Соопштенија

СОУ Перо наков

 

 

 

 

 


 


 



 




 


 

 


 


 


 

 

 


Годишни сметки на СОУ „Перо Наков

https://drive.google.com/drive/folders/1cVxUmDA2TNG-qHQwzmu2TZZHHvG-yZAw?usp=sharing 

 



https://docs.google.com/document/d/1TDBmmfwtz9JBe__EgI_r9E6boeIdDt7Q/edit?usp=sharing&ouid=104678795861742416374&rtpof=true&sd=true  

 

 


https://drive.google.com/drive/folders/1ZV3k1WGgCE4PXDYq3M2nn9Appfa5Omnl?usp=sharing 


https://drive.google.com/drive/folders/1_nRZ8ZCrpfqhrlPcMF5gxsTxu32e6Je6?usp=sharing 

 


https://drive.google.com/drive/folders/1sYmGLlThHom83gM-fxWlDbGTq2vZbtPc?usp=sharing  


https://drive.google.com/drive/folders/144r9eYw59_acgdu88E_HsIxv_nEDz9IA?usp=sharing 


https://drive.google.com/drive/folders/1G4lyo4OpFIwsG9r3GxWA7NRcQBdnE3Zq?usp=sharing 

 


https://drive.google.com/drive/folders/1OvMTHq9tk6Fwje7DGlYucTVz506ngee1?usp=sharing 

 


https://drive.google.com/drive/folders/1h008quwIekFdo8Q8ZOkYIWQY7YmihkPF?usp=sharing  

 

 

 


 

 https://drive.google.com/drive/folders/1Gin_INCz19mTcuq72D6u7s3615D6ANmV?usp=sharing  

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


https://youtu.be/_KLNq_Buois  

 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

 

 

 


 


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

 

 

oglas_ekskurzija_22-23.png

 

 

 

 

 

 

 

Соопштение за вонредни ученици!
Сите кандидати кои имаат право да полагаат матура (државна матура или завршен испит) најдоцна до 30.11.2022год да пријават проектна задача кај предметен наставник и истата да ја пријават кај наставник одговорен за вонредни ученици во училиштето или на маил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или на тел 075 205625.

Сите кандидати можат да пријават испити за декемвриска испитна сесија !



Termini_vonredni_oktomvri_2022.jpg

ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОНРЕДНИ УЧЕНИЦИ

ВО СОУ „ПЕРО НАКОВ“ – КУМАНОВО

Вонредни ученици се оние лица кои образованието го стекнуваат со самообразование, по пат на полагање испити по одреден план и програма во средното училиште.

Како вонреден ученик може да се запише лице кои исполнува еден од следниве услови:

  • Да е постар од 17 години,
  • Да е на боледување подолг период,
  • Да му е изречена педагошка мерка отстранување од училиштето,
  • Да е во работен однос и
  • Во други случаи утврдени со статутот на уучилиштето.
  • Ученици кои покажуваат одличен успех и се истакнуваат со способности, знаења и работни навики можат напоредно, но само како вонредни ученици да се здобиваат и со образование за друг план и програма.
  • Ученикот кој во последната година од образованието на крајот од учебната година има најмалку две негативни оценки може да ги полага поправните испити и по вториот испитен рок, откако ќе се стекне со статус на вонреден ученик.
  • За упис на учебна година 3000,00 денари
  • Административна такса 50,00 денари
  • Полагање на испит (без проодност) 900,00 денари
  • Административна такса 50,00 денари
  • Запишување на кандидатите 2500,00 денари (конфекциски техничар и техничар за дизајн на обувки)
  • Запишување на кандидатиет 2900,00 денари (економски техничар, техничар за трговија и маркетинг, бизнис администратор)
  • Полагање на испит по општообразовен предмет 300,00 денари
  • Полагање на испит по стручен предмет 1000,00 денари

Висина на трошоци за запишување како вонреден ученик:

Висина на трошоците, по Испитна програма по вертикална преодност за ученици кои завршиле средно образование со тригодишно траење и продолжуваат во средно четиригодишно образование од ист или сроден наставен план т.е. вертикална преодност изнесува:

Вертикална проодност вклучува пет испити, а потоа кандидатот продолжува во четврта година од соодветна струка.

Пример за пополнување на налог ПП50 - за вонреден упис, за полагање на вонредни испити:
- Назив на примач: Буџет на РСМ
- Банка на примачот: НБРСМ
- сметка: 100000000063095
- сметка на буџетски корисник: 7410105703 787 12
- приходна шифра и програма: 723012 N2

Пример за пополнување на налог ПП50 за административна такса
- Назив на примач: Министерство за финансии
- Банка на примачот: НБРСМ
- сметка: 100000000063095
- износ **50,00 мкд
- уплатна сметка: 840 141 03161
- приходна шифра и програма: 723013

Испитни сесии за вонредни ученици во СОУ „Перо Наков“ – Куманово

Месец

Пријавување

Консултации

Полагање

Октомври

3-6

12-14

24-28

Декември

5-7

14-16

26-30

Февруари

1-3

8-10

20-24

Март

6-8

13-15

27-31

Април

3-5

10-12

24-28

Мај

2-4

8-10

23-30

Јуни за завршни години кои имаат останато до 3 испити

01.06.2023

По договор

07-09.06.2023

Јуни за сите останати

8-9

14-16

26-30

Август за завршни години кои имаат останато до 3 испити

01.08.2023

По договор

7-8

Август за сите останати

9-11

16-18

25-31


- На денот на полагање кандидатот треба да покаже документ за идентификација и решение за испити кои што ги полага
- Пријава за испитот мора да е точно пополнета со прикачена уплатница за полагање на испитот и административна такса
- Кандидатите мора да ги почитуваат термините, доколку од оправдани причини не се во можност да полагаат задолжително е да се јават за причините од кои се спречени да полагаат.
- Комисијат го информира кандидатот за резултатите веднаш по завшување на испитот
- Распоредот за полагање ќе биде јавно истакнат (во училиште, на веб страната и на
Facebook страната на училиштето)
- Кандидатите од завршни години мора до 15 ноември да пријават проектна задача за да се стекнат со право за полагање на државна матура или завршен испит.

За било какви дополнителни информации кандидатите можат да се обратат кај:
Одговорен наставник за вонредни ученици во настава на македонски јазик
Ивана Близнаковска Доцевска – 075/205-626 или
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Одговорен наставник за вонредни ученици во настава на албански јазик
Албина Бериша - 075/220-222
или This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

 

 


С А М О Е В А У Л А Ц И Ј А

СОУ „Перо Наков“-Куманово

                                      

Август,2020  

Согласно Законот за средно образование по предлог на директорот Мила Ж.Димковска, при СОУПеро Наков“- Куманово се формира училишната комисија која изготви извештај за извршената самоевалуација за учебните 2018/19; 2019/20.

.

Предмет на самоевалуација беа седум клучни подрачјакои се однесуваат на главните аспекти од работата на училиштето и во секојаобласт работеше посебна група наставници:

1.НАСТАВНИ ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ

Работна група:Сунчица Деспотовиќ,Марика Јордановска,Фросина Милошевска,Татјана Димитриевска

2. ПОСТИГНУВАЊА НА УЧЕНИЦИТЕ

Работна група: Марина Златковска, Оливера Николовска Радица Димитриевска,Маја Димковска

3.УЧЕЊЕ И НАСТАВА

Работна група: Ивана Близнаковска, Елена Георгиевска, Емилија Пешевска, ,Александра Георгиевска,Дубравка Добревска,Сандра Петковска ,Розана Деспотовиќ..

4. ПОДДРШКА НА УЧЕНИЦИТЕ

Работна група:Нада Ралиќ,Викторија Крстевска Татјана Поп Арсова , Јулија Т. Панева.

5.УЧИЛИШНА КЛИМА

Работна група: Горан Јовановиќ, Христина Илиевска,Марија Спиридоновска, Александар Крстевски, Зорица Трајчевска

6.РЕСУРСИ

Работна група:Викторија Јовчевска,Марина Радевска, Дарко Давидовски, Марјан Алексиќ, Елена М.Серафимовска и Ивица Цветковиќ .

7.УПРАВУВАЊЕ, РАКОВОДСТВО И КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКА

Работна група:Фросина Николовска, Коста Тасев,Гордана Ж.Стојановска, Фросина Насковска.

Во секое подрачјегрупата наставници работеше по однапред изготвени индикатори кои го мерат квалитетот на работата на училиштето, а како извори на податоци користеа: интервју, прашалници (анкета), увид во педагошката евиденција и документација, анализа на документи, разговори.Координаторите по подрачја по комлетирање на сите индикатори на квалитет истите ги доставуваа до педагогот Фросина Јовановска.

Подрачје бр. 1: Наставни планови и програми

Индикатори за квалитет

  1. 1Реализација на наставните планови и програми
  2. 2Квалитет на наставните планови и програми
  3. 3Воннаставни активности

Теми

Анализа на резултати и податоци

1.1.Реализација на наставните планови и програми

 

Применувани наставни планови и програми

Наставните планови и програми одобрени од МОН се применуваат во рамките на воспитно-образовните активности на училиштето со мали отстапувања кои произлегуваат од објективни причини. Тоа се потврдува со увидот во дневниците за работа и педагошката евиденција која ја води секој наставник. Предметните наставници добиваат наставни планови и програми пред почетокот на новата учебна година.

Постојат одредени разлики во реализацијата на наставните планови и програми во рамките на дозволеното слободно толкување на наставните цели на одредени теми и содржини, од страна на наставниците. Тие разлики произлегуваат и од креативноста на наставниците, техничките можности и опременоста на училиштето, но и од претходната подготвеност на учениците.

Има донесено испитни програми од МОН за ученици кои завршиле средно образование со тригодишно образование и продолжуваат во средно образование со четиригодишно траење од ист или сроден наставен план,ученикот полага испити. Испитна програма за вертикална проодност од тригодишно во четиригодишно стручно образование, почна да се применува од учебната 2011/2012 година, во нашето училиште и се однесува за учениците кои по вонреден пат го дооформуваат бразованието.

Од учебната 2019/20 година добиени се нови Наставни планови и програми модуларно дизајнирани.Со новите наставни програми креирани се два образовни профили или квалификации Економски техничар и Бизнис здминистратор во секторот Економија,трговија и право.Промените се направени согласно барањата на пазарот на трудот.Како и сектор-Текстил,кожа и слични производи во рамки на кој се следниве профили или квалификации-Техничар за моделирање на обувки,Техничар за обувки,Техничар за изработка на облека,Техничар за моделирање на облека,Техничар за дизајн на облека.Во рамки на училиштето е отворена и пралелка Графички дизајн.

Информираност на родителите и учениците за наставните планови и програми

Наставните планови и програми им се достапни на сите посочени категории на следниот начин:

  • Учениците со содржината на наставните планови и програми се запознаваат на почетокот на учебната година од страна на предметните наставници и класните раководители.
  • Родителите се информираат на родителските средби од страна на класниот раководител, преку Совет на родители или преку учениците, а многу ретко, на сопствена иницијатива бараат информации од предметните наставници и стручната служба.Учениците и родителите се информираат за наставните планови и програми преку информатор-брошура изработена на ниво на училиштето. На почетокот на учебната година на првиот родителски сотанок, родителите добиваат листи со наставни предмети што ќе ги изучуваат учениците во таа година,фонд на часови и предметни наставници кои ке им предаваат, воедно и распоредот на часовите, исто така се укажува дека на интернет има веб-страна со наставни планови и програми.
  • дополнителна и додатна настава;

Приспособување на наставните програми на децата со посебни образовни потреби

Во училиштето има ученици со посебни образовни потреби. Во стручната служба во училиштето има дефектолог кој работи со овие ученици. Сите предметни наставници кои предаваат во овие паралелки каде што има ученици со посебни образовни потреби имаат изработено индивидуален образовен план за работа. Училиштето има и тим за инклузија кој работи по годишната програма што ја изработува на почетокот на учебната година и е прилог во годишната програма на училиштето. Во училиштето има и училници приспосоени за ученици со посебни потреби, како што се приспособени и двата училишни влеза.

Избор на наставни предмети

Училиштето дава можност за избор на наставните предмети, бидејќи тоа е предвидено во наставните програми за поедини занимања кои се опфатени со реформите на средното стручно образование за четиригодишно образование, а кои се спроведуваат од страна на МОН. Според ова на учениците им се дава можност да изберат меѓу пет понудени предмети значајни за продолжување на нивното образование или професионално оспособување. Овие активности се предвидени и се реализираат на крајот на втора година од нивното школување, а се изучуваат во трета и четврта година.

За родителитена учениците од втора година на родителска средба по завршување на третиот класификационен период се изготвуваат листи со изборни предмати кои се предвидени во наставен план и програма и давање дополнителни информации за значењето при избор на предметите од страна на учениците.Од понудените пет предмети се бирaат два изборни предмети, а родителот со својот потпис дава согласнот за изборот.

Во врска со оваа тема направена е анкета во учебната 2018/19 година на ученици и родители од втора година. Во анкетата учествуваа 25 ученика и 25 родители.На истите им се понудени предметите кои ги учат во втора година.Од анализа на анкетата произлегува дека учениците не гледааат потреба од изучување на втор странски јазик. Останатите предмети се во избор на 50% од анкетираните ученици.

Планирање на активности за реализација на слободните часови/проектните активности на училиштето

На ниво на училиштето се планираат активности за реализација на слободните часови / проектните активности на училиштето. Учењето преку проекти е важен елемент во остварување на наставниот процес, бидејки овозможува стекнување на различни знаења и вештини преку користење на различни ресурси и различни начини на собирање, класифицирање и презентирање на податоците. На овој начин се овозможува учениците самостојно да дојдат до повеке сознанија за одредена области и тие се централна личност во процесот на учење. Стекнатите знаења на овој начин подолго се паметат.

Проектните активности се реализираат врз основа на Решение за примена на проектните активности во рамките на слободни часови во стручното образование со траење од четири години на учениците, како и Упатството и Програмата кои се добиени од Министерство за образование и наука и Бирото за развој на образованието.Во нашето училиште како слободни часови на училиштето се: Претприемништво и Бизнис, Претприемништво, Екологија и Математика за матуранти. Тие се реализираат неделно двапати или 66 часа годишно и почнуваат од 1 октомври.

Со новата модуларно дизајнирана програма од учебната 2019/20 воведени се часови за Содржини програмирани од училиштето за кои е изработена Наставна програма под назив Претприемништво во малите бизниси за сектор-Економија,трговија и право.

Реализација на проширени програми

Учениците со различни способности најпрво се детектираат, бидејќи тука има талентирани ученици со кои се работи за унапредување на нивните знаења и учество во вон-наставни активности, и ученици чии способности се помали и кон кои се применуваат посебни методи во работата на секој предметен наставник, но со кои редовно работи и стручната служба во училиштето. Според нивните способностии тие се вклучуваат во организирањето на некои вон-наставни активности, во рамките на нивните можности.

На ниво на училиштето има изработена и Програма за работа со деца со посебни образовни потреби, преку која успешно се врши идентификација на ученици со пречки во учење, развој и поведение, во соработка со класните раководители, предметните наставници и родителите. Училиштето има формирано и тим за инклузија во кој се вклучени дефектологот,социологот, психологот и педагогот на училиштето. Како дел од тимот се и класните раководители на овие ученици и сите предметни наставници.

Основна цел на оваа Програма е:

  • идентификација на учениците
  • прилагодување на наставата кон потребите на учениците
  • следење на постигањата на учениците
  • следење на учениците со емоционални проблеми
  • подобрување на социјалниот и емоционалниот статус на учениците.                                                    

На ниво на училиштето имаизработено и „Програма за препознавање на надарени/ талентирани ученици“ со кои во воспитно-образовен процес ке се воспостави систем на насоки за препознавање на надарени/талентирни ученици со кој ке се овозможи нивното откривање и овозможување нивната надареност и способност да дојде до израз.

Надареност се дефинира како: невообичаено висок степен на општа интелектуална способност која изискува различни знаења кои според својата широчина и длабочина ги надминуваат знаењата кои можат да се добијат со образовните програми во редовните училишта кои го задоволуваат просечното ниво на искажаниот образовен потенцијал.

Надарени ученици се оние кои имаат способност за невообичаено напредно постигнување во некоја област, вклучувајки ја тука интелектуалната и креативната способност, музички, уметнички или спортски постигнувања и социјални вештини и вештини на лидер.

Во насоките се дадени и насоки за професорите како да се открие надарен ученик.

1.2.Квалитет на наставните планови и програми

 

Родова и етничка рамноправност и мултикултурна сензитивност во наставните програми и учебните помагала

Наставните планови и програми се унифицирани и рамноправноста во поглед на родавата и етничката разлика е загарантирана со Законот за средно образование.

Училиштето има изготвена Процедура за разгледување и прибирање на мислења од сите структури за наставните планови и програми, учебните помагала од аспект на родова и етничка рамноправност и мултикултурна сензитивност

Интегрирање на карактеристиките и потребите на локалната средина во наставните програми и наставните помагала

Наставните планови и програми успешно се прилагодуваат на карактеристиките на локалната средина, што се потврдува со долгогодишната успешна соработка со локалните претпријатија,во поглед на прифаќање наши ученици за изведување на дел од практичната настава (претпријатија од чевларска и текстилна индустрија, банки, ЈЗУ Здравствен дом, Дневен центар залица со интелектуална попреченост „Порака наша“, ППС,Црвен крст и Дом за стари лица, и.т.н.), а посебно се потенцира и значењето на таа соработка во поглед на вработување на наши ученици по завршување на школувањето.

Голем дел од предметните наставници посветуваат дел од своите наставни часови за посета на различни институции, организации и претпријатија, во склоп на кои се постигнуваат одредени цели од наставнте содржини.

Преку вон-наставните активности кои се организираат во училиштето се воспоставуа соработка и со институции кои делуваат воспитно врз младите и формирањето на нивната личност (сорабтка со: МВР преку популарни предавања и дискусии, вклучување на наши ученици во проекти; Црвениот крст-преку предавања,вклучување на наши ученици во проекти, крводарителствоИсто така мора да се спомене и соработката со Локална самоуправа, ОБСЕ, СВР-Куманово.

Интегрирање на општите (меѓупредметните) цели на образованието

Училиштето располага со технички можности и наставници кои заради подобрување на квалитетот на наставните планови и програми имаат интегративен пристап во реализација на некои свои наставни содржини. Овој пристап особено е присутен во реализација на наставата по стручните предмети, практичната настава и информатика. Најголема примена интегративниот пристап кон содржините се гледа при изработка на проектни задачи и подготвување на ученици за натпревари, презентации, организирање на слбодни часови и сл.Меѓупредметни цели: развивање на самодовербата, иницијативноста, одговорноста, почитувањето на различноста и основните човекови права и јакнење на свеста на учениците за припадност на Република Македонија како мултикултурно општество

Меѓупредметните цели се вградени во самите наставни програми во општообразовните предмети како воспитни цели, но исто така секој наставник индивидуално ги интегрира при реализацијата на наставните содржини. На класните часови како дел од програмата за животни вештини се реалзиираат теми со т.н. меѓупредметни цели (развивање на самодоверба, иницијативност, одговорност, почитуавње на различноста, основните човекови права, јакнење на свеста на учениците за припадност на РМ како мултикултурно општество).

Во своите тематски планирања наставниците ги интегрираат и реализираат меѓупредметните цели (развивањенасамодовербата, иницијативноста, одговорноста, почитувањето на различноста и основните човекови права и јакнење на свеста на учениците за припадност на РМ како мултикултурно општетсво). Класните раководители на класните часови релаизираат работилници (Животни вештини) во кои се интегрирани воспитно-образовни и меѓупредметни цели.   Програмата за Животни вештини опфаќа предавања за односите меѓу половите и нивните сексуални врски, репродуктивното здравје, болестите ХИВ/СИДА, зависност од дроги и сл. Училиштето реализира предавања за човековите права, граѓанско образование или за други теми поврзани со општествената проблематика преку наставните предмети конституционо уредување, граѓанско образование, право и социологија. Информираноста на родителите за наставните планови и програми од страна на училиштето е инцидентно, без пропишана процедура и без барање на повратна информација. Учениците се запознаваат со целите на наставните планови и програми преку наставниците. Постои непишана процедура класните раководители на првиот родителски состанок да ги запознаат родителите со наставниот план, а наставниците на почетокот на учебната година генерално и на секој час во текот на наставната година детално ги запознаваат учениците со содржините и целите од наставните програми. Училиштето по укажување на инспекторатот секоја година ги објавува наставните планови на огласната табла во училиштето и тоа е еден од начините/процедурите на информирање на родителите и учениците.

Училиштето нема направено посебни истражувања и документација колку учениците и родителите се задоволни од наставните планови и програми, освен преку анкетните листови на тимот за изработка на самоевалуација за наставното подрачје наставни планови и програми во кои има и прашања кои се однесуваат на оваа тема, но освен за самоевалуација, тие не се искористени за конкретна анализа на потребите на учениците и родителите.

