ЛИТЕРАТУРНО ЧИТАЊЕ ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УЧИЛИШТЕТО
НА ДЕН 14. 11. 2018, БЕШЕ ОДРЖАНО ЛИТЕРАТУРНО ЧИТАЊЕ НА КОЕ УЧЕНИЦИТЕ СЕ ПРЕТСТАВИЈА СО СВОИ ЛИЧНИ ТВОРБИ. УЧЕНИЦИТЕ ТВОРЕА НА СЛЕДНИВЕ ТЕМИ : "ЉУБОВТА- РЕАЛНОСТ ИЛИ ИЛУЗИЈА" И "ЈАЗИКОТ- НАШЕТО НАЈГОЛЕМО БОГАТСТВО". ЖИРИ КОМИСИЈАТА БЕШЕ СОСТАВЕНА ОД ПОРАНЕШНИ ПРОФЕСОРИ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА : ПРОФ. РАДИЦА ДИМКОВСКА, ПРОФ. ДРАГАН ПАНЕВСКИ И НАША ПОРАНЕШНА УЧЕНИЧКА, ДИПЛОМЕЦ НА КАТЕДРАТА ЗА ОПШТА И КОМПАРАТИВНА КНИЖЕНОСТ, МАРТА СТЕФАНОВСКА.
НА НИВО НА СЕКОЈА ГОДИНА, БЕА ИЗБЕРЕНИ НАЈУСПЕШНИТЕ ТВОРБИ НА СЛЕДНИВЕ УЧЕНИЦИ :
ВО ПРВА ГОДИНА : САНДРА ЦВЕТКОВА I 8 И ЈОВАНА ПАВЛОВСКА I 4
ВО ВТОРА ГОДИНА: ИЛИЈАНА МИТРОВСКА II 6
ВО ТРЕТА ГОДИНА: ИВОНА КАРАНФИЛОВСКА III 5
ВО ЧЕТВРТА ГОДИНА : МЕЛАНИЈА ДИМКОВСКА IV 3
АНАСТАСИЈА СПИРОВСКА, IV-8, ОБРАЗОВЕН ПРОФИЛ БАНКАРСКИ ТЕХНИЧАР / ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2014-2018
ПОСТЕР И ФЛАЕР НА УЧИЛИШТЕТО
„ПОЕТСКО-МУЗИЧКА МАНИФЕСТАЦИЈА – Книгата – ризница на знаењето„ [25.04.2016]
На ден 25.04.2016.год. со почеток во 12:00 часот, во СОУ „Перо Наков„ под насловот „Книгата – ризница на знаењето“ се одржа поетско-музичка манифестација преку која учениците, под менторство на своите професори Милошевска Фросина, Николовска Оливера и Трајчев Бојан, заедно со Друштвото на писатели симболично го одбележаа Денот на книгата, 23-ти април. Учениците заедно со своите ментори направија една прекрасна поетско-музичка дружба, во рамките на која со гостите од Друштвото на писателите на Куманово читаа свои стихови, надополнети со прекрасните звуци на музиката.
Гостите ги поздрави директорот на училиштето, госпоѓа Лидија Тасевска, според која целта на овој настан беше промоција на книгата, како и мал, симболичен напор кој ќе придонесе збогатување на интересот за поттикнување на децата уште повеќе да читаат, дотолку повеќе што денешните вредности за жал не ги упатуваат кон неа.
Поетите од град Куманово со своето присуство го збогатија настанот, на кој прочитаа неколку свои творби пред учениците.
Според госпоѓата Божана Трајковска, претседател на Друштвото на писатели од Куманово, настанот се реализира како втор караван на поети кои соработуваат со средните и основните училишта. Претставници од сите средни училишта, собрани во СОУ „Перо Наков„ го чествуваат денот и на тој начин нивните поетски изблици ги прикажуваат пред другите, како поттик на младите да читаат, да се наградуваат и на тој начин да придонесат својот сеф на убави зборови во душата, да ги испразнат на својот бел лист.
Манифестацијата беше збогатена и со музички перформанс на учениците, а вакви манифестации ќе продолжат и во иднина со цел да станат сериозен поттик за младите повеќе да читаат книги.
“ОТВОРЕН ДЕН НА УЧИЛИШТЕТО” На ден [24.04.2016]
На ден 24.04.2016. во период од 12:00 до 15:00 во училиштето беше одржан Отворен ден, како манифестација која оваа година се реализираше на мошне интересен и специфичен начин. Истата беше замислена како заедничко опфаќање на три различни настани, сублимирани во една заедничка активност:
1. Отворен ден, како настан во рамките на кој учениците кои завршуваат деветто одделение во основните училишта во градот, можеа да се запознаат со наставните планови и програми во двете струки – текстилно-кожарска и економско-правна и трговска струка, како и со образовните профили во нивни рамки. Исто така, се запознаа и со материјално=техничките услови на училиштето и добија информации за претстоечките услови за упис во прва година.
