршената уплата за предметите што се полагаат и административна такса). Лице за контакт за дополнителни информации за пријавување и реализација на испитите е Снежана Лучиќ – одговорен наставник (за вонредни ученици кои следат настава на македонски наставен јазик) -тел. 076 478 479. Одговорен наставник за вонредни ученици кои следат настава на албански наставен јазик е Шабан Бектеши тел.- 071 716 151

 

Пријава за упис во средно образование може да се најде на следниов линк: 

 

http://www.mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/3267-2020-2045

 

 

ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ ВОНРЕДНИ ИСПИТИ СОУ„ПЕРО НАКОВ“

–МАЈСКА испитна сесија 2019/2020 год

Ред бр.

Предмет

Датум /час

Писмен дел

Датум/час

Устен дел

Забелешка

1

Спорт и спортски активности

/

22.05. год/9:30 h

(во простории на училиште)

 

2

Француски јазик

28.05.2020 год/10:оо h (online)

29.05.2020 god/10:oo h(online)

 

3

Маркетинг,маркетинг менаџмент

/

26.05.2020 год/10:оо h(online)

 

4

Претприемништво

/

26.05.2020 год/10:оо h(online)

 

5

Маркетинг

/

26.05.2020 год/10:оо h(online)

 

6

Економска географија

/

29.05 2020 год/10:oo h(online)

 

7

Руски јазик

22.05.2020 год

во простории на училиште

28.05.2020 год/12:oo h (online)

 

8

Технологија на изработка на обувки/проодност

22.05.2020 год/10:oo h

во простории на училиште

/

 

9

Моделирање

22.05.2020 год/11:oo h

во простории на училиште

/

 

10

Машини и апарати во индустриј на обувки/проодност

26.05.2020 год/12:оo h

во простории на училиште

/

 

11

Технологија за изработка на обувки/IV год

26.05.2020 год/13:oo h

во простории на училиште

/

 

12

Практична настава(ТКС-струка)

27.05.2020 год/11:oo h во простории на училиште

/

 

13

Технологија на конфекционирање

/

27.05.2020 год/18:oo h (online)

 

14

Конструкција и моделирање на облека

/

28.05.2020 год

/18 :oo h

 

15

Македонски јазик и литература

26.05.2020 год /10:oo h(во простории на училиште)

27.05.2020 год/10:oo h (online)

 

16

Економија

/

26.05.2020 god/12:оо h (online)

 

17

Организација

/

27.05.2020 год/18:oo h(online)

 

18

Пазарно познавање на стоки

/

28.05.2020 год/10:oo h(online)

 

19

Математика

22.05.2020 год/9:oo h (во простории на училиште)

22.05.2020 год/9:oo h (во простории на училиште)

 

20

Промоција

/

26.05.2020 год/10:oo h (online)

 

21

Практична настава (ЕПТ-струка)

/

27.05.2020 год /18:oo h(online)

 

22

Контрола на квалитет

/

29.05.2020 год/11:oo h (online)

 

23

Англиски јазик

22.05.2020 год/11:oo h ( во простории на училиште)

27.05.2020 год/11:oo h ( во простории на училиште)

 

 

Важно известување од Државен испитен центар за полагање на матура

 

Согласно Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот

за средно образование за време на вонредна состојба (" Службен весник на Република Северна Македонија " бр. 116/ 20 )

ве известуваме дека :

 

Учениците од завршните години на образованието во учебната 2019/ 2020 година, се ослободуваат од полагањето на

државна матура, училишна матура, завршен испит со тригодишно траење и завршен испит со четиригодишно траење

во средното гимназиско образование, средното стручно образование, средното уметничко образование и средното

образование за ученици со посебни ученички потреби. 

 

На учениците од завршните години на образованието од учебна 2019/ 2020 година, кои во рокот утврден во потзаконските

акти со кои се пропишува начинот на полагање на државната матура, училишната матура, завршниот испит со тригодишно

траење и завршниот испит со четиригодишно траење, училиштето им издава диплома за завршено средно образование. 