Училиштето е носител на Проектот „Безбедни училишта“ кој активно се спроведува на ниво на училиштето во соработка со МВР , преку заемна соработка по повод мултиетничка култура меѓу учениците на различни етникуми па во тој контекс спроведени се активности за прослава на верски прзници, одржани приредби за ненасилство со учество на сите средни училишта, формиран Тим за безбедност, изработен е спот, направена анкета со ученици, родители и наставници за насилство.

Превенција на ненасилство во училиштето-направено истражување преку Прашалник за идентификација на насилство во училиште, а потоа пристапено на презентација на филм за насилство во училиште за ученици, Совет на родители и наставници.

Изготвена Програма за работа со ученици од трета и четврта година за професионална ориентација-донесување на одлука во врска со идно занимање и продолжување на образованието и запознавање со факултети за специфични способности и информација за вебстрани на факултети, како и бенефит од завршување на факултет ,носител на активноста психологот во училиштето.

Реализирано советување за родители во 2017/18год. За ученици кои имаат три или повеке слаби или десет и повеќе изостаноци неоправдани и несоодветно однесување од страна на психологот – Споменка Трајчева преку психосоцијална помош, индивидуална, советодавна работа.

Методи за успешно учење, предавање со сите ученици во прва година.

Спроведено истражување преку прашалник за испитување на мислење-ставови на ученици за ХИВ/СИДА и дрога.

Советување за ХИВ/СИДА со претставници на 60 ученици од страна на лекар Епидемиолог од ХЕС-Куманово.

Стручната служба постојано организира воспитно-едукативни предавања со различни теми, со кои е опфатен поголем дел од учениците, редовно организира анкети на различни актуелни теми и секојдневно работи со учениците во разрешување на конфликтни ситуации, во прифаќање на разлики меѓу луѓето, разлики меѓу половите и сл.

Исто така, дел од посочените теми се обработуваат во рамките на вон-наставни активности и проектни активност во рамките на слободни часови на училиштето .

Најубав пример за тоа како се применуваат стекнатите искуства од различните пристапи во обработката на овие теми, е работата на Младинската организација во училиштето, која може да биде позитивен пример за тоа како се раководи, соработува, договара, како се развива самодовербата и како се разрешуваат конфликти и во која се вклучени ученици од сите години, сите занимања, без разлика на полот и етничката припадност.

Училиштето реализира темите од областа на човековите права, граѓанско образование и други теми поврзани со општествената проблематика преку наставниот предмет - Граѓанско образование, Клуб за промовирање а недискриминација, проектни активности, како и на класните часови.

Влијание на наставниците, родителите и социјалните партнери врз наставните планови и програми

Училиштето дава можност за покренување иницијатива за изменување и дополнување на наставните планови и програми, иновирање на постојните и воведување на нови образовни профили врз основа на искажаните потреби на локалата средина и потребите на пазарот на трудот до ресорните институции.

Секоја идеја за модернизирање на наставата и наставните програми наидува на подршка од училиштето, но и на конкретна помош во остварување на тие идеи преку посебен тим кој наоѓа начини како сето тоа да се реализира. Се прават напори во училиштето да се воведуваат нови, современи занимања кои би конкурирале на пазарот на трудот и кои би привлекле нови категории на ученици, на што работи тимот кој е задолжен за оваа проблематика и кој е составен од наставници од стручното наставно подрачје и раководните структури на училиштето.

Во училиштето е дискутирано за поднесување иницијативи за изменување на наставниот план (на пример, воведување нови профили во текстилно-кожарската струка – конфекциски компјутерски оператор и произведувач на обувки – трет степен). Во историјата на училиштето постојат примери за поднесување иницијативи за промена на наставните планови и програми кои резултирале со измена на истите, но сега недостатсуваат поенергични иницијативи и запознавање на учениците и родителите со можноста и тие да се вклучат во иницијативи за изменување на наставните планови и програми.

Со новите модуларно дизајнирани програми воведена е феријална пракса која се изведува надвор од училиштето во фирми партнери за време на летниот распуст.

1.3.Воннаставни активности

 

Обем и разновидност на планираните и реализираните воннаставни активности

Во училиштето вон-наставни активности од повеќе области, во рамките на можностите и заинтересираноста на учениците се реализираат на следните начини:

v Дополнителна настава е наменета за ученици кои имаат слаби предзнаења по одредени предмети или кои имаат потешкотии во совладување на наставните содржини, за таа цел секој предметен наставник има изготвеноПрограма за дополнителна наставаидоставено во ППС.

v Додатна настава е наменета за напредни ученици кои покажуваат одреден интерес по некој предмет. Истата се одвива во секции по одделни предмети и тоа по веке однапред изготвена Програма и план за секоја секција од страна на предметните професори во соработка со стручната служба во училиштето кои имаат за цел откривање на надарени и талентирани ученици. Наставата ја организираат предметните наставници од оние предмети за кои има пројавено интерес и целта ке биде да ги мотивира и поттикнува учениците, да ги развива нивните способности и да ги подготвува за различни натпревари од општински, регионален или републички карактер,

v Предвидени се слободни активности во следниве секции кои постојат во училиштето:

-драмска секција и јавно говорење

-тим за унапредување на физичко, емоционално и ментално здравје и разрешување проблеми

-мулти-култи тим

-природноматематичка секција

-секција за странски јазици

-безбедни училишта

-еколошка секција

-секција по спорт и спортски активности

-младинска секција

-кариерен центар

-ученичка заедница

Нашите ученици се вклучени во натпреварите што се организираат и тоа:

  • учество на спортски натпревари;
  • учество на републички и меѓународни натпревари по стручни и општо-образовни предмети;
  • учество на натпревари кои ги организира Црвениот крст;
  • подготвување и учество на различни манифестации (Образовно рандеву,МАССУМ,ТРЕШ-ФЕШН, презентација на училиштето во други училишта, . . .);
  • учество во Лидер на струка
  • учество во републички проекти за училиштата (USAID, SEA, . . .);
  • посета на саеми во државата и надвор од неа;
  • соработка со други училишта од Републиката и надвор од неа;
  • изработка на наставни помагала во работилницата.
  • учество на ,,Маскенбал,, организирано од општина Куманово;.и др.
  • комуникација и запознавање со луѓе од различни средини и култури;
  • развивање на чувството за тимска работа,
  • развивање на индивидуалните способности и знаења на учениците;
  • развивање на личноста на ученикот и неговиот однос кон средината;
  • соработка со сите средношколски центри во градот
  • запознавање со нови држави;
  • јакнење на меѓуетничката толеранција и соработка;
  • стекнување на позитивен однос кон училиштето и со учениците;
  • потврдување на квалитетите на ученикот
  • потикнување на квалитетни ученици за запишување во училиштето
  • Училиштето во целост ги реализира наставните планови и програми донесени од страна на Министерството за образование во соработка со Бирото за развој наобразование и Центарот за стручно образование и обука
  • Наставните планови и програми го помагаат личниот развој на ученикот и не прават дискриминација по ниту еден основ.
  • Наставните планови и програми се достапни на родителите и учениците кои се заинтересирани.
  • Сите наставници изготвуваат глобални годишни и тематски планирања за реализација на наставата
  • Изборот на изборните предмети во трета и четврта година е по желба на учениците
  • Голем број на наставници за реализација на наставната програма користат ИКТ во наставата
  • Успешна организација и реализација на вон-наставни активности и соработка со општествени организации;
  • Вклученост на сите структури во афирмација на училиштето
  • Некои наставни планови и програми се застарени, несоодветни на современите барања, или премногу обемни,за сите години освен за прва година.                                                                                                                                                    
  • Нема прилагодени наставни програми задеца со посебни образовни потреби вклучени во редовната настава.
  • Училиштето не е во можност секогаш да обезбеди услови завклучување на учениците од семејства со низок социо-економскистатус во воннаставните активности.
  • Нема финанскиска поддршка за средства како училиштен весник, радио и сл. кои ќе служат за афирмирање на воннаставните активности и на продуктите од нив.
  • Недоволно учество на родителите во иницијативи за измена и дополнување на наставните планови   и програми.
  • Немање на учебни помагала соодветни на новите дизајнирано модулирани програми.

Опфатеност на учениците со воннаставните активности

Поголем број од учениците во училиштето се опфтени во разни вон-наствни активности, сопствен избор и интерес на самите ученици;

Вклученост на учениците во изборот и планирањето на работата во воннаставните активности

Учениците се вклучуваат во воннаставните активности по сопствен избор, нема изготвено посебна стратегија на ниво на училиштето.

Афирмирање на учениците и на училиштето преку воннаставните активност

 

Силни страни

Слаби страни

Дополнителни дејствија: (приоритетни области кои може да бидат содржани во Планот за развој на училиштето)

-        Да се преземат активности и иницијатива за промена на наставните планови и програми, во смисла на нивно осовременување со можност да се земаат во предвид образовните потреби на учениците.

Самоевалуација на училиштето: ОУ „Перо Наков“                 Подрачје : Постигнувања на учениците

    

Во евалуацијата на ова подрачје треба да одговорите на што е можно поголем број од главните прашања. Можете да додадете и одговори на други прашања кои сметате дека се важни за вашето училиште а не се опфатени во рамката за самоевалуација.

Треба да направите обид да ги вклучите колку што е можно сите клучни фактори во вашето училиште и во локалната заедница и каде потребно да внимавате на родовите односи кои може да влијаат на квалитетот на учење и настава во вашето училиште. Не се потпирајте само на пишани документи.

Обезбедете да податоците собрани во оваа област исто така вклучуваат колку што е можно и пишани коментари, набљудувања и визуелни докази.

Оддели во рамките на подрачјето:

2.1 Постигања на учениците

2.2 Задржување/осипување на учениците

2.3 Повторување на учениците

Собирање на податоци (Кои податоци се собрани: Кои методи се користени).

Обработка на документи        

 

Наведете ги сите документи кои се прегледани.

Кои информации се собрани?

 

2.1.

* Записници од наставнички совети за секој квалификационе н период

*изготвен распоред за дополнителна и додатна настава за секој предметен наставник поодделно

* увид во записниците од педагошко - психолошката служба од разговорите водени со ученици, родители, класни раководители и предметни наставници

* извештаи од спроведени групни и индивидуални советувања на родители

       Целокупната работа на училиштето како и крајната цел се високи постигнувања на учениците, кои се темелат пред се на индивидуализацијата на наставата, при што повратната информација од наставникот треба да биде мотивирачка, педагошката функција да го поткрепува животниот оптимизам, да го подигнува нивото на очекувања и да насочува кон поголема активност што води кон позитивен развој на личноста. Исто така креирањето на училишна политика, вреднувањето и оценувањето во наставниот процес, пред се се насочени кон подобрување на постигнувањата на учениците во целина преку: поттикнивање и пофалба, со понатамошни сугестии совети или навестувања за тоа како може ученикот да биде поуспешен, со дијагноза (како да се отстранат одредени недостатоци) и со индивидуално поставување на цели, при што се земаат предвид способностите и вештините на секој ученик. За подобрување на постигнувањата на учениците во голема мерка влијаат следните фактори: модернизација на дидактичко-техничките и педагошките основи во училиштето; мултимедијален пристап во реализирањето на наставата, кадровска оспособеност и екипираност за тимска работа; усвојување на менторски принцип на работа; флексибилност во времето на реализација на воннаставните активности; истражувачки пристап во решавање на задачите и проблемите.

       Навременото и континуирано оценување на учениците и активната соработка со родителите и нивното навремено информирање, се форми за подобрување на постигнувањата на учениците. Евидентираните податоци за постигнувањата и успехот на учениците, во континуитет им се соопштуваат на учениците и на родителите, за секој класификационен период или по потреба. Родителите врз основа на потребите и можностите преземаат активности за подобрување на напредокот на своите деца. Постојаната и севкупна евиденција за успехот на учениците, ја водат раководителите на паралелки, а на советите на паралелки изложуваат сознанија и статистички податоци за успехот на учениците од својата паралека, истакнуваат проблеми во врска со постигнувањата на некои ученици доколку постојат или истакнуваат ученици кои побрзо напредуваат и постигнуваат надпросечни резултати.

Во контекст на тоа, во континуитет, се следи напредокот на учениците, а подлабоки анализи се прават на класификационите периоди, при што се донесуваат предлог мерки на секој наставнички совет за подобрување на постигнувањата на учениците, кои опфаќаат:

- .организирање и реализирање на дополнителна настава на ученици со послаб успех по одреден наставен предмет

- За учениците кои имаат послаби резултати во учењето или имаат потешкотии во совладувањето на задолжителните предмети : -се организира дополнителна настава во текот на учебната година; -продолжителна настава доколку учениците на крајот од учебната година имаат слаби оценки; Предметните наставници, за реализирање на дополнителната настава изготвуваат редуцирана наставна програма, адаптирана на потребите на учениците заради кои се реализира наставата. Oрганизирање и реализирање подготвителна-консултативна настава, за учениците кои се упатуваат на поправен испит и испит на годината.

- .Организирање и реализирање на додатна настава за талентирани ученици Додатната настава се организира и реализира за учениците кои имаат потреба од проширување и продлабочување на знаењата по поедини наставни предмети, дисциплини и области.

Во неа се вклучени ученици кои во редовната настава постигнуваат надпросечни резултати и покажуваат надареност и талентираност за одделни наставни предмети и подрачја. Во додатната настава доминира истражувачкиот пристап во решавање на задачите и проблемите, работа во мали групи од теоретска и практична природа, самостојна работа на учениците и експериментирање, подготовки за натпревари на општинско, државно и меѓународно ниво. Во текот на годината се реализира и додатна настава со учениците од четврта година со цел успешно да ги совладаат содржините за интерните и екстерните испити од матурата како и во подготовката на проектните задачи.

- Спроведување на Практична настава каде учениците имаат можност да ги применат и спроведат стекнатите знаења.

- Соработка со педагошко-психолошката служба за подигање на квалитетот на наставата, зголемување на мотивираноста на учениците за постигнување повисоки резултати, изноаѓање алтернативни методи за проверка на знаењата на учениците и сл.

- Иизвестување на родителите за успехот на секој ученик поединечно за секој класификационен период или по потреба.

- Договарање на термини за одговарање и поправање на оцените на оние ученици кои имаат сериозни потешкотии со обемноста на материјалот или со тежината на истиот.

- Спроведување на групни и индивидуални советувања на родители и ученици кои имаат послаб училишен успех.

Во нашето училиште се спроведува систематско собирање, анализирање и вреднување на постигнувањата на учениците по наставни предмети, со цел поуспешна, посоодветна и поквалитетна работа на наставниот кадар и учениците.

Како резултат на тие анализи, се доаѓа до сознанија колку учениците им се доближиле на поставените цели или ги постигнале истите според определени критериуми. Врз основа на добиените резултати и направените анализи се донесуваат препораки и заклучоци за идни мерки и активности.

Од направените анализи на крајот на учебните 2018/19 и 2019/20 години, добиени се следните резултати:

СТАТИСТИЧКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОСТИГНАТИОТ УСПЕХ НА КРАЈОТ НА УЧЕБНАТА 2019/20 ГОД

  1. 1.Бројна состојба на учениците:

2018/2019

Запишани

Придошле

Отпишани

Останале

М

Ж

ВК

М

Ж

Вкупно

М

Ж

Вкупно

М

Ж

Вк

Прва година

54

74

128

   

1

   

4

52

73

125

Втора година

54

83

137

   

6

   

1

59

83

142

Трета година

51

91

142

   

0

   

6

48

88

136

Четврта година

51

84

135

   

0

   

1

50

84

134

ВКУПНО

210

332

542

   

7

   

12

209

328

537

                           

Табеларен преглед за запишани ученици, на македонски наставен јазик , 2018/2019по струки:

струка

година

бр.на паралелки

вкупно ученици

машки

женски

Текстилно-кожарска

I

2

17

4

13

Економско-правна и трговска

I

6

111

50

61

Вкупно I година

 

8

128

54

74

Текстилно-кожарска

II

2

20

6

14

Економско-правна и трговска

II

6

117

48

69

Вкупно II година

 

8

137

54

83

Текстилно-кожарска

III

2

22

8

14

Економско-правна и трговска

III

6

120

43

77

Вкупно III година

 

8

142

51

91

Текстилно-кожарска

IV

2

25

5

20

Економско-правна и трговска

IV

6

110

46

64

Вкупно IV година

 

8

135

51

84

Вкупно -Текстилно-кожарска

 

8

84

23

61

Вк.-Економ.правна и трговска

 

24

458

187

271

Вкупно од I-IV година

 

32

542

210

332

2018/2019

Запишани

Македонци

Запишани

Срби

Запишани

Роми

Останати

М

Ж

ВК

М

Ж

ВК

М

Ж

ВК

М

Ж

ВК

Прва година

50

68

118

2

4

6

0

1

1

0

0

0

Втора година

59

74

133

0

8

8

0

2

2

0

0

0

Трета година

44

77

121

4

10

14

0

0

0

0

1

1

Четврта година

47

71

118

3

12

15

0

1

1

0

0

0

ВКУПНО

200

290

490

9

34

43

0

4

4

0

1

1

                           

2019/2020

Запишани

Придошле

Отпишани

Останале

М

Ж

ВК

М

Ж

Вкупно

М

Ж

Вкупно

М

Ж

ВК

Прва година

48

88

136

   

3

   

3

49

87

136

Втора година

52

73

125

   

3

   

4

52

72

124

Трета година

57

83

140

   

0

   

1

57

82

139

Четврта година

47

87

134

   

0

   

4

44

86

130

ВКУПНО

204

331

535

   

6

   

12

202

327

529

                           

Табеларен преглед за запишани ученици, на македонски наставен јазик 2019/2020-– по струки

струка

година

бр.на паралелки

вкупно ученици

машки

женски

Текстилно-кожарска

I

3

45

21

24

Економско-правна и трговска

I

6

91

27

64

Вкупно I година

 

9

136

48

88

Текстилно-кожарска

II

2

17

4

13

Економско-правна и трговска

II

6

108

48

60

Вкупно II година

 

8

125

52

73

Текстилно-кожарска

III

2

24

10

14

Економско-правна и трговска

III

6

116

47

69

Вкупно III година

 

8

140

57

83

Текстилно-кожарска

IV

2

20

7

13

Економско-правна и трговска

IV

6

114

40

74

Вкупно IV година

 

8

134

47

87

Вкупно -Текстилно-кожарска

 

9

106

41

65

Вк.-Економ.правна и трговска

 

24

429

162

267

Вкупно од I-IV година

 

33

535

204

331

2019/2020

Запишани

Македонци

Запишани

Срби

Запишани

Роми

Останати

М

Ж

ВК

М

Ж

ВК

М

Ж

ВК

М

Ж

ВК

Прва година

17

47

64

1

8

9

0

1

1

0

1

1

Втора година

47

68

115

2

2

4

0

0

0

0

1

1

Трета година

48

73

121

0

6

6

0

0

0

0

1

1

Четврта година

38

79

117

1

5

6

0

0

0

0

1

1

ВКУПНО

150

267

417

4

21

25

0

1

1

0

4

4

                           
  1. 2.Успех на учениците:
 

2018/2019

     %

2019/2020

     %

Одлични

115

 

123

 

Многу добри

158

 

166

 

Добри

203

 

203

 

Доволни

23

 

22

 

Вкупно

499

92,92

514

97,16

Со 1 слаба

17

 

12

 

Со 2 слаби

13

 

1

 

Со три и повеќе

3

 

0

 

Вкупно со слаби

33

6,15

13

 

Неоценети

0

 

0

 

Год на образов.

2018/2019

Вкупно ученици

Вк. без слаби

Со слаби оценки

Вкупно со слаб.

испит на год.

среден успех

Со 1сл.

Со 2сл

со 3и повеќ.

I

125

107

8

7

3

18

0

3,59

II

142

136

1

4

0

5

1

3,50

III

136

129

7

0

0

7

0

3,61

IV

134

127

3

3

0

6

1

3,54

Вкупно:

537

499

19

12

3

36

2

3,56

Год на образов.

2019/2020

Вкупно ученици

Вк. без слаби

Со слаби оценки

Вкупно со слаб.

испит на год.

среден успех

Со 1сл.

Со 2сл

со 3и повеќ.