2. Училишен саем на виртуелни компании, како настан во рамките на кој учениците од 4-та година кои гоизучуваат предметот Практична настава – виртуелни училишни компании за првпат ги претставија своите активности преку уредување на свои штандови и меѓусебно виртуелно тргување.
3. Trash fashion, како настан во рамките на кој учениците од текстилно-кожарската струка изведоа модна ревија, во фустани и модни аксесоари изработени од рециклирани материјали.
Настанот беше реализиран со многу напор и подготовки од страна на учениците и нивните наставници-координатори и се одвиваше во конструктивна и забавна атмосфера, исполнета со усвојување на знаења, забава и дружење.
Наставниците-координатори ја преземаа на себе обврската овој настан да прерасне во традиција и да се реализира на крајот на секоја учебна година, како форма на заокружување на еден воспитно-образовен циклус преку испраќање на генерацијата матуранти и почеток на нов преку привлекување на нови ученици.
“ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ – МАССУМ 2016” [22.04.2016]
Образовното рандеву за учебната 2015/16 година се одржа на 22. и 23.04. во СЕТУГС „Михајло Пупин“ во Скопје
Училиштето под покровителство и насока на своите ментори зеде учество на оваа традиционална образовна манифестација во категориите:
*Драмска претстава (ментори: Сашо Тодоровски и Александра Георгиевска , ученици: Мартин Тасевски,Марија Коцевска,Ивана Мадиќ, Дејвид Стоилковски, Јована Спасовска, Мартин Павловски, Милена Стојановска, Стефан Павличек, Гоце Хаџиски, Кристина Петрушевска, Димитар Петрушевски, Сара Спасовска)
*Видео реклама (ментор: Јовчевска Викторија, ученик: Павличек Стефан)
*Јавно говорење (ментор:Оливера Николовска, ученик:Георгиевска Драгана)
*Интервју за работа (ментор: Сунчица Богдановска Деспотовиќ, ученик: Дарко Живковски)
*Маркетинг план (ментор: Близнаковска-Доцевска Ивана, ученици: Aлесандрија Петрушевиќ,Марија Вељковска,Давор Станковски,Тамара Величковска),
*Модна ревија (ментори: Маја Вељковиќ Димковска и Blondina Abduli, ученици: Тамара Стојмановска,Валентина Димитровска, Hixhrete Sherifi i Valide Beqiri)
*Најдобар штанд (ментор: Стојановска Ж. Гордана, ученици: Јелена Костадиновска,Викторија Дамњановска, Ангела Благоевска,Христина Станковиќ *Училишен бенд и соло изведувач (ментор: Бојан Трајчев, ученик: Атанасовска Јована), *Спортски натпревари (пинг-понг / ментор. Ивановски Ангел, ученик: Ѓорѓевиќ Иван, баскет / ментор: Давидовиќ Младен, ученици: Мартин Аврамовски,Стефан Алексовски и серва / ментор: Димитриевска Радица, ученици: Сара Стојчевска,Матеа Манојловска,Мартин Аврамовски,Стефан Алексовски ),
*Поетска творба (ментор: Милошевска фросина, ученик: Крстиќ Душан).
Учениците му донесоа на училиштето две убави награди:
1. Најдобра драмска претстава, за која учениците кои ја изведоа „Госпоѓа министерка„ добија златен медал за освоено прво место,
2. Најдобар штанд, за кој учениците ангажирани во Младинската организација добија сребрен медал за освоено трето место.
Училиштето секоја година традиционално учествува на оваа убава манифестација и им овозможува на учениците да го градат осетот за тимска работа, натпреварувачкиот дух и да инвестираат во своите знаења, вештини , способности и креативност.
„СОРАБОТКА СО ПОРАКА НАША„ (16.04.2016.)
На ден 16.04.2016. СОУ „Перо Наков„ потпиша Меморандум за соработка со Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша„ од Куманово.
Соработката ќе се движи во правец на изработка на предмети и производи кои учениците ги изработуваат на часовите по стручните предмети од текстилно-кожарската струка. Соработката ќе се одвива во повеќе фази, каде што учениците од училиштето и корисниците на Центарот заеднички ќе работат, ќе изработуваат различни производи и ќе се стекнат со нови работни вештини. Со тоа лицата со интелектуална попреченост ќе работат и со тек на време ќе се профилираат во рамките на полесните технолошки опарации, со што се очекува да станат поконкурентни на пазарот на трудот.
Заедничката работа ќе подразбере реализација на работилници во рамките на кои штитениците на Дневниот центар, со помош на наставниците и учениците ќе ги развиваат своите вештини и креативноста, преку изработка на различни предмети по повод различни празници, настани или манифестации. Тие ќе бидат вклучени во активностите преку соработката со наставниците и учениците од текстилно-кожарската струка, и тоа во образовните профили Техничар за дизајн на облека, Конфекциски техничар и Техничар за обувки.