 

Учениците кои во претходните учебни години положиле испити од училишна матура или завршен испит со четиригодишно 

траење и се пријавиле за полагање испити од државна матура во учебната 2019/ 2020 година, за истите се организира 

полагање на испитите од државна матура.

 

Учениците кои во претходните учебни години започнале со полагање на испити од државна матура, училишна матура, 

 

завршен испит од тригодишно траење и завршен испит од четиригодишно траење, но не ги положиле и се пријавиле 

за полагање во учебната 2019/ 2020 година, за истите се организира полагање на испитите од државна матура, училишна

матура, завршен испит од тригодишно траење и завршен испит од четиригодишно траење.

 

Согласно горенаведеното, ве известуваме дека Државниот испитен центар ќе организира полагање на државна матура, 

во јунскиот испитен рок, за ученици / лица кои оваа учебна година се пријавиле за полагање на државна матура во рокот

утврден во потзаконските акти и при тоа:

 

- во претходните учебни години започнале со полагање на испити од државна матура, но не ги положиле или не 

присуствувале на истите;

- во претходните учебни години се стекнале со диплома за положена училишна матура или диплома за завршен испит, 

а во оваа учебна година се пријавиле за полагање на државна матура;

-  имаат завршено четиригодишно средно образование и се здобиле со диплома, а оваа учебна година се запишани 

вонредно и завршуваат друг вид на средно образование и се пријавиле за полагање на државна матура. 

 

 

 

 

Важно соопштение за вонредни кандидати

 

Поради неработен ден, понеделник, 25. 05. 2020 год. мајската испитна сесија ќе започне од петок, 22. 05. 2020 год. Сите

испити кои содржат писмен дел, ќе се одржат во просториите на училиштето. 

Кандидатите задолжително мора да имаат опрема за заштита од корона вирус. 

 

 

 

ПЛАН ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ ОНЛАЈН АКТИВНОСТИ И НАСТАВА ЗА САМОУЧЕЊЕ

 

Носители: Наставници, ученици, родители

 

Временска рамка на онлајн настава:

 

-започнува на 26.03 2020 год и трае се до добивање на други насоки од страна на МОН.

 

Наставата на далечинско учење во СОУ „Перо Наков“, Куманово да се одвива согласно распоредот на настава од 1 септември 2019 год, кој важи за редовна, формална настава, во нормални услови, за учебната 2019/2020 год.

 

Средства за електронска комуникација: Zoom платформа, Google classroom, Viber, Messinger, E-mail и други средства и платформи, кои наставникот смета дека за неговиот предмет се соодветни.

 

Училишен тим за поддршка и следење на реализација на далечинско учење, односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација е следен:

 

А) паралелки на македонски наставен јазик:

 

1. Бојана Димитриевска Ивановска

 

2. Снежана Лучиќ

 

3. Фросина Јовановска

 

Б) паралелки на албански наставен јазик:

 

1. Басри Исаки

 

2. Шабан Бехтеши

 

3. Блерта Арифи

 

Одбрана на проектни задачи за редовни и вонредни ученици ќе се реализира од 1 до 22 април 2020 год. со средства за електронска комуникација.

 

Прием на проектната задача ќе се реализира по електронски пат преку раководителот на паралелката, кој има обврска за истото да ги извести учениците. Одговорното лице, пристигнатите проектни задачи ќе ги архивира во електронска форма согласно рокот за пријавување и ќе ги достави до соодветниот наставник – ментор.

 

Одговорни лица се: Даниела Илијевска и Шабан Бехтеши.

 

Согласно добиените насоки од Министерството за образование и наука, училиштето ќе организира и реализира полагање на испити за вонредните ученици во учебната 2019/2020 година по пат на примена на електронска комуникација.

 

Право да полагаат преку далечинско учење односно учење од дома, имаат само вонредните ученици кои се од завршните години и на кои испитот им е последен или еден од трите последни испити што треба да ги полагаат во сесијата за да ја заокружат завршната година на средно образование по вонреден пат и да ги исполни условите за полагање на државна матура или завршен испит и во законскиот рок ги имаат пријавено истите.