I

136

135

1

0

0

1

 

3,72

II

124

120

4

0

0

4

 

3,65

III

139

131

7

1

0

8

 

3,58

IV

130

130

0

0

0

0

 

3,93

Вкупно:

529

496

12

1

0

13

 

3,72

  1. 3.Квалитет на оценките: 2019/2020

оценки

вкупно

Во %

Одлични- (5)

123

 

Многу добри - (4)

166

 

Добри – ( 3)

203

 

Доволни – (2)

22

 

Вкупно позитивни

514

97,16

Негативни – (1)

14

2,46

Неоценети

0

 

СПОРЕДБЕНИ АНАЛИЗИ ПО ОДНОС НА УСПЕХОТ И РЕДОВНОСТА НА УЧЕНИЦИТЕ

        

Успех по години:

2018/2019

2019/2020

Прва година - I

3,59

Прва година - I

3,72

Втора година -II

3,50

Втора година -II

3,65

Трета година - III

3,61

Трета година - III

3,58

Четврта година

- IV

3,54

Четврта година - IV

3,93

Среден успех на ниво на училште – I – IV-2019

3,56

Среден успех на ниво на училште – I – IV-2020

3,72

  

Редовност на учениците

Година

на образование

оправдани

неоправдани

вкупно

по ученик

 

2018/

2019

2019/

2020

2018/

2019

2019/

2020

2018/

2019

2019/

2020

2018/

2019

2019/

2020

I

5 167

3 043

717

278

5 887

3 321

47,7

24,419

II

9 672

4 471

982

586

10 654

5 057

75,03

40,789

III

9 391

6 978

1 116

714

10 507

6 133

77,26

44,12

IV

11 053

8 365

1 047

923

12 100

9 288

90,30

71,45


Вкупно:

35 283

22 857

3 862

2 501

39 145

23 799

72,90

44,99

Изречени   Педагошки мерки - ПИСМЕНИ ОПОМЕНИ ОД

 

Класен

раководител

Наставнички совет

Наставнички совет-отстранување

 

2018/

2019

2019/2020

2018/

2019

2019/

2020

2018/

2019

2019/

2020

I

8

8

1

2

1

0

II

21

19

7

8

0

0

III

13

16

4

2

0

0

IV

26

7

11

5

0

0

вкупно

68

50

23

17

1

0

Поведение

 

примерно

добро

незадоволително

 

2018/

2019

2019/

2020

2018/

2019

2019/

2020

2018/

2019

2019/

2020

I

113

64

6

6

5

3

II

113

105

22

10

7

5

III

103

111

19

14

11

2

IV

107

107

15

10

12

6

Вкупно

436

387

62

40

35

16

 

Заклучоци од статистичките извештаи за перидот 2018-2020 год.:

увид во записниците од педагошко - психолошката служба од разговорите водени со ученици, родители, класни раководители и предметни наставници

ЗАКЛУЧОЦИ од статистичките извештаи за перидот 2018-2020 год.:

  1. Во учебната 2018/19 во прва година запишани се вкупно 125 ученика, а во учебната 2019/20 година во прва година запишани се вкупно 136 ученика . Toa покажува дека бројот на запишани ученици се благо се зголемува но постојат голем број слободни места.
  2. Во учебната 2018/19 од прва до четврта година запишани се вкупно 542 ученика ,а на крајот на учебната година останале 537 ученика. А во учебната   2019/20 година запишани се вкупно 535 ученика ,а на крајот на учебната година останале 529 ученика. Генерално земено бројот на учениците се намалува.
  3. Постои опсипувсње на учениците, односно оваа година дошле 6 ученика а си заминале 12 ученика, а минатата година дошле 7 , а си заминале 12 ученика .
  4. Според националност во Нашето училиште освен македонци, се запишани и срби, роми и други и сите уживаат еднакви слободи и права во училиштето.
  5. Средниот успех на ниво на училиште е зголемен, односно 2018/19 е 3,56, а   во учебната 2019/20 3,72 , што дава основа да заклучиме дека трендот на постигнувања во училиштето е стабилен.

· Квалитетот на оценките (процентуално се дадени вкупно одлични, мн. добри, добри, доволни и со слаби.

  • Успехот на учениците по години (I, II, III, IV) во кој се споредува со претходната година,
 

Извештај за државна и училишна матура

    2.1.2 ИЗВЕШТАЈ ОД СПРОВЕДЕНА ДРЖАВНА МАТУРА И ЗАВРШЕН ИСПИТ ВО УЧЕБНАТА 2018/19 ГОДИНА

Во учебната 2018/2019 година вкупно државна матура имаат пријавено 130 ученика од кои 127 се редовни и 3 се вонредни ученици.Завршен испит имаат пријавено 20 ученика од кои 7 се редовни и 13 се вонредни.

Во јунски испитен рок со диплома за државна матура се стекнаа 124 ученика кои се редовни ученици. Со диплома за завршен испит се стекнаа 17 ученика, од кои 7 редовни и 10 вонредни ученика.

Во августовски испитен рок, државна матура имаат пријавено 4 ученици и тоа 3 редовни и 1 вонреден ученик. Завршен испит имаат пријавено 5 ученика и тоа вонредни

.

Клас

Пријавено јуни

Положено јуни

Пријавено август

ДМ                   ЗИ

ДМ                   ЗИ

ДМ            ЗИ

IV-1

18

2

18

2

/

/

IV-2

/

5

/

5

/

/

IV-3

23

/

23

/

/

/

IV-4

25

/

25

/

/

/

IV-5

19

/

16

/

3

/

IV-6

11

/

11

/

/

/

IV-7

12

/

12

/

/

/

IV-16

19

/

19

/

/

/

вонредни

3

13

/

10

1

5

вкупно

130

20

124

17

4

5

Број на пријавени кандидати по предмети - државна матура ( редовни и вонредни )

Ред

број

предмет

редовни

вонредни

вкупно

1

Англиски јазик

99

2

101

2

Бизнис

81

1

82

3

Историја

40

2

42

4

Економија

61

1

62

5

Математика

34

1

35

6

Трговијаи трговско работење

12

/

12

7

Секретарско таботење

10

/

10

8

Обликување на облека

17

1

18

9

Маркетинг и маркетинг менаџмент

6

/

6

10

Право

20

/

20

11

Цртање/цртање и сликање

1

/

1

Број на пријавени кандидати по предмети - завршен испит ( редовни и вонредни )

Ред

број

предмет

редовни

вонредни

вкупно

1

Конструкција и моделирање на облека

3

/

3

2

Моделирање

2

5

7

3

Технолигија на конфекционирање

/

4

4

4

Економија

/

2

2

5

Маркетинг и маркетинг менаџмент

/

1

1

6

Технологија на изработка на обивки

/

1

1

7

Обликување на облека

2

/

2

Број на пријавени предмети како интерен дел -     од државна матура и завршен испит

Ред

број

предмет

редовни

1

Обликување на облека

20

2

Цртање/цртање и сликање

1

3

Моделирање

7

4

Конструкција и моделирање на облека

3

 

Технологија на конфекционирање

4

5

Економија

64

6

Право

20

7

Секретарско таботење

10

8

Трговија и трговско работење

12

9

Маркетинг и маркетинг менаџмент

7

10

Технологија на изработка на обувки

1

 

вкупно

149

  

ИЗВЕШТАЈ ЗА ДРЖАВНА И УЧИЛИШНА МАТУРА ВО УЧЕБНАТА 2019/20 ГОДИНА

Учебната 2019 /2020 година имаше непредвиден прекин поради појавата на вирус COVID 19 и наставата од 10 март 2020 година продолжи да се одвива преку системот на далечинско учење или (online nastava)

.  Вирусот го оневозможи и полагањето на матурата .

     Учениците ги одбранија проектните задачи. Оценките од проектната не се запишани во дипломата како што беше случај претходните години и на учениците им се овозможи непречено запишување на факултет.

 
       

Евиденција од

педагошко-психолошка слушба

Извештај од

Дефектолог   Ленче Јовановска

Психолог Споменка Трајчева

Годишна програма за работа на училиштето

Годишна програма за работа на училиштето

Годишна програма за работа на училиштето

Годишен извештај за учебна 2019-2020 година

Годишна програма за работа на училиштето

Годишна програма за работа на училиштето

Годишен извештај

  1. .

2.1.3. Како се следи напредокот и постигнувањата на учениците кои имаат потешкотии во учењето и постигањата на учениците со посебни   образовни потреби?

      

Колкав е бројот на запишани ученици со посебни образовни потреби?

Во учебната 2018/2019 година ,од вкупниот број на ученици 847 во СОУ„Перо Наков“- Куманово (539ученици во паралелките на Македонски наставен јазик и 308 во паралелките на Албански наставен јазик), се идентификуваат следниве ученици со потешкотии во учењето:

  • Според горенаведеното, во училиштето имаме вкупно 6 ученици кои се класифицирани како ученици со посебни образовни потреби (во понатамошен текст ПОП), за кои родителите/ старателите имаат доставено наод и мислењето, издадено од соодветна комисија за категоризација на лица со психофизичка попреченост, и тоа: 1 ученик со дијагноза: најтежок степен на оштетување на слухот(глувост), 1 ученик со дијагноза : двострана тешка редукација на слухот над 80 db.Користи два слушни амплификатори, се развива стигматичен говор.1 ученик со дијагноза: лесна интелектуална попреченост,)1 ученик со дијагноза : аутизам (аутистичен спрктар на нарушувања ACH) и граничен случај (интелектуално ниво), 1 ученик со дијагноза: лесна интелектуална попреченост, 1 ученик со дијагноза : Даунов синдром и умерена интелектуална попреченост, четврта година;
  • Според горенаведеното, во училиштето имаме вкупно 5 ученици кои се класифицирани како ученици со посебни образовни потреби (во понатамошен текст ПОП), за кои родителите/ старателите имаат доставено наод и мислењето, издадено од соодветна комисија за категоризација на лица со психофизичка попреченост, и тоа: 1 ученик со дијагноза: потешка телесна инвалидност1 ученик со дијагноза: лесна попреченост во психичкиот развој; церебрална парализа; комбинирани пречки во развојот, 1 ученик со дијагноза: најтежок степен на оштетување на слухот(глувост), 1 ученик со дијагноза : двострана тешка редукација на слухот над 80 db.Користи два слушни амплификатори, се развива стигматичен говор.Има нормални, високо просечни интелектуални способности. 1 ученик со дијагноза : аутизам (аутистичен спрктар на нарушувања ACH) и граничен случај (интелектуално ниво)

Во учебната 2019/2020 година Од вкупниот број на ученици 820 во СОУ„Перо Наков“- Куманово (550ученици во паралелките на македонски наставен јазик и 270 во паралелките на албански наставен јазик), во паралелките на македонски наставен јазик, се идентификуваат следниве ученици со потешкотии во учењето:

Училиштето има развиен систем за идентификација и поддршка на учениците кои имаат наод и мислење од страна на комисија за категоризација при Завод за ментално здравје „Младост“ – Скопје и Завод за рехабилитација на слух, говор и глас –Скопје, како и за учениците кои можат да се идентификуваат како ученици со потешкотии во учењето на кои им е потребна поголема помош и поддршка, не само од предметните наставници во училиштето и стручната служба, туку и од други институции од локалната заедница со кои училиштето остварува добра соработка и координација.

Горенаведените ученици со ПОП следат редовна настава на мајчин јазик, но редовната програма е адаптирана во однос на нивните способности, потреби и психофизички капацитети.

Со учениците со наод и мислење, се применуваат краткорочни, среднорочни и долгорочни цели во рамки на индивидуалниот образовен план (во понатамошниот текст – ИОП), преку кои се реализираат општите цели на секој наставен предмет, одделно. ИОП-от е изработен пред почеток на учебната година, со извесни промени во текот на првото тримесечје. Во изработката учествуваа сите предметни наставници, инклузивниот тим, психолошко-педагошко-дефектолошката служба и родителите на учениците со ПОП.

Секој план е потпишан и одобрен од претходноспоменатите стручни лица (во фазата пред да почне да се применува), а потоа разгледан и одобрен од родителите. За секој ИОП се врши евалуација од истите на лица, најмалку два пати годишно, по завршување на првото полугодие и финална евалуација на крај на учебната година. Паралелно, со секој ученик се применува индивидуален третман со дефектолозите, преку кој се надополнуваат недостатоците од фронталната настава и индивидуалниот пристап за време на часовите.

Овие ученици максимално се интегрирани во сите активности, наставни и воннаставни, во училиштето, како на пример: во активностите за одбележување на патрониот празник на училиштето (со рецитали), новогодишен базар, изработки за Нова година, по повод 8-ми март итн. Дефектолозите и инклузивниот тим имаат солидна соработка и со родителите кои учествуваат во полесно совладување на наставните содржини на учениците и редовно даваат свои предлози и идеи за поголема функционалност на индивидуалната програма.

  • Во училиштето се примени и ученици за кои особено е видлива потребата од стручно лице-дефектолог и психолог, но за нив родителите/старателите немаат поднесено наод и мислење, или било каква медицинска белешка врз чија основа би можеле да примениме ИОП.

Ученици на кои им е потребна посебна подршка:

 

2018/2019

2019/2020

година

М

Ж

Вкупно

М

Ж

Вкупно

I-прва

   

2

   

3

II - втора

   

2

   

3

III – трета

   

5

   

4

IV четврта

   

6

   

6

вкупно

   

15

   

16

Гледано нумерички, 2018/2019 година во паралелките на Македонски наставен јазик имаме вкупно 15 ученици за кои е потребна посебна поддршка, освен од стручните лица во училиштето, туку и од ЦСР, Општа болница, родителите.

Гледано нумерички, 2029/2020 година во паралелките на Македонски наставен јазик имаме вкупно 16 ученици за кои е потребна посебна поддршка, освен од стручните лица во училиштето, туку и од ЦСР, Општа болница, родителите

Дел од горенаведените ученици покрај работата со наставниците и родителите, 2-3 пати неделно доаѓаат на индивидуална работа со дефектолозите или на советување во стручната служба, каде што се посветува посебно внимание за нивните потреби, покрај образовната поддршка, се става посебен фокус на когнитивната стимулација, поттикнување на развој на целокупната психомоторика, внимание, концентрација, како и ориентација во време и објективен простор.

         Ваквиот начин на работа, соработката помеѓу стручната служба, наставниците и родителите, како и целата поддршка која децата со ПОП ја добиваат од училиштето, допринесува до намалување или надминување на пречките на кои наидуваат во образовниот процес – преку посебни методи и начини на работа, учениците полесно ги совладуваат наставните цели, со што кај нив се зголемува нивната мотивација за учење, самодовербата и развој на селф-концептот.  

Во поглед на социјализацијата се организраат еднодневни излети и екскурзии во организација на самото училиште, како и земањена учество во бројни училишни активности, претстави и манифестации, учениците со потешкотии одлично се вклопуват во училишната средина, делумно се прифатени од одтанатите ученици, а со тоа се спречува појава на стигматизација и етикетирање на учениците кои отстапуваат од невротипичната популација, а се зголемуваат и развиваат нивните социјални вештини.

Вистинскиот проблем со кој се соочуваат речиси сите училишта, е документацијата за децата со ПОП издадена од стручните установи, кои имаат за   цел проценка на состојбите и можностите на учениците, а воедно и полесно планитање на начинот и методите на работа со овие ученици за време на наставата. И покрај придобивките од документацијата, сепак, родителите не секогаш ја приложуваат целосната документација од мед.специјалисти, најверојатно плашејќи се од социјална стигматизација на нивното дете.

            Според тоа, ние од почетокот на учебната 2018/2019 идентификувавме32 ученици со различни потешкотии во учењето (македонски и албански паралелки), за 6 од нив имаме наод и мислење а само за 4   е изготвен ИОП, за останатите 2 ученика родителите не дадода согласнот,   додека за останатите 26 (и од македонски, и од албански паралелки), немаме никаков документ, одвен дефектолошко-психолошка процена за интерна употреба.

          .

Според тоа, во првото полугодие од учебната   2019-2020 идентификувавме 21 ученици со различни потешкотии во учењето во паралелките на македонски наставен јазик, за 5 од нив имаме наод и мислење, а само за 3 е изготвен ИОП од старна на насатвници, за останатите 2 ученика родителите не дадода согласнот, додека за останатите 16 ученици од македонски наставен јазик има дефектолошко-психолошка процена за интерна употреба и записници од разговори со овие ученици, наставници и родители.

  

2.1.4Кои се постигнувањата на учениците од нашето училиште во воннаставните активности?

Извештај од спроведени активности

(преглед на учество и освоени награди на натпревари за 2019/2020)

Учество на повеќе натпревари и тоа на државно и локално ниво, меѓу кои КОНКУРС ЗА МЛАДИ ПОЕТИ на слободна тема од Агенцијата за млади и спорт- Конкурс за најдобар есеј на тема Зошто сакам да останам во Македонија од Граѓанска иницијатива Сакам да останам,- Литературен конкурс на теми: Мигот на моето постоење; Бојата на љубовта, од Друштво на писателДржавен натпревар - Поетски конкурс на 52. Детски Рацинови средби на тема Белите мугри во светлината на денот.Учесник и наградена:Ивона Каранфиловска и,- Литературен натпревар Библиотека „Тане Георгиевски“ - Куманово по повод „Месецот на книгата" на 21.10.2019г, на тема: Книгата ни носи непознати пријатели - Литературен конкурс по повод патронатот на СОУ „Перо Наков“, на 12.11.2019 г, -.Конкурс за литературни творби на тема Гулаб со гранче маслина, организиран од Локален совет за превенција на Општина Куманово по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март,- Онлајн државен натпревар Образовно рандеву во категорија Јавно говорење и Најдобра поетска творба, организиран од МАССУМ, април, 2020. Учество на литературен конкурс за средношколски есеи, организиран од Славјанскиот универзитет во Свети Николе, април, 2020. Учество на Државниот рецитаторски натпревар организиран од Сојузот на друштвата   за македонски јазик и литература, и   учество на други натпревари -  како Ментор   се јавува наставник Елена Георгиевска

Ученичката Ивона Каранфиловска освои двапати ПРВО МЕСТО за најдобра прозна творба.ВТОРОМЕСТО за најдобра прозна творба. Ученичката Сара Манасиевска од IV 4, наградена за Јавен говор со ТРЕТО МЕСТО – Ментор наставник Елена Георгиевска Учество на МАССУМ - најдобра поетска творба. Учесник Анастасија Стојановска

Други активности : Посета на театарска претстава „Макбет“ во Театар Куманово,- Подготовка и учество на општински литературен натпревар распишан по повод Месецот на книгата од Библиотеката „ Тане Георгиевски “ од Куманово,- Посета на Меѓународниот саем на книгата во Белград,- Учество на „ Рацинови средби“ ,- Учество во Јавна дискусија на тема „Воведување на медиумска писменост во образованието“ во организација на Македонскиот институт за медиуми и Влада на РСМ. Активноста се одржа во Библиотека „ Св. Климент Охридски“ Скопје. Учествуваа ученици од втора и четврта година со наставниците: Фросина Милошевски и Елена Георгиевска.

Наставникот Оливера Н, Китановска како ментор-.Учество на конкурс за најдобра поетска творба на тема: Боите на љубовта, организиран од   „Друштвото на писателите“ од Кумано и освоено прво место од страна на ученичката Тамара Даневска од I-2. Учество на конкурс за најдобра поетска творба,организиран од библиотека„Тане Георгиевки“ и освоено второ место од страна на ученичката Тијана Пуриќ од I-2. 3.Учество на конкурс за најдобра прозна творба, организиран за Патронен празник на нашето училиште и освоено трето место од страна на ученичката Стефани Денковска од I-9. Учество на конкурс за најдобра поетска творба,организиран од МВР Куманово и освоена награда од страна на ученикот Антонио Благоевски од I-9

.

2. Англиски јазик

Учество на училишен натпревар по англиски јазик и освоено прво место на ученичката Марта Манасиевска од II 7, Ментор во драмска секција на училиштето,– учество на училишен натпревар по англиски јазик по повод Патронен празник на училиштето на којшто ученичката Јована Петковска од II 3 освои второ место, а ученичката Јована Павловска од II 4 освои трето место.,- Учество на училишен натпревар за учество на општински натпревар, каде што ученичките Јована Павловска и Дајана Ивановиќ се пласираа за општински натпревар. Меѓутоа, поради состојбата со пандемијата, сите општински и државни натпревари беа откажани. - учество на меѓународен натпревар организиран од страна на издавачка куќа Oxford University Press – Англија, за изработка на постер со порака. На натпреварот учествуваа 8 ученика од II 3, II 4 , II 1 паралелка. Како ментори се јавуваа наставници. Александра Георгиевска и Бојана Ивановска -Димитриевска

3. Руски јазик

Учество ма XIII Меѓународен фестивал за детско литературно творештво, Санкт-Петербург, Руска Федерација. Учесници : Димковска Катерина IV6 и Стојименовска Милена IV6. Учество на Годишен Меѓународен фестивал на рускиот јазик во Москва. Учесници: Петрушевска Магдалена III5 и Величковска Клаудија III7. Како ментор се јавува наставникот Биљана Коцевска.

4. Извештај од актив од текстилно-кожарска струка ( Актив текстил кожа и слични производи)

Во ноември месец 2019 година е реализирана посета на „Босут“- фабрика за текстил Наставници Розана Деспотовиќ и Марина Радевска беа во посета со ученици од трета година –конфекциски техничар и техничар за дизајн на облека со цел учениците да се запознаат со современо производство на комјутеризирани современи машини. Учениците од оваа струка беа ангажирани во изработка на групна маска за Струмички карневал која што требаше да се одржи на 14.03.2020 заедно со останатите три средни училишта од градот.

