Активности

СОУ Перо наков

Во сабота на 25.02.2023 година, ден пред празникот Прочка -традиционално се одржа главното дефиле на Струмичкиот карневал, каде се представивме со групна маска на средните општински училишта СОУ "Перо Наков", Гимназијата "Гоце Делчев" и  ОСТУ "Наце Буѓони" насловена како "Вселенски брод". Настапивме како реден број 25 ,од вкупно 41 пријавени учесници. Освоивме стимулативна награда од категоријате "Б" група од 20 до 30 учесника,каде всушност е и најголемата конкуренција. Но како дел од екипата на ментори може да се каже дека ние се чуствувавме како победници бидејки, по координативниот состанок со представниците од општината , директорите на средните училишта и по еден ментор професор од сите училишта, каде дојдовме на идеја за маската, имавме само 3 недели да се подготвиме, а самата реализација траеше помалку од 5 дена. Се соочивме со многу предизвици и проблеми во барање на материјали за изработка на маската.

Ние како единствена  текстилно-кожарска струка и графички дизајн  во  градот ја презедовме одговорноста и во просториите во нашето училиште со наши ученици ги изработивме сите костими на што сме премногу  благодарни и горди на нашите ученици. Ние како училиште го прифативме предизвикот, но немаше да се реализира ништо без учениците и наставниците ментори од нашето училиште. Толку ентузијастички работае, што нашите работилници наликуваа на реални компании.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Copyright © 2017 Elkom Grup | web design | hosting solutions. All rights reserved.

Search