 

Вонредните ученици кои го исполнуваат условот за полагање во априлската испитна сесија, треба повторно да ги пријават испитите доколку ги пријавиле во мартовската испитна сесија без притоа да вршат повторна уплата за испитот. Пријавувањето на испитите треба да го направат по електронски пат до 16.04.2020 година.

 

На меилот This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. учениците треба треба да достават:

 

- пополнета пријава (пријави ќе ви бидат доставени во прилог на известување)
- доколку испитите не се пријавени во мартовската испитна сесија со пополнета пријава во електронска форма треба да се достави и скенирана или сликана уплатница за извршената уплата за предметите и административна такса.
За дополнителни информации за пријавување на испитите може да се обратите кај: Снежана Лучиќ – одговорен наставник за вонредни ученици 076 478 479.

 

Полагањето на испитите во априлската испитна сесија ќе се реализира на 27, 28, 29 и 30 април 2020 година (распоредот на полагање по предметите ќе биде истакнат по завршувањето на пријавувањето на испитите, на огласна табла, на веб страната на училиштето и facebook страната на училиштето).

 

За дополнителни информации, за начинот на спроведување на испитот, кој според насоките ќе се реализира преку електронски пат и дискусија на некоја мрежа или платформа што овозможува директна видео поддршка (Скајп, Вибер, ZOOM итн.), каде што кандидатот ќе одговара директно на прашањата зададени од членовите на училишната испитна комисија, учениците можат да се информираат кај предметните наставници или кај:

 

Снежана Лучиќ – одговорен наставник за вонредни ученици на македонски наставен јазик

 

Шабан Бехтеши – одговорен наставник за вонредни ученици на албански наставен јазик

 

За останатите вонредни ученици полагањето на испитите училиштето ќе го реализира по завршувањето на вонредната состојба, отворањето и започнувањето со работа, за што ќе им овозможи дополнителна сесија за полагање испити.

 

Важни препораки:

 

1. Се препорачува наставниците во соработка со учениците и родителите поучувањето и учењето да го изведуваат онлајн или преку користење на алтернативни средства за електронска комуникација
2. Се задолжуваат класните раководители најдоцна до 20.03.2020 да утврдат колку учениците и предметните наставници имаат пристап до интернет и до соодветни технички ресурси и средства за следење и реализирање на вакви воспитно-образовни активности
3. Се препорачува секој предметен наставник да користи одредени платформи или апликации кои се најсоодветни за конкретниот наставен предмет и за споделување на материјали за самоучење, содржини од наставната програма или интересни материјали поврзани со предметот, наставни ливчиња, линкови од соодветни корисни веб страни или содржини од youtube
4. Се апелира до сите партиципиенти да споделуваат и разменуваат само материјали кои се поврзани со предметот и со наставната содржина, додека апликациите за брзо споделување на одредена информација или одредени прашања да се користат во разумен период од денот т.е. од 08.30-17.00 часот од понеделник до петок за да се зачува приватноста и слободното време на секој поединец
5. Се апелира учениците да соработуваат и проактивно да се вклучат во следење на насоките, упатствата и барањата на наставниците
6. Учениците за самоучење можат да ги користат и сопствените учебници како и учебниците во електронска форма: http://www.e-ucebnici.mon.gov.mk/ → средно стручно образование→општообразовни предмети / електротехничка струка.
Дополнително на сајтот на МОН (mon.gov.mk) се поставени бесплатни дигитални платформи, апликации и содржини за учење од дома.

 

Останати препораки:

 

  1. Планирањето, организацијата и реализацијата на наставата од страна на наставниците, да се прилагоди и да се спроведе на начин што ќе овозможи постигнување на очекуваните резултати од страна на учениците согласно наставните програми.
  2. Реализацијата на наставата преку далечинско учење да е во согласност со можностите што ги нуди електронската платформа што се користи(Zoom).
  3. Наставниците да ја прилагодат секојдневната пракса, да вложат дополнителна работа, да соработуваат со колеги, родители/старатели и секако да преземат одговорност за сопствената работа.
  4. Наставниците да прават прилагодувања во делот на активностите, формите, методите на работа и ресурсите што треба да бидат усогласени за настава преку далечинско учење.
  5. Да се прилагоди начинот на реализација на часот (снимање анимации и видеа, креирање презентација, поставување текст, он-лајн комуникација со учениците).
  6. Да се насочуваат учениците кон одредени едукативни софтвери, литература и други соодветни средства за постигнување на конкретната цел, користење на дигитални алатки за интеракција и изготвување на визуелни, анимирани активности и задачи, квизови, развивање на проектни задачи решавање на проблемски ситуации и друго.
  7. Следењето на постигањата на учениците, проверувањето на постигањата и оценувањето на учениците треба да биде испланирано и прилагодено на услови на реализација на настава на далечина, согласно упатството од МОН.

 

Директор

 

Мила Жибак-Димковска

РАСПОРЕД УЧЕБНА 2019-2093409446 1688153364659450 6916584980944519168 nВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ за вонредни ученици за априлска сесија

Согласно добиените насоки од Министерството за образование и наука, училиштето ќе организира и реализира полагање на испити за вонредните ученици во учебната 2019/2020 година по пат на примена на електронска комуникација.

Право да полагаат преку далечинско учење односно учење од дома, имаат само вонредните ученици кои се од завршните години и на кои испитот им е последен или еден од трите последни испити што треба да ги полагаат во сесијата за да ја заокружат завршната година на средно образование по вонреден пат и да ги исполни условите за полагање на државна матура или завршен испит и во законскиот рок ги имаат пријавено истите.

Вонредните ученици кои го исполнуваат условот за полагање во априлската испитна сесија, треба повторно да ги пријават испитите доколку ги пријавиле во мартовската испитна сесија без притоа да вршат повторна уплата за испитот. Пријавувањето на испитите треба да го направат по електронски пат до 16.04.2020 година.

На меилот This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. учениците треба треба да достават:

- пополнета пријава (пријави ќе ви бидат доставени во прилог на известување)

- доколку испитите не се пријавени во мартовската испитна сесија со пополнета пријава во електронска форма треба да се достави и скенирана или сликана уплатница за извршената уплата за предметите и административна такса.

За дополнителни информации за пријавување на испитите може да се обратите кај: Снежана Лучиќ – одговорен наставник за вонредни ученици 076 478 479.

Полагањето на испитите во априлската испитна сесија ќе се реализира на 27, 28, 29 и 30 април 2020 година (распоредот на полагање по предметите ќе биде истакнат по завршувањето на пријавувањето на испитите, на огласна табла, на веб страната на училиштето и facebook страната на училиштето).

За дополнителни информации, за начинот на спроведување на испитот, кој според насоките ќе се реализира преку електронски пат и дискусија на некоја мрежа или платформа што овозможува директна видео поддршка (Скајп, Вибер, ZOOM итн.), каде што кандидатот ќе одговара директно на прашањата зададени од членовите на училишната испитна комисија, учениците можат да се информираат кај предметните наставници или кај: Снежана Лучиќ – одговорен наставник за вонредни ученици на македонски наставен јазик 076 478 479

За останатите вонредни ученици полагањето на испитите училиштето ќе го реализира по завршувањето на вонредната состојба, отворањето и започнувањето со работа, за што ќе им овозможи дополнителна сесија за полагање испити.

 

 

 

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија, објавен од страна на Министерството за образование и наука на 27 март 2020 година, Средното општинско училиште „Перо Наков“ од Куманово го објавува следниот

О Г Л А С

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА

ВО СОУ „ПЕРО НАКОВ“ КУМАНОВО,

ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

Во прва година ќе се запишат 748 ученици во 22 паралелка (374 уче­ни­ци во 11 паралелки со настава на македонски јазик и 374 ученици во 11 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:

Економско-правна и трговска струка - 442 ученици, 13 паралелки

- економски техничар

мак

136уч.

4 пар.

   4г.тр.

60 минимум поени

- економски техничар

алб

102уч.

3 пар.

4г.тр.

60 минимум поени

- бизнис администратор

мак

68уч.

2 пар.

   4г.тр.

60 минимум поени

- бизнис администратор

алб

68 уч.

2 пар.

4г.тр.

60 минимум поени

- правен техничар

алб

34 уч.

1 пар.

4г.тр.

60 минимум поени

-продавач референт за продажни услуги/асистент деловен администратор

алб

34 уч.

1 пар.

   3г.тр      

   30 минимум

           поени

Текстилно - кожарска струка - 272 ученици, 8 паралелки

- техничар за изработка на облека

мак

34уч.

1 пар.

   4г.тр.

45 минимум поени

- техничар за изработка на облека

алб

34уч.

1 пар.

   4г.тр.

45 минимум поени

- техничар за моделирање на облека/ техничар за дизајн на облека

мак

34уч.

1 пар.

   4г.тр.

45 минимум поени

техничар за моделирање на облека/ техничар за дизајн на облека

алб

34уч.

1пар

   4г.тр.

45 минимум поени

- техничар за обувки

мак

34уч.

1 пар.

4 г.тр.

40 минимум поени

- техничар за обувки

алб

34уч.

1 пар.

   4 .тр.

40 минимум поени

- техничар за моделирање на обувки

мак

34уч.

1 пар.

4 г.тр.

40 минимум поени

- техничар за моделирање на обувки

алб

34уч.

1 пар.

   4г.тр.

40 минимум поени

Уметничко образование-ликовна уметност и дизајн-34 ученици 1 паралелка

 

- графички дизајнер         мак         34 уч. 1 пар. 4г.тр     45 минимум поени

Во оваа учебна година во СОУ „Перо Наков“ во прва година во истурената паралелка која е во состав на ДСУСпортската академија ќе може да се запишат ученици според наставните планови и програми за гимназиско образование, согласно посебните критериуми за проверка на способностите за спортски вештини за соодветниот спорт - кошарка.

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Запишувањето на учениците во учебната 2020/2021 год. ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука, Законот за спортската академија и Конкурсот за запишување објавен од страна на МОН.

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка) го има во општината, односно регионот.

Наставата се изведува на македонски и албански јазик.

Условите за запишување на учениците се:

-    да имаат завршено основно образование;

-    да не се постари од 17 години;

-    да се определиле за план и програма за стручно образование т.е. за една од струките и образовните профили од конкурсот;

                 - да ги исполнуваат критериумите утврдени со Конкурсот.

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини во училиштето.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

  • пријава за запишување (пријавата ја подигнува од училиштето и истата е бесплатни);
  • оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
  • дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);
  • извод од Mатичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

Учениците при пријавувањето во спортската академија треба да достават и потврда за способности за спортски вештини за спортот за кој ученикот е проверуван.

КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања, две пријавувања во месец јуни и еднопријавувања во месец јули.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни 2020 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година.

Квалификационото тестирање ќе се организира на 22 јуни 2020 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 22јуни 2020 година. Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 48 часа.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни2020година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни  2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 24 август 2020 година за што доставуваат доказна документација.

                                                         

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

           

Критериуми за избор на учениците се:

- среден успех на ученикот од VI до IX одделение;

- среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката и тоа: за текстилно-кожарска струка - хемија и математика; за економско-правна итрговска – математика и историја и за спортска академија – биологија. );

- дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

- средна вредност од поени добиени за поведение.

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од државни натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од VI доIX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.

Училиштето за сите пријавувања утврдува минимум поени

Утврдениот број минимум поени за првото пријавување, се составен дел на овој Конкурс.

Училиштата по првото пријавување, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка.

Училиштата се должни со интерен оглас за второто пријавување, односно третото пријавување да го истакнат утврдениот минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма.Објавувањето на минимумот поени треба да се изврши на 22  јуни 2020 годиназавторото пријавување, односно на 26 jуни 2020 година за третото пријавување.

За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

ОБЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРЕН ОГЛАС

Јавните средни училишта интерните огласи ги објавуваат на јавно место во училиштето најдоцна до 24 април 2020 година.

           

                                                                                                               СОУ „Перо Наков“

                                                                                             Директор,

                                                                                     ____________________

/Мила Жибак Димковска/

 

 

 

 СООПШТЕНИЕ ЗА ВОНРЕДНИ УЧЕНИЦИ

Се известуваат вонредните ученици запишани во СОУ "Перо Наков" Куманово дека мартовската испитна сесија се одложува на неопределено време врз основа на препораките на Владата на Република Северна Македонија. 

Со почит,

СОУ "Перо Наков"

 

 

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ЕКСКУРЗИЈА

Врз основа на Правилникот за начинот на изведување на училишни екскурзии на учениците од средните училишта, бр. 07-9992/3 од 05.06.2014 год. на Министерот за образование, Средното општинско училиште „Перо Наков“ од Куманово, распишува

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДА ЗА ЗАВРШНА ЕКСКУРЗИЈА

Во согласност со Годишната програма за работа на СОУ „Перо Наков“, Куманово за учебната 2018/2019 година и Програмата за изведување на завршна екскурзија, Комисијата за прибирање на понуди за избор на најповолен понудувач за спроведување на завршна ученичка екскурзија објавува јавен оглас односно покана за доставување на писмени понуди за организирање на повеќедневна завршна екскурзија за учениците од трета година во паралелки на македонски наставен јазик:
Опис на услугата:

Шестдневна екскурзија со четири ноќевања на база на полупансион, последна недела од месец мај 2019 год. и ќе бидат опфатени следните дестинации: Будимпешта, Прага, Брно, Виена, Верона, Лидо ди Јесоло, Венеција.

Писмените понуди (посебно за секоја екскурзија односно слободна активност) треба да бидат изработени и доставени согласно барањата наведени во огласот,и во истите треба да се наведе: поединечната цена по ученик,условите за сместување, исхрана и превоз, начинот на плаќање, водич,број на наставници и лекар, поволности за ученици кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.

Писмените понуди не треба да содржат алтернативни решенија, односно треба да бидат изработени конкретно и согласно барањата дефинирани во описот на услугата која е дел од поканатa за доставување на понуда.

Понудата која содржи дополнителни елементи или услуги нема да има предност при евалуација на истата.

Цените во понудите мора да бидат фиксни,односно не е дозволена корекција на цените во текот на реализација на договорот.

Понудувачите треба да ги исполнуваат следните минимум критериуми:
- да е регистриран согласно позитивните прописите Република Македонија за вршење на туристичка дејност
;
- има успешно реализирано најмалку три ученички екскурзии во последните три години
;
- ги исполнува условите за превоз на групи деца, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи на деца
.

Понудата на понудувачот кој не ги исполнува минималните услови ќе биде одбиена од Комисијата како неприфатлива. Некомплетните и ненавремени понуди нема да бидат предмет на разгледување.

Критериум за доделување на договор за изведување на екскурзијата е најниска цена.
-На денот на потпишувањето на Договорот избраниот понудувач доставува банкарска гаранција во висина од 5% од вкупната вредност на договорот.
Јавниот оглас трае 5 работни дена од денот на објавувањето
Заинтересираните туристички агенции писмените понуди ги доставуваат до СОУ „Перо Наков“, ул. „Пиринска Македонија“ бр. 4, Куманово со назнака „За Комисијата за прибирање на понуди“.

За подетални информации и подигнување на Програмата на училиштето за изведување на завршна екскурзија, понудувачите можат да се обратат на телефон 031/ 424-380 или во самото училиште.

Претседател на Комисија за прибирање на понуди

                                                             ___________________________________

 

 

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ЕКСКУРЗИЈА

 

Врз основа на Правилникот за начинот на изведување на училишни екскурзии на учениците од средните училишта, бр. 07-9992/3 од 05.06.2014 год. на Министерот за образование, Средното општинско училиште „Перо Наков“ од Куманово, распишува

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДА ЗА ЗАВРШНА ЕКСКУРЗИЈА

Во согласност со Годишната програма за работа на СОУ „ПероНаков“, Куманово за учебната 2017/2018 година, Комисијата за прибирање на понуди за избор на најповолен понудувач за спроведување на завршна ученичка екскурзија објавува јавен оглас односно покана за доставување на писмени понуди за организирање на повеќедневна завршна екскурзија за учениците од трета година во паралелки на албански наставен јазик:
Опис на услугата:

Четиридневна екскурзија со три ноќевања на база на полнпансиони, во период на месец , мај 2018 год. и ќе бидат опфатени следните дестинации: Драч,Круја и Тирана.

Детален опис на услугата е даден во документација со инструкции за понудувачите и Програма за завршна екскурзија која може да се подигне од архива на училиштето секој работен ден од 08-14 часот.

Писмените понуди (посебно за секоја екскурзија односно слободна активност)треба да бидат изработени и доставени согласно барањата наведени во огласот,и во истите треба да се наведе: поединечната цена по ученик,условите за сместувањеи превоз, начинот на плаќање, водич,број на наставници и лекар, поволности за ученици кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.

Писмените понуди не треба да содржат алтернативни решенија, односно треба да бидат изработени конкретно и согласно барањата дефинирани во описот на услугата која е дел од поканатa за доставување на понуда.

Понудата која содржи дополнителни елементи или услуги нема да има предност при евалуација на истата.

Цените во понудите мора да бидат фиксни,односно не е дозволена корекција на цените во текот на реализација на договорот.

Понудувачите треба да ги исполнуваат следните минимум критериуми:
- да е регистриран согласно позитивните прописите Република Македонија за вршење на туристичка дејност
;
- има успешно реализирано најмалку три ученички екскурзии во последните три години
;
- ги исполнува условите за превоз на групи деца, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи на деца
.

Понудата на понудувачот кој не ги исполнува минималните услови ќе биде одбиена од Комисијата како неприфатлива. Некомплетните и ненавремени понуди нема да бидат предмет на разгледување.

Критериум за доделување на договор за изведување на екскурзијата е најниска цена.
-На денот на потпишувањето на Договорот избраниот понудувач доставува банкарска гаранција во висина од 5% од вкупната вредност на договорот.
Јавниот оглас трае 5 работни дена од денот на објавувањето
Заинтересираните туристички агенции писмените понуди ги доставуваат до СОУ „Перо Наков“, ул. „Пиринска Македонија“ бр. 4, Куманово со назнака „За Комисијата за прибирање на понуди“.

За подетални информации понудувачите можат да се обратат на телефон 031/ 424-380.

Претседател на Комисија за прибирање на понуди

                                                                                                                                                                                                       Назиф Зимбери

 

 

Në bazë të rregullores për mënyrën e realizimit të ekskurzioneve shkollore për nxënësit e shkollave të mesme nr. 07-9992/3 të 05.06.2014 e Ministrit të arsimit, Shkolla e mesme komunale ''Pero Nakov'' nga Kumanova, shpall:

 

SHPALLJE PUBLIKE PËR PRANIM TË OFERTAVE PËR EKSKURZION

 

Në bazë të programit vjetor për punë të SHMK ''Pero Nakov'' Kumanovë për vitin shkollor 2017/18, komisioni për pranimin e ofertave për zgjedhje të ofertuesit më të mirë për realizim të ekskurzionit shkollor shpall shpallje publike apo kërkesë për dorëzim të ofertave me shkrim për organizim të ekskurzionit më shumë ditor për nxënësit e vitit të tretë në paralelet me mësim në gjuhën shqipe.

 

Përshkrimi i shërbimit të nevojshëm:

 

Ekskurzion katërditor me tri fjetje në bazë të pansioneve të plota, në periudhën e muajit maj 2018 ku do të përfshihen këto destinacione: Durrës, Krujë dhe Tiranë.

 

Përshkrimi i plotë i shërbimit është i dhënë në dokumentacionin me instruksione për ofertuesit dhe program për ekskurzion i cili mund të tërhiqet nga arkivi i shkollës cdo ditë pune nga 08-14.

 

Ofertat me shkrim duhet të jenë të përpiluara sipas kërkesave të vendosura në shpallje, dhe në të njëjtat duhet të vendoset: cmimi individual për nxënës, kushtet e vendosjes dhe transportit, mënyra e pagesës, udhërrëfyesi, numri i mësimdhënësve dhe mjeku, kushte të favorshme për nxënës nga familje sociale.

 

Ofertat me shkrim nuk duhet të përmbajnë zgjedhje alternative, apo duhet të jenë të punuara në mënyrë konkrete dhe sipas kërkesave të definuara në përshkrimin e shërbimit të cilat janë pjesë e kërkesës për dorëzim të ofertës.

 

Oferta e cila përmban elemente plotësuese ose shërbime nuk do të jetë e favorizuar gjatë evaluimit të të njëjtave.

 

Cmimet e ofertave duhet të jenë fikse, d.t.th nuk lejohet korrektim i cmimeve gjatë realizimit të kontratës.

 

Ofertuesit duhet të i plotësojnë këto kritere minimale:

 

- të jenë të regjistruar sipas rregulloreve të R.Maqedonisë për realizim të aktivitetit turistik

 

- të kenë të realizuara së paku 3 ekskurzione me nxënës në tre vitet e fundit

 

- ti plotësojnë kushtet për bartje të grupeve të fëmijëve, sipas ligjit për siguri në komunikacion rrugor dhe rregullores për kërkesa të vecanta të mjeteve me të cilët barten grupet e nxënësve.

 

Oferta e ofertuesit e cila nuk i plotëson kushtet minimale do të refuzohet nga Komisioni si e papranueshme. Ofertat e pakompletuara ose të sjellura jo në kohën e paraparë nuk do të jenë lëndë e shqyrtimit.

 

Kriteri për dhënie të kontratës për realizim të ekskurzionit është çmimi më i vogël.

 

Në ditën e nënshkrimit të kontratës ofertuesi i zgjedhur dorëzon garancion bankar në vlerën e 5% të vlerës së përgjithshme të kontratës.

 

Shpallja publike zgjat 5 ditë pune nga dita e shpalljes.

 

Agjencionet e interesuara turistike ofertat me shkrim i dorëzojnë tek SHMK ''Pero Nakov'' rr.''Pirinska Makedonija'' nr.4 Kumanovë me shkresën ''për Komisionin e grumbullimit të ofertave''.

 

Për informata më të detajuara mund të informoheni edhe në tel: 031/424-380.

 

Kryetari i komisionit për grumbullimin e ofertave

 

Nazif Zimberi

 

 

ВОДИЧ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ПРВА ГОДИНА

Основци и родители, информирајте се тука за критериумите за упис во прва година, потребните документи и роковите за запишување!
Разгледајте ја и нашата фејсбук страна!

https://www.facebook.com/SouPeroNakovKumanovo/

Следете го нашиот сајт, бидете во тек со настаните и уверете се зошто сме вашиот најдобар избор!

sop1 sop2 sop3
     
sop4 sop5 sop6
     
sop7 sop8 sop9

 

Најдобрите ученици за 2015/16 година!

1.     I-1     Мартина Пауновиќ
2.     I-2     Габриела Ѓеоргиевска
3.     I-3     Меланија Димковска
4.     I-4     Бојана Антиќ
5.     I-5     Милош Спасовски
6.     I-6     Викторија Бојковска
7.     I-7     Стефан Зарковски
8.     I-16     Милена Крстевска
9.     II-1     Анастасија Јовановиќ
10.     II-2     Ќамиле Дестановска
11.     II-3     Сара Спасовска
12.     II-4     Тина Илиевска
13.     II-5     Марија Миленковска
14.     II-6     Анастасија Џартова
15.     II-7     Емилија Јакимовска
16.     II-8     Анастасија Спировска
17.     III-1     Валентина Димитровска
18.     III-2     Никола Јовановски
19.     III-3     Тони Анастасовски
20.     III-4     Марко Спасовски
21.     III-5     Марија Симоновска
22.     III-6     Андријана Ѓорѓевска
23.     III-7     Јелена Костадиновска

Контакт

ул. Пиринска Македонија бр. 4

1300 Куманово, Македонија

Новости

Бидете во тек со сите новости

Copyright © 2017 Elkom Grup | web design | hosting solutions. All rights reserved.

Search