Наставникот по стручни предмети од струката -Текстил,кожа и слични производи, Анета Грујиќ - На 13.11.2019 година со учениците од I-2 и I-3 ја посетија Компанијата Де Марко од Куманово, која се занимава со производство на обувки

По повод "Месецот на книгата во просториите на библиотеката Тане Георгиевски Куманово се одржа ликовен натпревар на кој учествуваа ученици од СОУ Перо Наков. Ученичката Симона Трајановиќ го освои третото а ученикот Матеј Божиновски го освои второто место . Завршната манифестација и доделувањето на наградите по повод "Месецот на книгата" се одржа во Гимназијата „Гоце Делчев" Куманово.

Од 8-10.11.2019 година во Музеј на град Скопје се оддржа традиционалната Меѓународна изложба на иновации, пронајдоци, патенти, индустриски дизајн, истражувачки проекти и младинско креативно творештво 40 по ред МАКИНОВА и придружена по 17 пат со ЕКОНОВА на који што вкупно учествуваа 112 учесници од кои 38 учесници од соседните држави БИХ, Црна Гора и Србија и 78 учесници од Македонија.. Учениците од СОУ Перо Наков учетвуваа на овј натпревар со изработени костими скулптури и слики.Ментори: Маја Вељковиќ Димковска и Николина Николовска

По повод божиќните и новогодишни прослави во Католичката Гимназија во Бања Лука се одржува Божиќ Фест 2019 на кој со сликарски платна на тема божиќ учествуваа повеќе ученици од профилот Техничар за дизајн на облека.Трето место на ликовниот конкурс во категорија слики пристигнати од други држави , го освои Матеј Божиновски II-1   а прво место освои Дејвид Драгевски IV-1. Ментор - Маја Вељковиќ Димковска

5. Извештај од активот од економско-правна и трговска струка

Учество на online конференција „Think global, entrepreneur local“ организирано од страна на партнерско училиште од Турција. Ивана Близнаковска Доцевска и Александра Георгиевска

Учество на „Еразмус+ Крос 2019“ заедно со 9 ученика и наставниците Ивана Близнаковска Доцевска и Александра Георгиевска

На 05. 12. 2019 година на државен натпревар Лидер на струка, кој се одржа во Средното училиште Васил Антевски – Дрен,   учествуваа ученичките Мартина Русевскакоја која го освои второ место за образовен профил Деловен секретар и Мила Трајковска од IV 7 клас која го освои четврто место Ученичките беа под менторство на натавникот Марина Златковска. На овој државен натпревар учествуваа ученици и од образовни профили: економки техничар и банкарски техничар, под менторство на проф Гордана Ж. Стојановска и Фросина Николовска.

Во рамките на програмата „ Отворен Ден “ на Собранието на РМ,   на 22. 09. 2019 година Нашиот Законодавен Дом го посетија група од околу 40   ученика заедно со предметните наставници Марина Златковска и Маргица Величковиќ.

По покана на Парламентарниот институт, Нашето учичиште зеде учество на онлајн виртуелната тура низ просториите на Собранието на РСМ. Имено, на 02 јуни 2020 година - со почеток во 11.00 часот, група од околу 50 ученици заедно со проф. Марина Златковска и Борис Антевски учествуваа на онлајн виртуелната тура низ Собранието

6. Извештај од спортски активности и резултати

Учениците заедно од сите години, под менторство на наставниците по Спорт и Спортски активности беа многу активни и учествуваа на многу спортски натпревари на кои се закитиа и со пригодни награди, и тоа:

- Учество на општински натпревар во футсал-женска екипа и го освои II-то место. 24.10.2019г

- На ден 30.10.2019г. се одржа општински натпревар во ракомет машка екипа и го освои II-то место.

- На ден 31.10.2019г. се одржи општински натпревар во футсал машка екипа и го освои III-то место.

- На ден 01.11.2019г. се одржа општински натпревар во ракомет женска екипа и го освои II- то место

- На ден 06.11.2019г. се одржа натпревар кошарка во машка и женска екипа и го освои II-то место во општината.

- На ден 7.11.2019г. се одржа турнир во футсал по повод 11 Ноември-Пехар за градоначалник и го освои III-то место.

- На ден 08.11.2019г. се одржа натпревар во одбојка со машка и женска конкуренција каде го освоија III-место женска екипа и II- место машка екипа

- На ден 14.11.2019 се одржа турнир во мал фудбал по повод Патрониот празник на училиштето. Четири екипи од сите генерации на ученици. I-во место екипа од втора година, II место екипа од четврта година, III-то место екипа од трета година.

- На ден 10.12.2019г. во просториите на МКЦ-Скопје се одржа завршен настан на активности од спортска секција, каде учествуваа учениците од прва до четврта година. Пред презентацијата беа запознаени сите присутни за реализираните активности во изминатиот период.

7. Извештај од други спроведени активности

Учество на преставници од ОСУ “Перо Наков”-Куманово во проектот “За подобро ментално здравје на младите”

На ден 21.09.2019 година нашето училиште активно се вклучи во еко-акција по повод Светскиот ден на чистење на отпадот. Во акцијата учествуваа ученици од еко тимот од сите четири години.Акцијата беше насочена кон расчистување на отпадот во училишниот двор, околу училиштето и околните згради во близина на училиштето. Истата беше организирана од организацијата „Не биди ѓубре“, GO green и Општина Куманово.

На ден 12.11.2019 год. по повод Патрониот празник на нашето училиште се спроведе еко-акција.Акцијата се спроведе преку расчистување на училишниот двор и разубавување на истиот со садење на есенско цвеќе. По повод патрониот паразник беа реализирани училишни натпревари по повеќе предмети: Македонски јазик, Математика, Спорет и спортски активности.

Заклучоци од статистичките извештаи за перидот 2018-2020 год.

- Во учебнните 2018/19 и 2019/20 година редовно се следи напредокот и постигнувањата на учениците кои имаат потешкотии во учењето     и постигањата на учениците со посебни   образовни потреби. Постои добра соработка меѓу оваа група ученици, предметните наставници и психолошко -педагошката служба и дефектологот во училиштето.

- Постигнувањата на учениците од нашето училиште во воннаставните активности се на високо ниво што покажува и извештај од спроведени активности. Имено учениците од сите образовни профили редовно учествуваат на многу натпревари и тоа на училишно, локално, регионално и државно ниво и постигнуваат солидни резултати заедно со нивните наставници – ментори.

 
   
   
   
   
         

Самоевалуација на училиштето:                                             Подрачје Постигнувања на учениците

Собирање на податоци (ii) кои други методи се користени за собирање на податоци? (пр. прашалници, анкети, набљудувања...)

Наведете ги другите методи кои се користени за собирање на податоци-

Анкета со

ученици кои

наставата ја

следат на

македонски наставен јазик

Тим за спроведување на анкетен

прашалник и

обработка на

добиените резултати

прашалник и

обработка на

добиените резултати

прашалник и

обработка на

добиените резултати

Вкупен број на анкетирани ученици 43

     Одговори од прашалник за родители:

82 % од родителите сметаат дека наставниците ги информираат учениците за нивните постигнувања. 69 % од родителите сметаат дека родителските средби се навремени, добро организирани и осмислени. 67 % од родителите сметаат училиштето систематски ја следи редовноста на учениците, ги анализира причините за отсуство од наставата и презема активности за зголемување на редовноста. 67 % од родителите сметаат дека училиштето ја почитува постапката за премин од едно училиште во друго, ги бара и ги доставува значајните информации за извршувањето на трансферот. 50 % од родителите сметаат дека училиштето има инструменти со кои ги следи постигнувањата на секој ученик по наставни предмети и квалификациони периоди, како и на ниво на училиште. 58 % од родителите се согласуваат дека најголем број на наставници од училиштето обезбедуваат поддршка во редовната настава за учениците кои имаат тешкотии во учењето.

Од овие одговори може да се заклучи дека родителите се добро информирани за успехот и редовноста на учениците, дека родителските средби се добро организирани, дека се следи редовноста на учениците и причините за тоа, дека се користат инструменти за следење на постигнувањата, како и тоа дека се почитува постапката за премин од едно во друго училиште.

67 % од родителите делумно се согласува дека при оценувањето се води сметка за индивидуалното напредување на учениците. 59 % од родителите делумно се согласуваат дека училиштето планира и презема конкретни активности за постојано подобрување на постигнувањата на учениците. 59 % од родителите делумно се согласува дека училиштето има стратегија за идентификување на надарени ученици и организира додатна настава за овие ученици. 58 % од родителите се согласуваат дека најголем број на наставници од училиштето обезбедуваат поддршка во редовната настава за учениците кои имаат тешкотии во учењето.Овие забелешки на родителите се поврзани со начинот на оценување на учениците, и колку наставниците им се поддршка на ученциите во случаи на подобрување на постигнувањата на учениците, водење сметка за индивидуалното напредување на учениците или постење на стартегија за работа со надарени ученици.

     Одговори на прашалник за ученици:

92 % од учениците се согласуваат дека родителските средби се навремени, добро организирани и осмислени. 87 % од учениците се согласуваат дека училиштето систематски ја следи редовноста на учениците, ги анализира причините за отсуство од наставата и презема активности за зголемување на редовноста. 68 % од учениците сметаат дека училиштето ја практикува примената на ИКТ во наставниот процес. 32 % сметаат дека треба повеќе ИКТ во наставата затоа што тие часови се поинтересни. 55 % од учениците смета дека училиштето во текот на целата учебна година, по сите предмети, реализира дополнителна настава за учениците кои имаат тешкотии во учењето. 45 % од учениците сметаат дека не одат редовно на овие дополнителни чаасови.   45 % од учениците се согласуваат дека училиштето промовира уверување дека постигнувањата на сите ученици можат да се подобрат.45 % од учениците се согласуваат дека училиштето планира и презема конкретни активности за постојано подобрување на постигнувањата на 31 учениците. 45 % од учениците сметаат дека училиштето ги поттикнува родителите на соработка со наставниците заради следење на напредувањето на своето дете. 41 % од учениците се согласуваат дека при оценувањето се води сметка за индивидуалното напредување на учениците.

Од гореневедените одговори може да се заклучи дека учениците се задоволни од организацијата на родителските средби, и од активностите кои училиштето плански ги реалзира за намалување на изостанувањето на учениците и подобрување на постигнувањата на учениците. Висок процент од учениците сметаат дека во училиштето се користи ИКТ и се реализира допонителна настава.

Одговори со помали проценти на согласување:

69 % од учениците делумно се согласуваат дека училиштето има инструменти со кои ги следи постигнувањата на секој ученик по наставни предмети и квалификациони периоди, како и на ниво на училиште. 64 % од учениците делумно се согласуваат дека наставниците ги информираат учениците за нивните постигнувања. 75 % од учениците делумно се согласуваат дека училиштето планира и презема конкретни активности за постојано подобрување на постигнувањата на учениците. 45 % од учениците делумно се согласуваат дека училиштето има стратегија за идентификување на надарени ученици и организира додатна настава за овие ученици. 60 % од учениците делумно се согласуваат дека најголем број на наставници од училиштето обезбедуваат поддршка во редовната настава за учениците кои имаат тешкотии во учењето. 52 % од учениците делумно се согласуваат дека забелешките и предлозите од учениците за подобрување на наставата се уважуваат и разгледуваат.

Овие одговори на учениците укажуваат дека тие делумно се согласуваат дека училиштето има инструменти со кои ги следи постигнувањата на секој ученик, по класификациони периоди., како и дека само делумно се информирани за своите постигнувања од старна ан наставниците. Тие истакнуваат дека само делумно постои стратегија за работа со надарени ученици и дека добиваат поддршка од наставниците кога имаат потешкотии при учењето. Само 32 половина од ученците делумно се согласуваат дека нивните предлози за подобрување на наставата се уважуваат.

Одговори од прашалник за наставници:

93 % од наставниците се согласуваат дека тие ги информираат учениците за нивните постигнувања. 90 % од наставниците се согласуваат дека наставниците преку интерактивни методи (прашања, дискусии, работа во групи) поттикнуваат соработка помеѓу учениците. 87 % од наставниците се согласуваат дека училиштето систематски ја следи редовноста на учениците, ги анализира причините за отсуство од наставата и презема активности за зголемување на редовноста. 87 % од наставниците се согласуваат дека училиштето во текот на целата учебна година, по сите предмети, реализира дополнителна настава за учениците кои имаат тешкотии во учењето, меѓутоа шченицитетеба редовно да ги посетуваат овие часови. 97 % од наставниците се согласуваат дека родителските средби се навремени, добро организирани и осмислени ипостои добра соработка со психолошко – педагошката служба.

57 % од наставниците се согласуваат дека дел од наставните содржини ги реализираат со примена на информатичка технологија. 83 % од наставниците се согласуваат дека училиштето промовира уверување дека постигнувањата на сите ученици можат да се подобрат.

80 % од наставниците се согласуваат дека при оценувањето се води сметка за индивидуалното напредување на учениците. 77 % од наставниците се согласуваат дека училиштето планира и презема конкретни активности за постојано подобрување на постигнувањата на учениците.

73 % од учениците се согласуваат дека најголем број на наставници од училиштето обезбедуваат поддршка во редовната настава за учениците кои имаат тешкотии во учењето. 57 % од наставниците се согласуваат дека училиштето има систем за идентификација на ученици кои имаат тешкотии во учењето или се ученици со посебни образовни потреби.

63 % од наставниците се согласуваат дека училиштето има стратегија за идентификување на надарени ученици и организира додатна настава за овие ученици. 63 % од наставниците се согласуваат дека наставниците користат разновидни наставни форми и методи со што ги мотивираат учениците да учат и да го постигнат својот максимум.50 % од наставниците се изјасниле дека понекогаш имаат потреба од стручна обука во врска со стандарди за оценување и нивно подобрување и усогласување меѓу образовните профили.

Од добиените одговори на наставниците може да се заклучи дека тие редовно ги информираат родителите и учениците за своите постигнувања, добро ги организираат и водат родителските средби, водат сметка за индивидуалното напредување на секој ученик и пружаат поддршка за учениците кои имаат потешкотии во учењето. Тие во голем процент сметаат дека реализираат допонителна и додатна настава и користат современи методи и техники за мотивирање на учениците за учење Наставниците се согласуваат дека дел од наставните содржини ги реализираат со примена на информатичка технологија Дел од наставниците се изјасниле дека понекогаш имаат потреба од стручна обука во врска со стандарди за оценување и нивно подобрување и усогласување меѓу образовните профили.

Самоевалуација на училиштето:                                             Подрачје Постигнувања на учениците

Собирање на податоци (ii) кои други методи се користени за собирање на податоци? (пр. прашалници, анкети, набљудувања...)

 

Дали и како училиштето врши споредување на тежински нивоа на резултатите од интерното оценување, по различни паралелки, по наставни предмети и по пол, од една учебна година до друга?

Училиштето врши споредување на тежинските нивоа на резултатите при интерното оценување за секој класификационен период. Анализите се вршат во рамки на стручните активи, континуирано во текот на целата учебна година. Секој актив во континуитет прави споредба по тежински нивоа согласно со Критериумите за оценување изготвени од БРО.

 

Колкав процент од учениците го завршуваат образовниот циклус? Ако не го завршуваат зошто?

Од анализите на статистичките извештаи од изминатите две години (100%) го завршиле образовниот циклус. Меѓутоа се зголемува бројот на ученици кои сакаат да учат вонредно. Учениците од четврта година поради тоа што се вработуваат го продолжуваат образованието вонредно.Овој процент на ученици се зголемува.

2.2 Осипување на учениците

Дали има идентификувани групи ученици (машки, женски, од определена етничка припадност, од економски сиромашни семејства, или други групи) кои повеќе се подложни на „осипување“ од училиштето?

Постои процент на осипување на ученицикои поради вработување го пролжуваат образованието вонредно или мал процент на ученици одат во друго училиште.

 

Дали наставниците користат доволнокритериуми за надгледување, следење и оценување на учениците!и дали тие се усогласени критериуми ?

Наставниците редовно и континуирано ја следат индивидуалната работа на учениците, но треба да се поработи околу усовршување на критериумите за оценување и нивно унифицирање. Треба да постои поголема соработка меѓу наставниците околу примена на наставните методи , техники и примена на ИКТ алатки.  

 

Како училиштето се обидува да се справи со проблемот?

Училитето по насока на МОН организира обуки во училиштето за наставниците, околу примена на критериуми за оценување! На 16 и 17.01.2020 год. (за време на зимскиот распуст) за сите наставници од СОУ „Перо Наков“ беше спроведена обука од 10 часа на тема: Вреднување и оценување на постигањата на учениците, критериуми на оценување и Блумова таксономија

2.3 Повторуање на учениците

Колку ученици ја повторуваат годината? Дали имате направено анализа за учениците што повторуваат по пол и етничка припадност и кои се резултатите? Објаснете зошто одредени групи на ученици се повеќе подложни на повторување?

Во изминатите две учебни години 2 ученика ја повторуваа годината.

Објаснете зошто одредени групи на ученици се повеќе подложни на повторување?

Ученици кои доаѓаат од одредени социјалани средини, односно семејства со еден родител или ученици кои имаат родител - старател се подложени на повторување.

Дали во вашето училиште постојат процедури да ученикот кој повторува може да поднесе жалба?

Во училиштето постојат процедури за поднесување на жалби од старна на ученик кој ја повторува годината. Поднесените жалби во рок од три дена од утврдувањето на успехот на ученикот се доставуваат на разгледување до наставничкиот совет кој по нив одлучува врз основа на Статутот на училиштето и Законот за средно образование.

Самоевалуација на училиштето:                                                                     Подрачје       Постигнувања на учениците

Резултати: Овде треба накратко да ги образложите вашите клучни јаки страни и слабости

ü

Клучни јаки страни

  • Информираност на учениците и родителите за постигнувањата на учениците во секој класификационен период;
  • Промовирање на инклузивно воспитание и образование како реформаторско начело кое ја почитува и негува различноста кај сите ученици
  • Постигнувања на високи резултати на учениците на ниво на училиште, локалнои државно ниво
  • статистичка обработка и анализа на податоците од постигнувањата и поведението на учениците
  • Организирање на дополнителна настава за учениците со потешкотии во совладување на наставни содржини
  • Воспоставен систем на помош и поддршка од страна на педгошката служба
  • Редовни средби со родителите каде се решаваат тековните проблеми со ученицците во текот на учебната година што придонесува за постигање на подобри резултати
  • Постоење на систем за следење на постигањата на учениците; Напредокот на учениците се следи систематски од страна на наставниците
  • Незначителен процент на осипување на ученици.
    • Сите во училиштето се согласни дека успехот на учениците ќе се подобри ако во наставата се користат посовремени наставни средства и посоодветни кабинетски простории.
    • Воведење награди и пофалби за најдобрите ученици
    • Подобрување на редовноста на учениците, односно намалување на бројот на изостаноци на учениците, благодарение на правилна стратегија на училиштето околу овој проблем.
    • Подобрување на успехот на учениците ( подобар среден успех на ниво на училиште)
    • Подобрени услови за работа, односно обновени се сите прозорци ву училиштето и реновирани голем дел од училниците.
    • Обезбедени подобри услови за работа во училиштето

Слабости  

  • Подобра соработка за изедначување на критериумите на постигнувањата на учениците во рамки на стручните активи;
  • Користење на различни наставни методи и форми на оценување на работата на учениците и информирање за нивниот напредок, како и преземање на одговорноста за постигнатиот успех
  • Изнаоѓање на стратегија и поефикасни начини за зголемување на бројот на ученици , бидејќи бројот на ученици од година на година се намалува
  • Потребна е поголема соработка со локалната самоуправа и изведување практична настава во претпријатија и посебни фирми, со цел да го применат стекнатото знаење на часовите и нивна поголема мотивација за работа
  • интегриран пристап во наставата
  • Развивање на програми за додатна настава за работа со талентирани и надарени ученици..


Самоевалуација на училиштата:                                   ПодрачjeПостигнувања на учениците

Анализа на резултатите:  

Овде дадете подетална евалуација на ова подрачје

Постигнувања на учениците

Училиштето ги подобрува постигањата на учениците со организирање на дополнителна настава за учениците со послаб успех, како и додатна настава за талентирани ученици, давање дополнителни термини за поправање на оцените на учениците, средби со педагошко- психолошката служба со оние ученици и родители кои имаат поблеми со учењето, дисциплината и останати лични и семејни проблеми. Во училиштето интензивно се работи со учениците од четврта година на подготовки за интерни и екстерни тестирања и надарени ученици ,а потврда за нивната успешна работа се високите резултати постигнати на различни натпревари на локално   и државно ниво . Учениците и родителите редовно се информираат за постигнувањата на учениците минимум еднаш за секој класификационен период, а по потреба и почесто. Од 2012 година се применуваат и законските одредби за групно советување на родители, а од 2014 год. и групно советување на ученици, кои се реализираат во секој класификационен период, со ученици кои постигнале слаб училишен успех. Во изминатиот период 2018-2020 год. во училиштето се реализирани седум сесии на групни советувања со родители и ученици. Во нашето училиште се спроведува систематско собирање, анализирање и вреднување на постигнувањата на учениците по наставни предмети, со цел што поуспешна, посоодветна и поквалитетна работа на наставниот кадар и учениците. Како резултат на тие анализи, се доаѓа до сознанија колку учениците им се доближиле на поставените цели или ги постигнале истите според определени критериуми. Од добиените резултати може да се заклучи дека во училиштето се постигнуваат солидни резултати имајќи ги предвид сите критериуми, како во однос на половата структура, етничката припадност, по различни класови, по наставни предмети и од една учебна година во друга. Аргументи во прилог на ова се подобрување на среден успех на ниво на училиште, како и малиот број на ученици кои се упатуваат на поправни испити или пак не го завршуваат своето образование и незначитеното осипување на учениците. Споредувања по тежински нивоа се прави по одделни активи, особено воведување на тежински нивоа при тестирањата (тематски и сумативни ) како и усогласување на критериумите за оценување на учениците изготвени од БРО.

Идни активности: Приоритетни подподрачја (оддели) во рамките на ова подрачје кои може да бидат вклучени во планот за развој на училиштето

Приоритетни подподрачја (оддели) во рамките на ова подрачје кои може да бидат вклучени во планот за развој на училиштето

1. Поголема вклученост на учениците во процесот на оценување и преземање на одговорност за сопствениот успех.

2. Подобра соработка за изедначување на критериумите на постигнувањата на учениците во рамки на стручните активи.

3. Користење на различни наставни методи и форми на оценување на работата на учениците и поголемо усогласувањеање на стандардите за оценување на ниво на стручни активи.

4. Интегриран пристап во наставата

5. Изнаоѓање на стратегија и поефикасни начини за зголемување на бројот на ученици , бидејќи бројот на ученици од година на година се намалува

-       

Подрачје бр. 3: Учење и настава – Ивана Близнаковска

Индикатори за квалитет

3.1 Планирања на наставниците – Елена Георгиевска

3.2 Наставен процес – Емилија Пешевска

3.3 Искуства на учениците од учењето – Александра Георгиевска

3.4 Задоволување на потребите на учениците – Дубравка Добревска

3.5 Оценувањето како дел од наставата – Сандра Петковска

3.6 Известување за напредокот на учениците - Розана Деспотовиќ

Теми

Анализа на резултати и податоци

3.1. Планирања на наставниците

 

Поддршка и следење на планирањата на наставниците

Во училиштето има пропишани приоди за планирање на наставата и утврдени процедури за поддршка и следење на планирањето на наставата, од страна на директорот и стручната служба.

Наставниците добиваат стручна и советодавна поддршка при изготвување на планирањата од стручната служба во секое време. Таа обезбедува наставни планови и програми кои им се достапни на наставниците во секое време и ги информира наставниците за сите новини од Бирото за развој на образованието и другите надлежни институции. Училиштето често иницира семинари, работилници, состаноци и сл. преку кои наставниците ги прошируваат знаењата за поуспешно планирање на наставните содржини.

Постои посебен Протокол за следење на час, како и анкети и чек-листи. Најмалку двапати во едно полугодие се следат планирањата на наставниците од директорот, односно стручната служба.

Индивидуални планирања на наставниците

Во планирањето на наставниот процес наставниците тргнуваат од наставните планови и програми добиени од Министерство за образование и наука и Бирото за развој на образованието.

Наставниците изготвуват годишни и тематски планирања и дневни подготовки кои ги содржат сите неопходни елементи за успешна организација и реализација на часот, кои навремено се доставуваат до стручната служба во училиштето.

Во планирањата има јасно наведени цели, очекувани исходи и начин на оценување на учениците, при што наставниците ги користат резултатите од оценувањето за да ги идентификуваат потребите на учениците и да ги планираат идните чекори во учењето.

Активностите за час и домашните задачи се испланирани така што ефективно се користи времето на часот.

Дневните подготовки поголем број на наставниците ги прават во електронска форма користејќи ги предностите на современата технологија.

Исто така, во планирањата се вклучени и различни методи на оценување и инструменти преку кои се спроведува оценувањето.

Наставниците учествуваат во анализа на успехот на учениците и резултатите од оценувањето ги користат за подобрување на своите планирања, да ги идентификуваат потребите на учениците односно да ги планираат следните чекори во учењето.

Размена на искуства и информации при планирањето

Наставниците разменуваат информации, искуства и идеи за планирањата во рамките на стручните активи, преку соработка со родителите на учениците со посебна здравствена состојба, преку соработка со други македонски и странски стручни училишта, со консултирање на експерти, советници и сл. Наставниците често користат меѓународни искуства за планирањата на наставата непосредно преку реализирани проекти.

На пример, во 2019 година наставници од нашето училиште во партнерство со невладина организација од Италија, организираа и реализираа проект „Интегрирање на деца со посебни потреби во образовниот процес“.

Преку овој проект со посета на училиште во Италија, наши наставници учествуваа во непосредно планирање и реализирање наставни активности, размена на информации, идеи и искуства за наставни и воннаставни активности, интегрирани часови со деца – ученици со посебна здравствена состојба и сл.

Наставниците имаа можност своите искуства да ги ги разменат на средбите со наставници од Економска школа од Ниш, Р. Србија.

Во учебната 2019/2020 училиштето оствари посета и на училиште од Васто, Италија. Наставниците се стекнаа со искуства за водење на Виртуелни компании кои што се директно поврзани со реалниот сектор. Наставниците кои што беа во посета на училиштето преко дисеминација ги информираа останатите наставници за стекнатите искуства.

Извори на податоци

Планирања на наставниците; Процедура за следење на планирањата на наставниците; Чек - листи и анкети за следење на планирањето на наставниците;

Разговор со директор, стручна служба, наставници; Записници од состаноците на стручните активи; Протокол за следење и вреднување на планирањата и подготовката на наставниот час

Разговор со наставници кои што извршиле дисеминација за стекнати искуства во други земји.

3.2. Наставен процес

 

Распоред на часови

Распоредот на часови го изготвува предметен професор по математика предложен на Наставнички совет, врз основа на распределба на часови по активи и во која учествуваат сите наставници во   консултации со стручна служба. При изготвување на распоредот големо влијание има бројот на паралелки во кои учениците учат повеќе странски јазици, желбата на учениците за различни изборни наставни предмети во рамките на една паралелка и практичната настава која се изведува во училиштето.

Сепак основен принцип во изготвувањето на распоредот е почитувањето на интересите   на учениците.

Наставни форми и методи

Наставниците користат разновидни наставни методи и форми на работа. Во изборот на методите и формите тие тргнуваат од потребите на учениците и нивните стилови на учење.

  • За ученици со визуелен стил на учење наставниците користат илустративно- демонстративни методи, користејќи презентации на компјутери, компјутерски симулации, дијаграми, графици и им овозможуваат индивидуална форма на работа каде се развиваат индивидуалните вештини за учење  
  • За ученици со аудитивен стил на учење наставниците планираат настава со вербални методи, усно излагање, предавања, метод на разговор, дискусија, монолошки и дијалошки методи, размена на идеи, читање и обработка на текст и работа во парови и групи каде се развиваат вештини за соработка, комуникација, критичко мислење, лидерство, тимска работа ...  
  • Практичната настава овозможува стекнување на вештини за примена на знаења, учење преку работа развивање на креативност и можност за иновации
  • За учениците со посебни образовни потреби наставниците применуваат метод на индивидуална работа преку која се надополнуваат пропустите   од фронталната настава. Преку посебни методи и начини на работа , учениците полесно ги совладуваат   наставните цели, а со тоа се зголемува нивната мотивација за учење и самодоверба.
  • Oбука за унапредување на оценувањето која е реализирана во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование, финансиран од УСАИД: Примена на стандардите за оценување на учениците;
  • На 16 и 17.01.2020 год. (за време на зимскиот распуст) за сите наставници од СОУ „Перо Наков“ беше спроведена обука од 10 часа на тема: Вреднување и оценување на постигањата на учениците, критериуми на оценување и Блумова таксономија.
  • сите наставници одговорно и континуирано изготвуваат годишни, тематски и дневни планирања
  • се користат разновидни и современи наставни методи, форми и техники
  • учениците сметаат дека онаа што се учи е применливо, корисно
  • целосно сочувана, заштитена и исправна компјутерска опрема
  • активен проект Компјутер за секое дете
  • постојана интернет конекција
  • осовременување на кабинетите за практична настава
  • изложување на трудови на учениците
  • учество на ученици во естетско обликување на училишната средина
  • високо едуциран наставен кадар
  • повеќето наставниците присуствувале на обуката на УСАИД Унапредувањето на оценувањето во училиштата и користат разните методи и техники за оценување
  • наставниците користат ИКТ во наставата
  • постоење на добри меѓучовечки односи меѓу вработените
  • добра работна атмосфера на часовите, заемно почитување меѓу наставиците и учениците
  • постоење на етничка, полова и социјална рамноправност на учениците
  • комуникација и успешна соработка меѓу учениците, наставниците и стручната служба   во различни активности во училиштето и надвор од училиштето
  • утврден систем за известување на родителите кој доследно се применува
  • постојат инструменти за следење на наставници од директор и стручната служба,   се следат сите наставници во тек на учебната година
  • Нововработените кадри немаат посетувано обуки за нови методи и форми на работа.
  • Нема учебници за дел од стручните предмети
  • Нема стручна литература во училишната библиотека
  • Потреба од осовременување на кабинетите за практична настава
  • Поголема афирмација на трудовите на   учениците(изложби во училишен хол и надвор од училиште)
  • Потреба од обезбедувње доволно потрошен материјал за практична настава

Активно учество на ученикот   во процесот на учење го планираат повеќето наставници користејќи ги знаењата стекнати на обуките за стручно усовршување, каде се запознаа со поголем број на методи (ЗСНУ, дискусија, дебата, УПФТ, УПЦУ,) кои ги применуваат во наставниот процес и помагаат да се развијат вештините за соработка, комуникација, решавање проблеми, самооценување, истражување...

Наставниците континуирано ги следат новите трендови на настава и успешно ги применуваат.

Употреба на ИКТ во наставата

Во училиштето има 6 кабинети опремени со мрежно поврзани компјутери и постојана интернет конекција и еден кабинент исклучиво користен за предметот Информатика. Проектот „Компјутер за секое дете“ е активен, компјутерската опрема е целосно сочувана и исправна. Со цел да се искористат можностите на компјутерите во реализација на наставниот процес и можноста за размена на материјали и комуникација професор-ученик преку интернет, училиштето се грижи за одржувањето и обновувањето на компјутерската опрема.

Најголем број на наставници се обучени за употреба на ИКТ технологија.

Сите наставници според преметот кој што го предаваат употребуваат најмалку 30% во текот на наставата ИКТ. Исто така во училиштето има на располагање и неколку проектори кои што наставниците можат да ги користат во текот на нивните часови.

Училиштето во текот на учебната 2018/2019 набави и white board табли кои што се користат во наставниот процес.

Бирото за развој на образование подржано од Министерството за образование и наука, со цел унапредување на знаењето на наставниот кадар во текот на учебната 2019/2020 спроведе обука на тема: Реализација на наставата со користење на различни ИКТ средства за учење. На оваа обука наставниците се запознаа со начинот на користење на 4 нови   алатки (Plickers, Kahoot, Open Shot, Mentimeter) кои ќе може да ги применат во виртуелна училница.

Избор на задачи, активности и ресурси

Задачите што се работат на училиште или дома се временски испланирани. Изборот на задачите е направен според потребата на наставнатa програма и се поврзани индивидуалните потреби на учениците. Задачите се со различно ниво на сложеност и овозможуваат успех на секој ученик, најчесто служат како помош да се постигнат предвидените цели од наставната програма.

По поголем број на предмети нема одобрени учебници и прирачен материјал, затоа   самите наставниците изготвуваат материјал при што користат дополнителна прирачна литература, прилагодувајќи ја на потребите на наставната програма. Наставниците ги користат компјутерите при размена на материјали со учениците но користати и други различни ресурси и приоди за учење и настава.

Интеракција меѓу наставниците и учениците

Наставниците ги запознаваат учениците   со целите на наставата, најчесто на почетокот на наставната тема или на почетокот на наставна единица, на часови за подготовки на писмена работа или тест.

Редовно ги информираат за тоа што очекуват од нив   на јасен и разбирлив начин. (усни упатства, бодовни скали на тестови,...)

Учениците се потикнуваат активно да учествуваат во наставата. Наставникот избира поттикнувачки и насочувачки прашања на почетокот на часот со цел да ги искористи предзнаењата на учениците, го охрабрува учеството на учениците во разговорите, го почитува мислењето на учениците.   Со цел да се мотивира активното учество на ученикот во наставниот процес, наставникот користи различни приод: користи јавни пофалби на учениците, истакнување на најактивни ученици на самиот час, развивање на натпреварувачки дух, континуираното известување на учениците за постигнатите резултати преку оценка или усно образложение.

На часовите постои работна атмосфера, активноста и динамичноста на учениците зависи и од наставните предмети.

Приодот на наставникот кон учениците

Наставниците се однесуваат со почит кон учениците.

На самиот почеток на учебната година наставниците на класен час ги запознаваат учениците со Кодекс на однесување како и Куќниот ред во училиштето во кој на директен и јасен начен учениците се насочуваат на заемно почитување, помош, соработка, прифаќање и почитување на разликите меѓу нив, како и почитување на правилата за однесување.

На класен час се одржуваразговор со учениците на најразлични теми и успешно се реализираат работилниците кои што се предвидени во Годишниот план за работа на класни часови. Преку истите класниот раководител доаѓа до најразлични сознанија во врска со животот на учениците надвор од училишните клупи. Класниот раководител формира и класна заедница во рамките на класот, како и избор на претседател на класот, заменик претседател, благајник, разни тимови од ученици кои што директно комуницираат со класниот раководите и по потреба со стручната служба.

По потреба класниот раководите остварува и индивидуални лични средби со ученици, на кои што учениците најчесто разговараат за своите проблеми (семејни, здравствени...). Класните раководители ги сослушуваат учениците кои имаат потреба од разговор и имаат разбирање за нивните проблеми, редовно разговараат со ни, ги следат и доколку се во можност учествуваат во решавање на истите. По потреба класниот раководител соработува со стручната служба во училиштетот т.е. педагог, психолог или дефектолог заради полесно идентификување на проблемот кој што ученикот го има и заради негово полесно разрешување.

Во нашето училиште нема полова, етничка, социјална или било каква поделба. Сите ученици подеднакво се вклучени во сите активности, како и подеднакво се третираат при испрашување, оценување, во практична настава и друго, што значи и дека истите подеднакво се мотивираат и поттикнуваат.

Следење на наставниот процес

Во процесот на следење на наставниот процес се вклучени директорот, предметните наставници , педагогот и психологот. Се следи изведувањето на наставата со посета на часови од страна на директорот и педагогот. При следењето се користат инструменти за следење на час (протоколи) и се следат сите наставници. Наставниот процес се следи и преку резултатите за успехот и редовноста на учениците што се разгледува на совети на паралелка на крај на секој класификационен период, стручната служба изготвуваат табели и известувања кои редовно ги презентира на Наставнички совет, податоците потоа се користат за подобрување на наставниот процес.

Училиштето има пропишана интерна процедура заследење на наставниот процес.

3.3. Искуства на учениците од учењето

 

Средина за учење

Училиштето секогаш вложува напори средината за учење да биде стимулативна и мотивирачка за сите ученици и им овозможува на учениците да бидат активни и креативно вклучени во нејзиното обликување. Училниците и холот се место каде креативните изработки на учениците се изложуваат, но секако дека и уредувањето на училишниот двор е дел од нивната креативност. Освен што изработуваат постери кои служат како нагледни средства во секојдневната настава, учениците исто така изработуваат и цртежи, фотографии, костими или предмети кои се дел од нивната струка или вештините кои практично ги изучуваат . Во зависност од поводот уредувањето на средината за учење може да биде и тематска. Сето она што учениците го создале многу често е дел од јавно промовирање на нивните способности преку организирање изложби, отворен ден на училиштето, учество на конкурси и натпревари на локално и на државно ниво. Разноликоста на овие активности остава простор секој ученик да најде свое место за изразување, без разлика на нивната солидност во извршување на редовните училишни обврски.

Атмосфера за учење

За квалитетно спроведување на наставата во училиштето освен во училниците, учениците дел од часовите ги поминуваат во кабинетите за практична настава и во ателјеата, спортската сала и училишната теретана. Ваквиот пристап им овозможува на учениците теоретското знаење да го преточат низ практични вежби. Иако посолидните ученици се активни без разлика на местото на одвивање на наставата, наставниците секогаш се трудат и послабите ученици да земаат активно учество. Наставниците ги потикнуваат учениците на критичко и самостојно размилување. Самодовербата во градењето на ставови и заклучоци е повеќе присутна кај подобрите ученици, додека послабите ученици поретко се вклучуваат во дискусија. Критиките и слабите страни на учениците не секогаш јавно се искажуваат пред другите ученици или наставници, со што послабите ученици полесно можат да ја надминат својата инфериорност и што полесно да ги совладаат наставните содржини.

Поттикнување на учениците за преземање одговорност

Училиштето им дава можност учениците да го кажат своето мислење и тоа да биде земено во предвид. Секоја паралелка има формирано раководство на класна заедница (актив на паралелка) која работи според правилник и според одредена програма. На класен час се дискутира за ефикасна комуникација како битен фактор за добри меѓучовечки односи, за ликот на ученикот и неговиот однос кон учењето и училиштето, за користење на слободното време и други теми кои влијаат на развој на позитивни ставови и однесување кај учениците.Сите претседатели на класни заедници се членови на ученичката заедница во училиштето .Ученичката заедница редовно се состанува и има изработено годишна програма по која истата работи и спроведува разни активности во училиштето.

Во рамките на училиштето работи и Младинската организација.Исто така и таа има своја годишна програма по која работи.

Интеракција на учениците меѓу себе и со возрасните во училиштето

Училиштето организира форми во кои се потикнува и мотивира комуникацијата и соработката меѓу учениците и возрасните во училиштето, во наставата и надвор од наставата.

Учениците имаат можност да работат во групни проекти. Групите се со различен состав и големини. Проектите имаат за цел да ги усовршат вештините на учениците, но дел од проектите имаат за цел да ги потикнат учениците да бидат социјално одговорни и да ја унапредуваат средината во која живеат.

Таа можност ја имаат со учество во слободни активности предвидени од училиштето:

  • драмска секција и јавно говорење
  • спортско рекреативна секција, и еколошка секција (учество на спортски натпревари, пошумување)
  • организирање на хуманитарни акции
  • учество на јавни дебати итн.

Програмата за работа на слободните активности ги изготвуваат соодветните наставници преку стручните активи на училиштето.

3.4. Задоволување на потребите на учениците

 

Идентификување на образовните потреби на учениците

Поради обемноста на материјалот за работа, наставниот кадар и стручната служба ги препознаваат образовните потреби и пречки во процесот на учење на секој ученик, но не ги идентификуваат систематски. Се превземаат одреден број   на активности за исполнување на потребите или отстранување на пречките.

Образовните потреби се идентификуваат според постигнатите резулати по одредени предмети, активност на час, интерес за одредени области, дискусии на класен час.

Наставниците работат со група на ученици трудејки се да ги задоволат индивидуалните образовни потреби на учениците. Вклучувањето на учениците со посебни потреби во наставата е уште еден предизвик за наставниот кадар и стручната служба.Со цел да се задоволат потребите на овие ученици ангажирани се асистенти кои им помагаат на овие ученици делумно да се интегрираат во процесот на учењето и во совладувањето на материалот пропишан во планот и програмата на секој наставник. Асистентот е максимално вклучен во помагање на ученикот со физички или интелектуален недостаток. Тука е и педагошко психолошката служба и дефектологот кои ги индетификуваат потребите на овие ученици работејки со нив континуирано откривајки ги нивните слабости и напредоци во образовниот процес.

Почитување на различните потреби на учениците во наставата

Интерактивните техники за учење ги користат наставниците при одржување на   задолжителни активности и слободните часови на училиштето. Учениците работат во групи, дискутираат за начин на присобирање на информации , го издвојуваат   битното од небитното, подготвуваат   презентации, развивајки ги комуникациските вештини како и информатичка писменост, преземање одговорност,исполнителност и други вештини.

Повеќето наставници користат различни методи и инструменти за оценување и континуирано го следат напредокот на учениците. Тоа пак овозможува да секој ученик да го постигне својот максимум. Учениците се вклучуваат во процесот на оценување, а понекогаш се вклучува и класната заедница. На класните часови се разговара за одредени проблеми и тие можат отворено да дискутираат за тоа.

3.5.Оценувањето, како дел од наставата

 

Училишна политика за оценување

Училиштето ги применува законските прописи што го регулираат оценувањето на учениците.

Ученикот во текот на едно полугодие задолжително се оценува најмалку двапати. Учениците кои поради одредни причини, најчесто отсуство, не се оценети, класниот раководител ги пријавува на советот на паралелки и понатаму се преземаат соодветни активности.

Наставниците ги користат критериумите за оценување на постигањата на учениците кои се темелат на Блумовата таксономија и стандардите за оценување по одделни предмети кои беа препорачани од Бирото за развој на образованието. И покрај тоа кај наставниците од сродни предмети не се среќаваат изедначени критериуми на оценување.

Сите наставници во училиштето поминаа:

Организатор: Центар за развој, едукација и советување „МАША МАРИЈА“ Скопје Предавач: Марија Конеска.

Наставниците ги запознаваат учениците со начинот и критериумите на оценувањето, со материјалот на кој се оценуваат. Но учениците и родителите, иако се запознаени со критериуми не се вклучени во градењето на критериуми.

Методи и форми на оценување

Во наставата при оценувањето на учениците се користат следниве начини: усно и писмено проверување, оценување на практична работа.

Оценките од усните одговори се засновани на усни одговори, усни презентации, учество во разговори, дискусија, дебата анализии, критички размислувања.

За писмено проверување се користат тестови на знаења, писмени вежби, писмена работа, контролни ливчиња, семинарски или проектни задачи.

По математика, македонски јазик и странски јазик наставникот на почетокот на наставната година ги одредува роковите за писмени работи и уредно ги запишуваат во дневник.  

Наставниците ги вклучуваат учениците во процесот на самооценување, меѓусебно оценување.

Наставниците го користат и упатството за наставници за начинот на оценување на учениците во период на реализација на настава преку далечинско учење, односно учење од дома изготвено од Бирото за развој на образованието во соработка со Центарот за стручно образование и обука.

Наставниците ги вклучуваат наведените техники и методи погодни за формативно оценување на напредокот на учениците со користење на електронски платформи и мрежи. Тоа ги вклучува есејските прашања (употреба на е-пошта), избработка на проекти (преку работа во група), Скајп или Вибер дискусии (или дискусии преку други мрежи и платформи), мултимедијални презентации,изготвување постери (преку работа во група), проекти/истражувачки задачи (преку работа во група), тестови на знаења (може да се проследат преку социјалните мрежи, е-пошта или преку платформа), контролни вежби на учениците и ученицчко е-портфолио.

Наставниците користат прашалник и квиз алатка за да направат тествови за тестирање со задачи и прашања со повеќечлен избор, отворени прашања, прашања со надополнување и кратки одговори и тоа преку користење на различни алатки за споделување на материјали, како што се: Google Forms, OneNote, Linolt, Padlet, Zoom, Kahoot, Mentimeter, Socrative, Microsoft Teams, SurveyMonkey, Quizlet, Edmondo, ClassDojo, Мој глас и други.

Користење на информациите од оценувањето во наставата

Наставниците им даваат редовна повратна информација на учениците за нивната работа.

Усните одговори на учениците се проследени со дискусија од страна на наставникот, а понекогаш и на учениците, која пак во голема мера им помага на учениците да ги подобрат своите постигања. При сумативното оценување најчесто наставниците даваат поопширно образложување на оценката.

При оценување на писмени работи, најчесто по македонски јазик одредени наставници внесуваат и забелешки покрај оценката.

Класните раководители го дискутираат напредок и постигањето на учениците на класен час, на родителски средби и редовно ги информираат учениците   за активностите што треба да ги преземат, со цел да го подобрат успехот.

Наставниците делумно ги користат информациите добиени од оценувањето за да го евалуираат и да го подобрат планирањето и спроведувањето на наставата

3.6.Известување за напредокот на учениците

 

Известување на родителите за напредокот на учениците

Училиштето има утврден систем за известување на родителите за напредокот на нивните деца и доследно го применува.

Училиштето редовно собира информации и ги следи постигањата на учениците

         1.Класен раководител врши анализа на успехот на класен час со класна заедница.

Во текот на годината се одржуваат четири задолжителни родителски средби за секое тримесечие по еден, каде што класните раководители ги информираат родителите за постигањето на учениците. Родителите добиваат писмени известувања за постигнувањето на своите деца по секој предмет ( евидентни листови) за успехот преку нумеричкото оценување од 1 до 5, но доколку има потреба и усна препорака за секој од учениците. На родителските состаноци присуствуваат и наставници доколку се повикани од некој родител или од класниот раководител. За сите родителски состаноци уредно се водат записници, кои што се запишуваат од страна на класниот раководител во Дневникот на паралелката.

Доколку има потреба се одржуваат и повеќе средби на кои присуствуваат класен раководител, предметен наставник, ученикот и претставник на стручна служба. Ваквите средби се одржуваат доколку учениците отсуствуваат од настава, слабо учат или имаат проблематично однесување. Исто така и за овие средби се водат записници во стручна служба.

       2. На Советот на паралелка со предметните настаници, се разговара за постигањата на учениците, редовност и потешкотии при совладување на материјалот. По потреба се разговара за поединечни ученици за нивниот успех, однесување и редовност.

     3. На Наставнички совет преку анализа на успех од стручна служба се посочуваат класовите со најслаб успех и најголем број изостаноци и се дискутира за начинот на подобрување на резултатите. На крајот на секоја учебна година од страна на Наставничкиот совет се прогласува и Првенец на генерација.  

         4.Следењето на успехот, редовноста и поведението по секој класификационен период се практикува и на Советот на родителите, во кој членуваат родители од секоја паралелка.    

Родителите и покрај тоа што имаат можност и се повикувани за соработка преку индивидуални контакти со класен раководител, предметни наставници и по потреба со стручна служба, на родителски средби и Совети на родители, насочувани да дискутираат за успехот, за вклучување во воспитно-образовниот   процес не ги искористуваат можностите кои им се понудени од училиштето.  

Практиката покажува дека родителите на послабите ученици се помалку се присутни на родителските средби истотака е забележан мал број на присутни родители на состаноци во одредени паралелки каде успехот на учениците е послаб и дисциплината не задоволува. Како причина за малиот одзив најчесто се истакнува нивната   презафатеност со работни обврски.

       5. Училиштето го подржува и го користи проектот за електронска евиденција на постигањата на учениците односно наставниците редовно водат и електронски дневник. Електронски дневник (Е-Дневник) е проект на Министерството за Образование и Наука (МОН) кој има цел да ја подобри комуникацијата помеѓу наставниците и родителите, да овозможи брз и едноставен увид на информациите од дневникот од страна на наставниците во училиштето, да овозможи централизирани и брзи статистички анализи од МОН и останати државни институции итн. Е-дневникот има функција да овозможи транспарентност, секој родител може лесно да пристапи и да биде информиран како за оценките и редовноста на своето дете така и за актуелните настани во училиштето, писмени работи и други образовни активности.

Во училиштето се практикува да се истакне распоред со термини (отворени денови) за средба со класниот раководител и се дава можност за индивидуални средби каде може да се разговара на теми за кои вообичаено неможе да се дискутира за време на родителските средби

Од родителите не се бара да дадат своја повратна информација за извештајот.

 

Силни страни

 

Слаби страни

 

Дополнителни дејствија: ( приоритетни области кои може да бидат содржани во Планот за развој на училиштето)

    -Уредување на холот во училиштето –изложби на трудовите на учениците и формирање на тим кој ќе биде одговорен за уредување на холот .    

     

Подрачје бр. 4: Поддршка на учениците- Нада Варсакевска-Ралиќ

Индикатори за квалитет:

4.1.Севкупна грижа на учениците- Викторија Крстевска

4.2.Здравје на учениците и сите ваботени- Татјана Поп Арсова

4.3.Советодавна помош на ученицитеза понатамошно образование на ученците-   Јулија Тодоровска- Панева

4.4.Следење на напредокот на учениците- Анета Гујиќ

 

Теми

Анализа на резултатит и податоци

4.1.Севкупна грижа за учениците

 

Заштита од физички повреди и елементарни непогоди

Планот за заштита и спасување при елементарни непогоди и несреќи го изготвува тим на наставници врз основ на направена процена на загрозеноста. Во планот се опфатени сите можни состојби на загрозеност (елементарни непогоди, војна, епидемии...). Планот содржи организација на активности:

-        задачи на вработените во случај на потрба од спасување и

-        употреба на материјално-технички средства.

На секој кат е истакнат планот за евакуација и има поставено противпожарни апарати.

Превенција од насилство

Училиштето е вклучно во проектот ,,Безбедни училишта“ во соработка со МВР во рамките на кој има формирано тимови за безбедност на ниво на секој клас и на ниво на училиште. Во проектот се вклучени ученици, наставници и родители.

Педагошко-психолошката служба работи на превенција од насилство. Психологот има направено повеќе анкети, прашалници и тестови за проблемите со кои се соочуваат учениците во училиштето и надвор од него.Врз основа   на добиените податоци во соработка со родителите и наставниците психологот работи поединечно со учениции кои имаат потешкотии во комуникацијата, агресивно се однесуваат, изостануваат од настава или пак имаат здравствени проблеми.

Заштита од пушење,алкохол и дрога

Во програмата ,,Образование за животни вештини“   има работилници кои се работат на класен час со цел превенција од пушење, алкохол и дрога.

Квалитет на достапна храна

Во програмата за работа ,,Образование за животни вештини“ застапени се работилници за значењето на правилната исхрана за здравјето.

Во кругот на училиштето има две сендвичари од кои најчесто учениците купуваат храна и во нив се запазени сите хигиено- технички услови за работа и се под редовна инспекциска контрола.

Грижа за ученици од социјално загрозени семејства

Педагошко-психолошка служба во училиштео се грижи за емоционалната, физичката и социјалната состојба на учениците. Во тие активности е и собирање на   облека,   книги и материјални средства во соработка со Црвен крст. Психологот води евиденција на ученици од семејства кои земаат социјална помош а истовремено се корисници и на паричен надомест –УПН. Три пати во тек на учебната година известува во ЦСР за нивната редовност во наставата.

Педагошко-психолошка-социолошка служба во училиштео води записници од средба со родители.

     

ТЕМИ

АНАЛИЗА НА РЕЗУЛТАТИ И ПОДАТОЦИ

4.2.Здравје на ученици и вработените

 

Хигиена и заштита од болести

-Дискусија со учениците на класен час со упатства за одржување на хигиената во училиштето и менување на хигиенските навики. Со појавата на проблемот со Ковид 19 се наметна потреба од поголема едукација на учениците за водење на поголема грижа за личната хигиена како основен предуслов за сопственото и јавното здравје.

-Во училиштето се води грижа за хигиената, особено за тоалетите кои ги користат учениците и вработените. Во секоја училница има санитарни јазли, чешма и течен сапун за редовно одржување на хигиената.

-,,Хигиената е еден од факторите за подобро здравје сите имаме одговорност да ја одржуваме“- дискусија на класен час (договор за подобрување на хигиената во класот).

-Хигиена во училниците и другите простории во училиштето со редовна дезинфекција , а посебна хигиена на санитрарните јазли и санитарните чворови како и едукација на учениците за правилно миење на рацете се со цел да се зголеми хигиената и да се поттикне свеста на учениците.

-Училишниот двор и сите земјени и тревни површини редовно се одржуваат од страна на техничкиот персонал. Во рамки на Младинската секција на училиштето се вклучуваат и учениците со свои идеи и реализација на одредени проекти за разубавување на училишниот двор.

Училиштето пред почетокот на учебната година врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Во соработка со Црвен крст- Куманово и Центарот за трансфузиологија- Куманово,   секој година се организираат доброволни крводарителни акции. Акциите се организаираат за учениците од трета и четврта година, како и за наставниците, на доброволна основа. Вработените во училиштето еднаш годишно вршат санитарен преглед.

Најголем дел од учениците се осигурани исто така   постои и колективно осигурување на вработените.

Подршка на учениците со телесни пречки во развојот

Ученици кои имаат интелектуални или физички проблеми рано се откриваат од страна на наставниците и со нив работи педагошко-психолошко-социолошката служба. Сите активности кои се преземаат се во согласност со барањата на родителите и во соработка со професорите кои им предаваат, а по потреба се консултираат и постручни лица и институции.

Грижа за учениците со здравствени проблеми

Учениците со здравствени проблеми се детектираат од страна на класните раководители, кои добиваат информации од родителите или од самите ученици преку разговор и преку прашалници изготвени од психологот.На тој начин се добиваат информации како за физичко здравје така и за психолошки проблеми на учениците од типот на страв,недостаток на самодоверба, хиперактивност и сл... Начинот на решавањето на проблемот е индивидуално со ученикот , од страна на психологот и класниот раководител во соработка со родителите .

-Доколку ученикот отсуствува подолго време од настава од здравствени причини или посериозни повреди класниот раководител и психологот преку соработка со предметните наставници им помагаат во совладување на испуштениот материјал и вклучување во наставниот процес.

-Постои и законска процедура, според која, на учениците кои од здравствени причини неможат да ја следат наставата, им се овозможува полагање на класен испит на годината.

Грижа на ученици систематски прегледи

-Систематските прегледи редовно се вршат во школските амбуланти навремено се откриваат здравствените проблеми на учениците и се упатуваат на соодветен третман. Сите ученици од прва до четврта година се опфатени во систематски прегледи и се придружувани од наставник и стручната служба до школскиот диспанзер- Куманово.

-Вакцинацијата на учениците се организира и спроведува според календарот за вакцинација на Ј.З.У. Здравствен дом-Куманово и истата се евидентира во здравствената легитимација и картонот за вакцинација на учениците.

Подигнување на свеста за здрава средина

Училиштето е вклучено и во проектот „Еко училиште“ и се вклучува во кампањи и натпревари од областа на екологијата.

Во училиштето се одржуваат слободни часови на училиштето на тема екологија со цел кај учениците да се развие сваќање од неопходноста за одржливиот развој на животната средина, да се развие одговорно однесување кон неа и нејзина заштита.

Учениците изготвија презентации на теми:Здрава храна, Водата- извор на животот, Рециклирање и истите беа презентирани во училиштето на ученици од прва, втора,   трета и четврта година.

4.3.Советодавна помош за понатамошно образование на учениците

 

Давање помош при избор на занимањето/институцијата за понатамошно образование, доусовршување или вработување

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Индикатор 4.4. Следење на напредокот на учениците- Анета Грујиќ

Во нашето училиште учениците   во текот на целата година имаат можност да добијат   помош и од педагошко-психолошката служба, класните раководители, како и од сите структури вработени во училиштето.

Родителите пак, информации добиваат преку: самите ученици, родителските средби, Советот на родители

и индивидуални средби.

Помош при избор на занимање на учениците им се дава уште при запишувањето во нашето училиште, така што ученици кои немаат доволно поени да се запишат во струката која самите ја избрале се запознаваат со можностите кои ги нудат другите струки.

Во текот на образованието, училиштето обезбедува постојан контакт со стопанските субјекти од општината, се следат нивните потреби и учениците се насочуваат кон струките за кои постои поголема можност за вработување (пр. гасовод, фабрика за заварени цевки и профили и др.) Освен на овој начин стручната служба и класните раководители ги информираат учениците за можностите за запишување во високото образование како и за вработување и по потреба дават индивидуална помош на учениците раководејќи се од покажаните резултати, интереси и потенцијали.

Со учениците во водат индивидуални и групни разговори за запишување на високо образование, согласно покажаните знаења и способности кои ги поседуваат, исто и учениците можат да присуствуваат на отворените денови кои се организираат од страна на високо школските институции во нашата земја.

Во рамките на програмата по македонски јазик и по странски јазици учениците се едуцираат за пишување на биографија, интервјуа за работа.

Во рамките на училиштето од учебната 2016-17 функционира и карирен центар во рамките на младинската организација. Кариерни советници во училиштето се Фросина Јовановска и Гордана Ж.Стојановска кои имаат сертификати за помината обука за кариерно советување. Заинтересираните ученици можат да се пријават кај нив и да добијат помош и насоки за своето понатамошно образование и понатамошно занимање.

Јаки страни:

-Училиштето ги информира учениците од завршните паралелки за можностите за понатамошно образование

     -Учениците имаат можност да присуствуваат на повеќе презентации од претставници на повеќе високо школски институциикои кои се организираат во училиштето.

 

Теми: • Водење евиденција за индивидуалниот напредок на учениците;

           • Анализа на напредокот на учениците по паралелки.

Извори на податоци :

• Извештаи и анализи;                                                                                                                                                       • Разгледување на педагошката евиденција и документација;                                                                                                                                                                      • Разговори со наставниците и со стручната служба;                                                                                                    • Годишна програма за работа на училиштето;                                                                                                           • Ученички досиеја;                                                                                                                                                                    • Програма за работа на стручната служба;                                                                                                                  • Педагошка евиденција;                                                                                                                                                         • Извештаи од работата на стручните активи;                                                                                                            • Наставнички портфилија;                                                                                                                                                   • Стандарди за оценување на учениците;                                                                                                                   • Анкети.   • Евиденција на заминати или новодојдени ученици;

         Освен водење на задолжителна педагошка евиденција, наставниците водат и ученички досиеја во кои се чуваат сите изработки, творби, задачи и тестови кои учениците ги изработиле во текот на учебната година. Најголем број од учениците и родителите се задоволни од информираноста за напредокот на учениците, а голем број од   наставниците се изјасниле дека континуирано ги информираат родителите за напредокот на учениците.               Училиштето континуирано го следи напредокот на учениците по паралелки во однос на успехот, редовноста и поведението. Сите класни раководители изготвуваат тримесечни, полугодишни и годишни извештаи за постигањето на паралелката. Со тие податоци учениците редовно се запознаваат на класните часови, а родителите на родителските средби.        

Стручната служба редовно изготвува тримесечни, полугодишни и годишни извештаи по полова и етничка структура за напредокот на учениците по паралелки, според податоците добиени од класните раководители. Редовно се одржуваат состаноци на стручните активи и наставнички совети на кои се анализираат, постигањата на учениците по паралелки . Наставниците во своите наставнички портфолија прават рефлексија на процесот на оценување на учениците (чек-листа, аналитички и бодовни листи, холистички листи и др.) почитувајќи ги критериумите и стандардите на оценување.               Искажувањата на родителите на состаноците на Советот на родители се позитивни и тие се задоволни од извештаите на стручната служба за напредокот на учениците по паралелки.

Јаки страни

• Грижа за здравјето, хигиената и заштитата од бoлести, спроведувањето на точките на акција кои се однесуваат на здравјето согласно воспоставените екостандарди и грижата за учениците со здравствени проблеми.

• Професионално насочување на учениците при избор на понатамошното образование ;

• Грижа за учениците со емоционални потешкотии ;

• Следењето на напредокот на учениците преку водење евиденција за индивидуалниот напредок, како и анализа на напредокот на учениците по паралелки ;

• Реновирани тоалети .

Слаби страни

• лифт за лица со посебни потреби

     

Подрачје бр.5: Училишна клима

 

5. УЧИЛИШНА КЛИМА

     Индикатори за квалитет

5.1 Училишна клима и односи во училиштето

5.2 Промовирање на постигањата на учениците и училиштето

5.3 Еднаквост и правичност

5.4 Партнерски однос со родителите и со локалната и деловната заедница

Работна група:

Горан Јовановиќ,

Христина Илиевска,

Зорица Трајчевска и

Марија Спиридоновска

5.1 Училишна клима и односи во училиштето

Анализа на резултати и податоци

Углед/имиџ на училиштето

Училиштето се истакнува по постигањата на вработените и учениците во неколку наставни и воннаставни подрачја. Вработените со својата работа и однесување придонесуваат за афирмација на училиштето и исполнување на мисијата и визијата во кои во голем дел се вклучени учениците и делумно и родителите. Наставниот кадар ужива респект кај родителите.

Училиштето се грижи за здравјето и безбедноста на учениците, ги негува родовата сензитивност, мултикултурализмот, ја зајакнува партиципацијата на учениците, родителите и заедницата во училишниот живот. Редовно се вршат систематски прегледи на ученици од прва и завршна година и соодветни вакцинации.

Самите ученици во соработка со дежурните наставници, класните раководители и педагошко-психолошката служба се ангажираат за спроведување на безбедноста во училиштето. Учениците придонесуваат за безбедност и преку дежурства од нивна страна. Во училиштето постои Тим за безбедност составен од троица ученици од секој клас. Така учениците активно се вклучени во зголемување на безбедноста во училиштето, соработуваат со МВР и редовно организираат предавања и состаноци со одговорните лица од МВР.      

Училиштето, во рамките на своите можности, беше опремено сонаставнисредства, помагалаиматеријалишто придонесуваа зазголемувањенаактивностанаучениците, подигањенанивотоиквалитетотнанаставатаиреализирањенапрограмските барања,асотоа и запостигнувањенаподобри резултати. Истоторасполагасопросториопремакоигизадоволуваат стандардитезаквалитетноизведувањенанаставатаспореднаставнитепланови ипрограмикоисеизведуваатвоучилиштето.Пред почетокот на учебната година беа извршени поправки на инвентарот, беше извршена проверка на заштита на компјутери, мрежна поврзаност, интернет конекција и сл.

Од областа на опрема и материјали за квалитетот и ефикасноста на образованието беа набавени и некои наставни помагала и опрема која е неопходна за поуспешно совладување на наставата. Доопремување на училиштето сопотребнаопремазаизведување натеоретскаипрактична наставасе одвиваше во текот на целата учебната година, според потребите.

Кодекс на однесување

Училиштето има Кодекс на однесување со кој се поставени принципите и правилата на однесување на сите структури во училиштето во кои спаѓаат раководниот кадар, стручната служба, наставниците, техничкиот персонал, учениците, родителите и надворешни посетители (странки). Во неговата изработка учествува комисија составена од предметни наставници и претставник на училишна заедница. Во случај на прекршување на принципите и правилата пропишани со Кодексот на однесување за вработените следуваат казни согласно со Законот за работни односи, а за учениците соодветни педагошки мерки според Законот за Средно образование и Статутот на училиштето.

Здрава училишна клима

Училиштето води политика на взаемно почитување и рамноправен третман на сите учеснициво училишниот живот. Во училиштето постои професионална соработка меѓу наставниците што се гледа од анкетата за наставниот кадар и записниците на Стручните активи во училиштето.

Раководниот и наставниот кадар игра важна улога во одржување на постојано добра атмосфера во училиштето и ги упатуваат учениците да се грижат едни за други и за училиштето. Ученици подеднакво се прифатени од страна на наставниците и учениците и не постои дискриминација на ученици без оглед на способностите, родот, етничката припадност, верата и потеклото, освен во некои случаи на релација ученик-ученик. Но и овој проблем постојано се надгледува од страна на класниот раководител и педагошко-психолошката служба кои се залагаат за негово решавање и во повеќето случаи е успешно решен.

Поведение и дисциплина во училиштето

Во училиштето постои работна атмосфера за време на наставата и воннаставните активности што се гледа од записниците од Наставничкиот совет на крајот од секој класификационен период и од записниците од посетата на стручната служба и директорот. Вработените со своите редовни дежурства постојано се грижат за однесувањето и безбедноста на учениците за време на одморите, приемот на учениците и нивното заминување од училиште. Но сепак според анкетата некои ученици мислат дека нè сите ученици добро се однесуваат на училиште, особено за време на големиот одмор и пред почетокот на часовите кога се случуваат мали инцидентни ситуации, поради агресивното однесување на поедини ученици.

Исто така, особено во предметната настава се јавува како проблем и доцнењето на првиот и третиот час и голем број на неоправдани изостаноци. Вработените во училиштето внимателно и авторитативно се справуваат со проблемите кои се однесуваат на дисциплината и редовноста, а во поедини случаи се изрекуваат и педагошки мерки според правилникот за изрекување на педагошки мерки со укор од класен раководител и Наставнички совет и доколку е потребно се формираат комисии за отстранување.

 

ПОВЕДЕНИЕ И ДИСЦИПЛИНА

Користен метод: анализа на тековна евиденција и разговор со педагошко -психолошка служба

 

Преглед на вкупниот број на изостаноци на ученици на крајот на наставната 2017/2018 година

 

Наставен јазик: македонски

 

Година на образование

Оправдани

Неоправдани

Вкупно

По ученик

I

4931

510

5441

40,01

II

10161

1027

11188

78,24

III

9397

1061

10458

76,34

IV

11177

1246

12423

82,82

Вкупно:

35666

3844

39510

69,81

 

Наставен јазик: албански

                   

Година на образование

Оправдани

Неоправдани

Вкупно

По ученик

I

777

150

927

15,98

II

951

209

1160

24,17

III

2277

610

2887

23,66

IV

1790

566

2356

31,41

Вкупно:

5795

1535

7330

24,19

 

 

 

Преглед на вкупниот број на изостаноци на ученици на крајот на наставната 2018/2019 година

 

Наставен јазик: македонски

Година на образование

Оправдани

Неоправдани

Вкупно

По ученик

I

5167

717

5884

47.07

II

9672

982

10654

75.03

III

9391

1116

10507

77.26

IV

11053

1047

12100

90.30

Вкупно:

35283

3862

39145

72.90

Преглед на вкупниот број на изостаноци на ученици на крајот на наставната 2019/2020 година

Наставен јазик: македонски

Година на образование

Оправдани

Неоправдани

Вкупно

По ученик

I

3043

278

3321

24.42

II

4471

586

5057

40.78

III

6978

714

6133

44.12

IV

8365

923

9288

71.45

Вкупно:

22857

2501

23799

44.99

Наставен јазик: албански

                   

Година на образование

Оправдани

Неоправдани

Вкупно

По ученик

I

1570

279

1849

21.7

II

1458

322

1780

20.23

III

755

217

972

17.67

IV

203

145

348

8.09

Вкупно:

3986

963

4949

18.26

Партиципација на учениците во решавањето проблеми и донесувањето одлуки

Учениците се навремено информирани за сите работи што се од нивен непосреден интерес и учествуваат во решавањето на проблемите и донесувањето одлуки во врска со тие работи. Информирањето се врши преку соопштенија, класни раководители, ученичката заедница и младинска организација.

5.2 Промовирање на постигањата на учениците и училиштето

 

Промовирање на личните постигања на учениците

Училиштето става голем акцент на постигањата на учениците и нивно промовирање. Учениците своите знаења, способности и постигања можат да ги промовираат на различни натпревари и конкурси во училиштето и надвор од него. На сите ученици им е дадена еднаква можност да ја збогатуваат својата креативност и да ги искажуваат своите знаења и способности во сите натпревари. Наставниот кадар исто така успешно го користи пофалувањето како начин на мотивирање на учениците и ужива респект кај учениците. Училиштето, на крајот од наставната година врши промовирање на учениците кои во текот на годината постигнале резултати на републичките или општинските натпревари,им доделува благодарници и пристојни награди за нивното дело.

Вработените се пофалуваат и наградуваат за особено залагање и постигнат успех во слободните ученички активности (натпревари, литературни, ликовни и други наградни конкурси, изложби, лични трудови и др.). Личните постигања на учениците се промовираат на Наставничкиот совет, состаноците на стручните активи, на Патрониот празник на училиштето, преку интервјуа во медиумите и слично.

  • Литературно-драмска секција
    • Странски јазици:
    • Спортски активности:(фудбал, футсал, ракомет, кошарка, пинг-понг, одбојка)
    • Математичка секција
      • прва година ученичката Јована Петковска од I3 клас
      • втора година ученикот Андреј Тасковски од II8 клас
      • трета година ученичката Марјана Јакимовска од III4 клас
      • четврта година ученикот Меланија Димковска од IV3 клас

Во оваа секција членуваа ученици кои со своите професори по македонски јазик активно работеа во текот на целата учебна година. Истите соработуваа со други училишта, со Градската библиотека „Тане Георгиевски“, учествуваа на разни литературни конкурски, манифестации, литературни читања, театарски претстави итн.

Наставниците по македонски јазик и литература имаа многу заеднички активности како на пример:

-Организација на училиштен литературен натпревар на тема „Јазикот е нашето најголемо богатство“ и „Љубовта – реалност или илузија“ по повод патрониот празник на училиштето;

-Реализација на посета на Меѓународниот саем на книга во Белград и во Скопје;

-Соработка со Високата школа за новинарство и за односи со јавноста од Скопје;

-Посета со ученици на локалните и регионалните телевизиски медиуми –„Тв Плус“ и „К3“, по повод Медумскиот ден 7 Декември организиран од Високата школа за новинарство;

- Соработка со Друштвото на писатели од Куманово;

- Учество на разни натпревари;

-Соработка со Библиотека „Тане Георгиевски„ Куманово итн.

Наставникот Фросина Милошевска :

Подготовка и учество на општински литературен натпревар од Друштвото на писатели на Куманово во септември 2018 год. Тема на која твореа учениците: „Мирисот на спомените“. Учесници: Јована Павловска, Анастасија Стојановска, Симона Костадиновска, Анастасија Гроздановска, Борис Зарковски, Сандра Цветкова.

Соработка со Високата школа за новинарство и односи со јавноста (септември2018). Ученичката Анастасија Стојановска пишуваше колумна на тема „ Моето училиште“. Колумната беше објавена во средношколскиот весник „ Медиум“ , кој излегува како подлисток на дневниот весник„ Нова Македонија“.

Подготовка и учество на општински литературен натпревар распишан по повод Месецот на книгата од Библиотеката „Тане Георгиевски “ од Куманово (октомври 2018 ) Учениците имаа часови како подготвителна фаза за учество на литературниот конкурс и добија насоки од наставникот за пишување поетски и прозни литературни творби. Учесници: Јована Павловска, Сандра Цветкова, Анастасија Стојановска, Анастасија Гроздановска.

Во организација на Друштвото на писатели од Куманово ,во Центарот за култура ”Трајко Прокопиев” беше организирана музичко-поетска вечер –(октомври 2018 год.). Учестиваа: Јована Павловска која освои трето место и Анастасија Гроздановска - второ место.

Посета на промоција на книга во Библиотека „Тане Георгиевски“ –октомври 2018.

Учениците Борис Зарковски, Сандра Цветкова, Анастасија Стојановска и Јована Павловска како и наставниците по Македонски јазик и литература присуствуваа на промоција на книгата „ Платно од шепот “ од авторот Марко Виденовиќ.

Учество на „Рацинови средби“ (ноември 2018)

Ученичката Сандра Цветкова од паралелката I8 со своја лична творба „ Рацин вчера , денес и утре“ зеде учество на Државниот литертурен натпревар „ Детски Рацинови средби“ во Велес и освои прво место за најдобра литературна поетска творба во категорија средни училишта во Р. Македонија.

Подготовка и учество на училиштен литертурен натпревар по повод Патрониот празник на училиштето (ноември 2018). Учествуваа учениците: Јулија Стефановска, Бојана Бојковска, Марија Димитровска, Анастасија Стојановска, Анастасија Гроздановска, Јована Павловска, Кристина Трајковска, Моника Трајковска, Јована Петковска, Сандра Цветкова, Симона Костадиновска.

Посета на промоција на книга (ноември 2018, Библиотека Тане Георгиевски).

Опис на активноста: учениците и наставниците по Македонски јазик и литература присуствуваа на промоција на книгата „Разголена душа“ од авторот Марта Димитров. Учествуваа Сандра Цветкова и Анастасија Стојановска.

Средба со добитниците на наградените писатели од Фестивалот на европска литература (Ноември, Занаетчиски дом). Учениците и наставниците по Македонски јазик и литература присуствуваа на средбата со писателите од Европската Унија, наградени на Фестивалот на европската литература: Офејгур Сигудсон од Исланд и Џамал Уаријачи од Холандија. Учесници: Теодора Петковка, Јована Бојковска, Борис Зарковски, Иван Цветковски, Маја Илиевска, Николинка Радевска, Наташа Стојановска, Јелена Тасовска, Кристина Јовановиќ, Јована Ѓелиќж, Гордана Ангеловска, Ивона Каранфиловска, Стефани Николовска, Кристина Јовановиќ, Наталија Поповска, Антонио Стојановски, Кристина Гутевска, Марта Трајковска, Марија Николиќ , Драгана Мишевска, Милена Стојимановска.

На покана од Високата школа за новинарство и односи со јавноста, учениците од СОУ„ Перо Наков “присуствува на Медиумскиот ден за средношколци, кој се одржа на 5 декември (среда) од 10 до 16 часот. Учениците ја посетија локалната телевизија Тв Плус и се запознаа со начинот на кој работат новинарите и уредниците, како се поготвува новинарски прилог за телевизиски дневник, како се пишува вест, како се снимаат емисии од забавен карактер и сл.

Изразно читање на песната „ Пеперутка од пепел “ од Сузана В . Спасовска. Учесник – Сандра Цветковска.

Учество на МАССУМ - најдобра поетска творба (април, 2019) ученик - Сандра Цветкова.

Организација и учество на литертурно-музичка манифестација по повот Светскиот ден на поезијата, во соработка со Друштвото на писателите на Куманово (април 2019). Учесници: Сандра Цветкова, Кристина Трајковска, Моника Трајковска, Борис Зарковски, Јована Павловска, Анастасија Стојановска, Леонид Стојановски, Дајана Ивчевиќ.

Учество на литературниот конкурс распишан од Славјанскиот универзитет- Свети Николе (мај, 2019). Учесници: Сандра Цветкова, Кристина Трајковска, Моника Трајковска, Борис Зарковски.

Посета на Саем на книгата во Скопје, мај 2019. Учесници-група ученици од I-IV г.

Учество на Ораторска вечер , оргаизирана од Клубот на оратори на Правниот факултет од Скопје - Мај, 2019 Учесник-Кристина Трајковска.

Учество на конкурсот „Изрази се преку медиумите “ во мај 2019 со учениците: Кристина Трајковска и Христина Спасовска.

Учество во средношколски камп во Струмица , организиран од Високата школа за новинарство и односи со јавноста од Скопје во јуни 2019 со учениците: Анастасија Димковска и Симона Додевска.

Септември 2019

Подготовка и учество на општински литературен натпревар ( конкурс) од Друштвото на писатели на Куманово. Тема на која твореа учениците:„ Боите на љубовта“.   Учесници: Анастасија Стојановска II-4, Симона Костадиновска II-1, Анастасија Димковска II-5, Кристина Трајковска II-3, Сандра Цветкова II-8, Јована Петковска II-3, Симона Додевска II-5, Јована Павловска II-4.

Октомври 2019

Посета на театарска претстава „Макбет“ во Театар Куманово. Учесници - ученици од втора година.

Подготовка и учество на општински литературен натпревар распишан по повод Месецот на книгата од Библиотеката „ Тане Георгиевски “ од Куманово. Учениците пишуваа поетски и прозни литературни творби. Учесници: Јована Павловска II-4, Сандра Цветкова II-8, Анастасоја Стојановска II-4, Борис Зарковски II-3, Кристина Трајковска II-3.

Во организација на Друштвото на писатели од Куманово ,во Центарот за култура ”Трајко Прокопиев” беше организирана музичко-поетска вечер. Освоена награда: Анастасија Стојановска II-4 - второ место.

Посета на Меѓународниот саем на книгата во Белград - учениците и наставниците по Македонски јазик и литература го посетија Саемот на книгата во Белград.

Ноември 2019

Учество на „ Рацинови средби“ . Ученичката Јована Павловска II-4, со своја лична творба „ Белите мугри во светлината на денот“ зеде учество на Државниот литературен натпревар

„ Детски Рацинови средби“ во Велес, кој се одржа во локалната библиотека „ Кочо Рацин “.

Подготовка и учество на училиштен литертурен натпревар по повод Патрониот празник на училиштето. Учесници: Симона Додевска II-5, Анастасија Стојановска II-4, Јована Павловска II-4, Кристина Трајковска II-3, Моника Трајковска II-3, Јована Петковска II-3, Сандра Цветкова II-8, Симона Костадиновска II-1. Учениците пишуваа прозни и поетски творби

•    Освоени награди: Кристина Трајковска и Борис Зарковски од II-3 – трета награда a Сандра Цветкова II-8   -прва награда.

Учество во Јавна дискусија на тема „Воведување на медиумска писменост во образованието“ во организација на Македонскиот институт за медиуми и Влада на РСМ. Активноста се одржа во Библиотека „ Св. Климент Охридски“ Скопје.

Учество на литературен конкурс распишан од граѓанската иницијатива „ Сакам да останам“ Скопје. Учесник – Кристина Трајковска II-3.

Декември, 2019

Учество на Државниот рецитаторски натпревар организиран од Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература. Учесник - Анастасија Стојановска II-4

Април, 2020

Учество на МАССУМ - најдобра поетска творба. Учесник Анастасија Стојановска II-4.

Март, 2020

Учество на литературен конкурс по повод Денот на жената организиран од Локалниот совет за превенција од Куманово. Учествуваа: Сандра Цветкова II-8, Кристина Трајковска II-3 и Јована Петковска II-3.

Мај, 2020

Учество на литературен конкурс распишан од Отсек за превенција при СВР Куманово.

Учесници: Кристина Трајковска и Јована Петковска од II-3.

Учество на литературен конкурс распишан од ЦИД. Учесник и освоена трета награда Јована Петковска II-4.

Учество на литературен конкурс по повод Денот на селовенските просветители распишан од Здружението на просветни работници на Македонија. Учесник - Јована Петковска II-4.

Наставникот Елена Георгиевска:

Државни натпревари:

22.12.2018 - Филолошки факултет „Блаже Конески“-Скопје. Станува збор за рецитаторски натпревар каде ученичката Меланија Димковска од IV 3 го помина успешно само првиот круг од натпреварот.

12.04.2019 во Кичево се одржа натпревар по јавно говорење каде ученичката Мартина Пауновиќ od IV 1 освои прво место.

Општински натпревари:

Октомври:

•    Литературен натпревар на тема „Книгата - патот кон иднината“ по повод месецот на книгата распишан од Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово. Натпреварот беше реализиран во просториите на Библиотеката на 25.10.2018

•    Литературен конкурс „Мирисот на спомените“ распишан од Друштвото на писатели од Куманово.

Меланија Димковска од IV 3 освои трето место на натпреварот. Наградите беа доделени на 6.11.2018 во Домот на културата „Трајко Прокопиев“.

Училишни натпревари (Октомври-Ноември 2018)

•    14.11.2018г. Литературен натпревар: „Јазикот е нашето најголемо богатство“ и „Љубовта – реалност или илузија“ по повод патрониот празник на СОУ „Перо Наков“. Ученичката Меланија Димковска освои прво место за четврта година.                  

Септември

КОНКУРС ЗА МЛАДИ ПОЕТИ на слободна тема од Агенцијата за млади и спорт. Учесници: Ивона Каранфиловска, Стефани Николовска IV-5

Конкурс за најдобар есеј на тема Зошто сакам да останам во Македонија од Граѓанска иницијатива Сакам да останам. Учесници: Ивона Каранфиловска и Кристина Јовановиќ од IV-5.

Октомври

Литературен конкурс на теми: Мигот на моето постоење; Бојата на љубовта, од Друштво на писатели – Куманово. Учесници: Ивона Каранфиловска и Стефани Николовска од IV-5

Литературен натпревар Библиотека „Тане Георгиевски“ - Куманово по повод „Месецот на книгата" на 21.10.2019г, на тема: Книгата ни носи непознати пријатели.

Учесник и добитник на награда: Ивона Каранфиловска, освоено ВТОРО МЕСТО за најдобра прозна творба.

Ноември

Државен натпревар - Поетски конкурс на 52. Детски Рацинови средби на тема Белите мугри во светлината на денот.Учесник и наградена:Ивона Каранфиловска – ТРЕТО МЕСТО за поетска творба. На 5.11.2019 г. посета на фестивалот во Велес каде имаше свечено доделување на наградите.

       Март

Конкурс за литературни творби на тема Гулаб со гранче маслина, организиран од Локален совет за превенција на Општина Куманово по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Ментор на учениците: Стефани Николовска и Ивона Каранфиловска од IV 5. Наградена за најдобра поетска творба: Ивона Каранфиловска.

Април

Онлајн државен натпревар Образовно рандеву во категорија Јавно говорење и Најдобра поетска творба, организиран од МАССУМ, април, 2020. Ученичката Сара Манасиевска од IV 4, наградена за Јавен говор со ТРЕТО МЕСТО.

Ученичката Ивона Каранфиловска од IV 5, наградена за Најдобра поетска творба со ВТОРО МЕСТО.

Мај

Учество на литературен конкурс за средношколски есеи, организиран од Славјанскиот универзитет во Свети Николе, април, 2020.

Учество на литературен конкурс организиран од НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово на тема „Слободно чекорам, слободно размислувам“ (поетска творба) по повод Денот на Европа, мај, 2020. Ученичката Ивона Каранфиловска, наградена.

Учество на литературен конкурс за најдобар есеј на тема: „Во какво мултиетничко општество живееме?“, организиран од Мултикулти во рамки на проектот Граѓанско учество за интеркултурно општество, поддржан од страна на Амбасада на Кралството Холандија, мај, 2020. Ученичката Ивона Каранфиловска, наградена за учество.

Учество на Конкурс за литературни творби на тема „Пандемијата не препознава социјален статус, вера, нација, етничка припадност и боја, здружени да ја победиме“, организиран од Локален совет за превенција на Општина Куманово, мај, 2020.

Ученичката Ивона Каранфиловска, наградена за најдобра литературна творба.

Наставникот Оливера Николовска-Китановска:

На 20.11.2018 година, по повод „Месецот на книгата“, во ЈОУ-Библиотека „Тане Георгиевски“-Куманово, на награден литературен и ликовен натпревар на тема- Книгата-пат кон иднината, ученичката Ивона Каранфиловска од III-5 зеде учество со прозна творба и освои трета награда..

На 15.11.2018 година- Патронен празник на СОУ„Перо Наков“-Куманово

   Ученичката Ивона Каранфиловска од III-5 со прозна творба со наслов Книгата -разговор со вечноста, освои прва награда на ниво на трета година.

23.4.2019 година-Друштво на писатели- Куманово

Учество на ученичките: Ивона Каранфиловска, Кристина Јовановиќ и Стефани Николовска од III-5 со свои лични творби, 12.4.2019 година-МАССУМ-ОСУ„Мирко Милески“-Кичево

Ученичката Ивона Каранфиловска од III-5, зеде учество со поетска творба- Која сум.

Мај 2019 год. - посета на Саем на книга-Скопје-2019година

Учество на конкурс за најдобра поетска творба на тема: Боите на љубовта, организиран од „Друштвото на писателите“ од Кумано и освоено прво место од страна на ученичката Тамара Даневска од I-2.

Учество на конкурс за најдобра поетска творба,организиран од библиотека„Тане Георгиевки“ и освоено второ место од страна на ученичката Тијана Пуриќ од I-2.

Учество на конкурс за најдобра прозна творба, организиран за Патронен празник на нашето училиште и освоено трето место од страна на ученичката Стефани Денковска од I-9.

Учество на конкурс за најдобра поетска творба,организиран од МВР Куманово и освоена награда од страна на ученикот Антонио Благоевски од I-9.

Посета на „Саем на книга“ во Белград.

Наставник по македонски јазик и литература Сандра Петковска

Септември, 2019

Подготовка и учество на општински литературен натпревар (конкурс) од Друштво на писатели на Куманово. Тема на која твореа учениците: „Боите на љубовта”. Учесници: Ина Симиќ III-3, Анета Ѓорѓиевска III-7.

Октомври, 2019

Посета на театарска претстава „Магбет” во Театар Куманово, од ученици од трета година.

Подготовка и учество на општински литературен натпревар распишан по повод Месецот на книгата од Библиотеката „ Тане Георгиевски “ од Куманово. Учениците добија насоки од наставникот за пишување поетски и прозни литературни творби. Илијана Митровска III-4 освои трета награда.

Посета на Меѓународен саем на книгата во Белград. Учениците и наставниците по Македонски јазик и литература го посетија Саемот на книгата во Белград.

Ноември, 2019

Подготовка и учество на училиштен литертурен натпревар по повод Патрониот празник на училиштето. Учество зедоа: Стефанија Цветковска III-7, Тамара Звонковиќ III-7, Влајко Марјановиќ III-8, Мила Златковска III-8, Илијана Митровска III-4, Бојана Стојановска III-3, Ева Тончевска III-3, Сара Драгевска III-3 и Сара Петрушевска III-3. Учениците пишуваа прозни и поетски творби а Стефанија Цветковска III-7 освои втора награда.

Јануари, 2020

Учество на литературен конкурс објавен од Институтот за историја и археологија при Факултетот за образовни науки на Универзитетот Гоце Делчев- Штип.

На првиот Годишен конкурс за средношколски есеи на тема од Македонска историја и археологија, за ученици од III и IV година, зема учество ученичката Сара Драгевска III-3, со лична прозна творба на тема: Зошто би сакал да бидам историчар/ археолог.

Март,2020

Учество на литературен конкурс по повод Денот на жената организиран од Локалниот совет за превенција Куманово. Учество зедоа: Бојана Стојановска III-3, Меланија Мркоњиќ и Илијана Митровска III-4.

Учество на литературен конкурс распишан од Одсек за превенција при СВР Куманово. Учесници: Стефанија Цветковска III-7, Бојана Стојановска III-3 и Илијана Митровска III-4.

Мај,2020

Учество на литературен конкурс распишан од ЦИД. Учесници: Ина Симиќ III-3, Бојана Стојановска III-3, Сара Драгевска III-3, Симона Митровска III-7, Викторија Стојановиќ III-7, Стефанија Цветковска III-7, Меланија Мркоњиќ III-4 и Илијана Митровска III-4.

Учество на конкурс за најдобри средношколски есеи – 2020 организиран од страна на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“,

Учесници: Бојана Стојановска III-3, Далибор Петрушевски III-5, Стефанија Цветковска III-7, Тамара Звонковиќ III-7 и Теодора Денковска III-4.

Англиски јазик:

На 27. 03. 2019г. Училиштето беше посетено од страна на делегација од општина Куманово предводена од Градоначалник на општина Куманово и амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Рејчел Галовеј. Претставниците го посетија часот по англиски јазик на професорката Дубравка Добревска во паралелка IV 7 и беа импресионирани од знаењето на учениците.

     Учество на училишен натпревар по англиски јазик и освоено прво место на ученичката Марта Манасиевска од II 7.

Ноември, 2020 – учество на училишен натпревар по англиски јазик по повод Патронен празник на училиштето на којшто ученичката Јована Петковска од II 3 освои второ место, а ученичката Јована Павловска од II 4 освои трето место.

Учество на училишен натпревар за учество на општински натпревар, каде што ученичките Јована Павловска и Дајана Ивановиќ се пласираа за општински натпревар. Меѓутоа, поради состојбата со пандемијата, сите општински и државни натпревари беа откажани.

Март, 2020, - учество на меѓународен натпревар организиран од страна на издавачка куќа Oxford University Press – Англија, за изработка на постер со порака. На натпреварот учествуваа 8 ученика од II 3, II 4 , II 1 паралелка.

Руски јазик:

Зарковски Стефан IV 7 – учество на XVI Меѓународен Пушкински натпревар по руски јазик, Москва, Руска Федерација

Димковска Катерина III6 – прво место на XII Меѓународен фестивал за детско литературно творештво, Санкт-Петербург, Руска Федерација

Стојименовска Милена III6 – прво место на XII Меѓународен фестивал за детско литературно творештво, Санкт-Петербург, Руска Федерација

Петрушевска Магдалена II5–учество на јубилеен 50 Државен натпревар по руски ј.

Величковска Клаудија II7-учество на јубилеен 50 Државен натпревар по руски јаз.

Димковска Катерина III6-учество на јубилеен 50 Државен натпревар по руски јазик.

Стојименовска Милена III6-учество на јубилеен 50 Државен натпревар по руски ј.

Училишните спортски екипи активно учествуваат во различни спортски натпревари, манифестации, проекти, патронати идр. и успешно постигнуваат одлични резултати. Спортските натпревари се одвиваа во текот на целата учебна година и со нив беа опфатени ученици од прва до четврта година, при што постигнаа солидни резултати.

•    На ден 19.10.2018 год општинско првенство во ракомет,машка екипа освои прво место.

•    На ден 27.10.2018 год прв натпревар од зонска лига со Кочо Рацин-СВ.Николе прво место за СОУ Перо Наков. На општински натпревар ракомет женска екипа освои второ место.

•    Од 07-09.11.2018 год. по повод турнир во мал фудбал –машки, во чест на градоначалникот на нашиот град, нашето училиште зеде учество и освои трето место. Учествуваа 13 ученици од втора, трета и четвра година.

•    По повод патрониот празник на училиштето na 15.11.2018 година се оддржа турнир во мал фудбал – машки, при што учество земаа по една екипа од сите години. Постигнати се следните резултати: I место-IVгод, II- место- II год, III место I год. и IV место -III год.

•    Во соработка со СВР Куманово во проект - Спорт без насилство по повод празникот Рамазан се одржа турнир во мал фудбал женска екипа каде нашето училиште го освои II -то место.

•    По повод општински натпревар во кошарка машка екипа, училиштето го освои второто место.

•    31.05.2019. Одржано државно првенство помеѓи средни училишта во пливање во Куманово. Александар Пауновиќ освоено III место во дисциплина 100 метри слободно пливање.

•    31.05.2019. Одржано државно првенство помеѓи средни училишта во пливање во Куманово. Александар Пауновиќ освоено III место во дисциплина 100 метри слободно пливање.

Сите спортски активности се реализирани од предметните професори по спорт и спортски активности Радица Димитриевски, Ангел Ивановски и Дарко Давидовски.

На ден 24.10.2019г. се одржа општински натпревар во футсал-женска екипа и го освои II-то место.

На ден 30.10.2019г. се одржа општински натпревар во ракомет машка екипа и го освои II-то место.

На ден 31.10.2019г. се одржи општински натпревар во футсал машка екипа и го освои III-то место.

На ден 01.11.2019г. се одржа општински натпревар во ракомет женска екипа и го освои II- то место

На ден 06.11.2019г. се одржа натпревар кошарка во машка и женска екипа и го освои II-то место во општината.

На ден 7.11.2019г. се одржа турнир во футсал по повод 11 Ноември-Пехар за градоначалник и го освои III-то место.

На ден 08.11.2019г. се одржа натпревар во одбојка со машка и женска конкуренција каде го освоија III-место женска екипа и II- место машка екипа

На ден 14.11.2019 се одржа турнир во мал фудбал по повод Патрониот празник на училиштето. Четири екипи од сите генерации на ученици. I-во место екипа од втора година, II место екипа од четврта година, III-то место екипа од трета година.

На ден 10.12.2019г. во просториите на МКЦ-Скопје се одржа завршен настан на активности од спортска секција, каде учествуваа учениците од прва до четврта година. Пред презентацијата беа запознаени сите присутни за реализираните активности во изминатиот период.

         Во периодот од месец август 2018 година до месец јуни 2019 година во рамките на природно-математичкиот актив реализирани се, меѓу другото и активности од математичка секција. Математичките секции се организираше заради популаризација на математиката и мотивација за учење. Со работата на оваа секција се развива практична примена на математиката преку ориентирани, логички игри, мозгалки, креативни работилници, преку збогатувањето на знаењата, вештините и способностите. Од друга страна да се разбиваат предрасудите дека математиката е тешка, неразбирлива, досадна и воглавном некорисна.

Професорите по математика организираа училишен натпревар по повод Патрониот празник на училиштето. Натпреварот беше одржан во училиштето и на него учествуваа ученици од сите години. Најдобри резултати постигнаа учениците:

Учениците беа наградени со пофалници како и скромни подароци.

По повод Патрониот празник на училиштето беше организиран натпревар и на него учествуваа ученици од сите години. Учениците беа наградени со Пофалници и скромен подарок .Тоа се учениците: Филип Андевски прва година, Јована Петковска втора година, Сара Петрушевска трета година и Андреј Деспотовиќ четврта година.

Учениците Јована Петковска и Моника Трајковска од II-3 паралелка учествуваа во „Есенската математичка школа“ организирана од Сојузот на математичари на Македонија а се одржа на ПМФ во Скопје. Ученичките беа рангирани на петто и шесто место.

  • Младинска организација и Кариерен центар

Ментор на Младинска организација и Кариерен центар беше Гордана Ж. Стојановска, наставник по предмети од економско-правна и трговска струка.

На почетокот на учебната година претседателство на Младинската органицазија и тоа претседател Николај Павловски од IV-3 клас и администратор Стеванија Велковска од   IV-7 ги запозна членовите на организацијата со програмата за работа за новата учебна година.

Лидер на струка - Во рамки на овој проектот учество земаа нашите ученици од економско-правна и трговска струка и тоа:

-за економски техничар учествуваа учениците Меланија Димковска и Будиќ Ива.

-за банкарски техничар учествуваше Тамара Митровска и Кристина Петрушевска.

-за деловен секретар ученичка- Тереза Миленковска.

Како и секоја година нашите ученици од профилот Банкарски техничар беа први во рамки на самиот профил и тоа Тамара Митровска зеде прво место, Кристина Петрушевска второ место а Тереза Миленковска второ место во рамки на профилот Деловен секретар.

Извештај за учество на МАССУМ 2019 год.

Следната активност на Младинската организација и Кариерниот центар беше Образовно рандеву кое се реализираше на 12 и 13. 04. 2019 год. во Кичево на кое учениците   учествуваа во повеќе категории на натпревари.

Нашите ученици на овие натпревари беа најдобри во следните категории:

Учество на натпревар “Лидер на струка“   одржан во Скопје во СОУ „ Васил Антовски Дрен “, на 06.12 2019 година :

Петрушевска Марта – IV8 банкарски техничар

Петларска Мартина – IV8банкарски техничар

Интервју за работа - Јована Тошевска

Јавно говорење - Сара Манасиевска

Најдобра фотографија - Наталија Поповска

Најдобар штанд - Марта Петрушевска, Мартина Петларска, Кристина Трајковска, Марија Ангеловска

Поради корона вирусот не се одржа Образовното рандеву како што беше планирано, туку беа организирани и одржани он – лајн натпревари по поедини категории на кои учениците од нашето училиште ги освоија следните награди:

Јавно говорење – Сара МанасиевскаIV-4 освои трето место

Лична творба – Ивона Каранфиловска IV-5 освои второ место

Промовирање на постигањата во име на училиштето

Екскурзии

Изведени се дваеднодневни излети од забавно-рекреативен и општооспитен карактер и тоа на 12.10.2018 год. и на 30.04.2019 год. до местото Спомен-Костурница Куманово. Со овие екскурзии раководеа класните раководители, а   опфатени беа сите ученици од училиштето.

- Врз основа на Законот за Средно образование, Правилникот за начинот на изведување наученичкитеекскурзии и другислободниактивностинаученицитеод средните училишта и Годишната програма за работа на СОУ Перо Наков“ – Куманово во период од 10.05.2019 до 17.05.2019 беше реализирана повеќедневна училишнаекскурзија за учениците од трета година. Екскурзијата се реализираше од страна на Туристичка агенција „Јоцо Турс“Куманово и беше на релација Будимпешта –Брно–Прага–Виена–Верона–Лидо ди Јесоло-Венеција. Учениците од сите класови од трета година при оваа училиште беа предводени од наставници, класни раководители: Марина Радевска класен раководител на III1, Фросина Насковска -III3, Фросина Николовска-III4, Даниела Илијевска-III 5, Викторија Јовчевска-III6, Емилија Пешевска-III7, Гордана Ж.Стојановска-III8. Оваа екскурзија ја придружуваше еден лекар, двајца туристички водичи и четворица шофери.

За време на патувањето беа посетени повеќе европски земји и повеќе европски градови. На овој начин учениците се запознааа со архитектурата, културно-историските знаменитости, индустриските и земјоделските капацитети,традицијата, менталитетот и начинот на живеење во овие земји. Се формираше позитивен однос кон интернационалните, културните и естетските вредности, поттикнување и манифестирање на позитивни емоции, другарување и поддршка, солидарност и подобро меѓусебно запознавање при што учениците добиваат информации за веќе изучени факти од историски и географски карактер на другите земји во согласност со воспитно – образовната работа во училиштето. Целиот стручен тим на училиштето ја оцени екскурзијата како успешна и поучна.

Во учебната 2019/2020 година изведена е една еднодневен излет од забавно рекреативен и општо воспитен карактер во октомври, до месноста Спомен -костурница. Со оваа екскурзија раководеа класните раководители, а опфатени беа сите ученици од училиштето.

Повеќедневната екскурзија за учениците од III година како и пролетниот еднодневен излет не беа реализирани поради пандемијата КОВИД 19.

Стручни посети

*Посета на Собранието на Република Македонија. Во рамките на програмата „ Отворен Ден “ на Собранието на РМ, на 02. 11. 2018 година Нашиот Законодавен Дом го посетија група од 40 ученици заедно со   предметните наставници Марина Златковска, Елена Костиќ – Кипријановска и Маргица Величковиќ.

*Посета на Народна Банка на РМ – во рамки на Проектот на НБРМ, на 08.02.2019. од страна на група о 30 ученици со предметните наставници Марина Златковска, Елена Костиќ – Кипријановска и Маргица Величковиќ.

Во рамките на програмата „ Отворен Ден “ на Собранието на РМ,   на 22. 09. 2019 година Нашиот Законодавен Дом го посетија група од околу 40   ученика заедно со предметните наставниците Марина Златковска и Маргица Величковиќ.

Посетата на Собраниската палата траеше околу три часа и имавме можност да ги посетиме сите простории каде се одвива работата на пратениците и работните тела на Собранието на Република Македонија. Водич на Нашата посета и воедно Предавач беше Томе Гушев - Претставник од Одделението за едукација и комуникација во Парламентарниот институт. Во рамките на посетата имавме можност дасе сретнеме со пратениците од Куманово кои подетално ги запознаа учениците со работата на пратениците и одговараа на сите прашања   за кои беа заинтересирани учениците. Воедно имавме можност да поразговараме и за тековните прашања и проблеми поврзани со образованието и учениците имаа можност да ги искажат своите идеи, предлози и идејни решенија на некои проблеми коисе јавуваат во текот на наставата и праксата. Учениците се покажаа во добро светло со своите предзнаења , својата култура и однесување.

По покана на Парламентарниот институт, Нашето учичиште зеде учество на онлајн виртуелната тура низ просториите на Собранието на РСМ. Имено, на 02 јуни 2020 година - со почеток во 11.00 часот, група од околу 50 ученици заедно со проф. Марина Златковска и Борис Антевски учествуваа на онлајн виртуелната тура низ Собранието. Наш домаќин и воедно водич на оваа интересно онлајн патување низ просториите и историјата на Нашиот Законодавен Дом беше Советник историчар Соња Стаменковска од Одделението за едукација и комуникација.

Општествено-корисна работа

*уредување на училиште и училишниот двор беше спроведено на Денот на екологија 21.03.2018 и 21.03.2019 година. Класните раководители со своите ученици засадија садници и го чистеа училишниот двор. Садниците беа   донација од ЈП „Чистота и зеленило“.

*акции за пошумување во соработка со локална средина- Деннадрвото.

     *солидарни акции (хуманитарна помош, собирни акции, крводарителски акции, во соработка со Црвен крст и невладини организации):

Заштита на здравјето и култура на живеење

     Посебно внимание беше посветено на одржувањето на хигиената во училиштето. Пред почетокот на учебната година, како и за време на зимскиот распуст, беа извршени сите потребни подготовки за нормално започнување на наставата од хигиенски аспекти. Исто така беше извршена дезинфекција, дезинсекција и дератизација на сите простории во училиштето. Во текот на годината редовно   се чистеа училишните простории и училишниот двор а се организираа и акции во кои беа вклучени и учениците со цел на подигнување на свеста кај учениците за грижа за себе и околината.

Во втората половина на февруари 2019 год. за учениците од прва и четврта година беше реализиран системаски преглед во Школскиот диспанзер. Учениците беа придружувани од наставник или лице од стручната служба.

Исто така беше извршен и систематски преглед за сите вработени.

Со календарот за имунизација и вакцинација   се реализираше вакцинирање против тетанус на сите ученици од завршните години. Вакцинирањето се спроведе во училиштето во втората половина на мај 2019 год. а учениците кои беа отсутни дополнително беа упатени на вакцинирање во диспанзерот „Тоде Мендол“.

Во соработка со Црвен крст Кумново беа спроведени две крводарителски акции и тоа во првото полугодие на 06.12.2018 година и во второто полугодие на 11.04.2019 година.

Во текот на учебната година имаше и солидарни акции.

Во текот на учебната година беа организирани едукативни предавања и трибини од страна на Црвен крст Куманово. Така на пример на:

- 28.11.2018 год. беше организирана работилница на која учествуваа 46 ученици кои беа запознаени со општите работиза постоењето и работата на Црвен крст од Куманово а со тоа и вклучување на млади лица- ученици во самата организација како волнтери.

-02.04.2019 год. во училишниот хол, од страна на волонтерите од Црвен крст на РМ, општинска организација Куманово, пред учениците од I,II,III и IV год. беше спроведена симулациска показна вежба за правилно укажување прва помош на повредени лица. Од страна на младите волонтери беа демонстрирани неколку техники за давање прва помош при повреда на глава, рака и нога.

Во врска со заштита на здрајето на учениците училиштето непосредно пред почетокот на учебната година како и во текот на зимскиот распуст, изврши дезинфекција, дезинсекција и дератизација на сите простории. Просториите и училниците редовно се чистеа пред почетокот на смените, а санитарните простории се чистеа и дезинфекцираат почесто и по потреба и за време на часовите.

Во врска со здравјето на нашите ученици беа реализирани и редовните систематски прегледи како и вакцинирање против тетанус на учениците од четврта година, кои ги спроведе Заводот за здравствена заштита.

Во првото полугодие беа спроведени и санитарeн прегледи за вработените, во соработка со Центарот за Јавно здравје.

За време на пандемијата со КОВИД 19 сите активности кои се одржуваа во училиштето беа строго контролирани и извршувани според дадените протоколи за заштита од вирусот (носење маски, дезинфекција и држење растојание).

Активности за безбедност во училиштето и превенција против насилство

За да можат учениците и нивните родители како и вработените да се чувствуваат безбедно, во училиштето беше поставен нов видео надзор и се изготви распоред за дежурање на наставници за време на одморите. Исто така родителите во паралелките на македонски јазик самите финансираа агенција за обезбедување до крајот на наставната година, додека во паралелките на албански јазик агенцијата за обезбедување беше финансирана со средства од училиштето. Во соработка со Советот на родители ова плугодие беа ангажирани лица за обезбедување во двете смени, со цел да се зголеми безбедноста на сите а пред се учениците.

Заради безбедносни потреби исто така беше и редовната соработка со СВР Куманово – Отсек за превенции, со кои задолжените во училиштето имаа чести средби на кои учествуваа и ученици од Тимот за безбедност.

Извештај за проекти кои се рализираа во текот на учебната година:

  • Проект - Кариерен центар и Младинска организација
  • Проект – Соработка со други училишта и општини

Наставник Гордана Ж.Стојановска   и ученициод I до IV година / продолжија со активности на Кариерен центар и Младинска организација. