Одбележување на светскиот ден на аутизмот 2-ри Април , заедно со учениците од СОУ "Перо Наков" и ССОУ "Киро Бурназ"-Куманово
Показна вежба за укажување на прва помош
Волонтерите од Црвен крст на Република Македонија - општинска организација Куманово, на 02.04.2019 година го посетија нашето училиште и одржаа симулациска показна вежба пред ученици и наставнци за правилно укажување прва помош на повредени лица во холот на училиштето.
Денеска 13.03.2019 во нашето училиште беше организирано тестирање на ученици од прва година, за учество во Европскиот квиз на парите, организиран од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија и Македонска Банкарска Асоцијација. Учениците кои постигнаа најдобар успех на првиот прелиминарен тест, директно се класифицираа за учество во вториот прелиминарен тест. Најдобрите од нив ќе учествуваат на Националниот квиз кој ќе биде организиран на Економскиот факултет во Скопје. Им посакуваме успех на нашите ученици кои ќе успеат да се класифицираат во финалните тестови.
Еко акција
На ден 06. 03. 2019, еко одборот на нашето училиште предводен од наставникот Јулија Тодоровска Панева, заедно со 10 ученици учествуваа во еко акцијата која ја организираше ЈП "Чистота и зеленило". Акцијата беше спорведена на локацијата "Даштев рид" каде што беше извршено пошумување на оголените предели.
Обука на тема: " Кариерно советување на лица со попреченост"
Претставници од нашето училиште, минатата недела учествуваа на тридневна обука за "Кариерно советување на лицата со попреченост" како дел од проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“финансиран од Европската Комисија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права.
Активностите на обуката беа насочени кон поддршка на заинтересирани и ангажирани установи за градење капацитети за пружање индивидуално кариерно советување на деца и млади со попреченост во и надвор од образовниот процес, преку советодавна поддршка, проценка на способностите и потребите, поставување на краткорочни и долгорочни цели, истражување на можностите за вработување и подготвување на индивидуализиран кариерен план. На обуката од нашето училиште присуствуваа дефектологЛенче Јовановска и наставник Годана Ж.Стојановска
Посета на учениците од СОУ “Перо Наков” на Халбанк АД Скопје, филијала Куманово
Наставник: Габријела Јакимовиќ
![]() |
![]() |
Посета на сметководствено биро-Сметководство “во живо”
Ученици од II-3 во посета на сметководствено биро.
Сметководство “во живо”.
Наставник – Близнаковска Доцевска Ивана
![]() |
![]() |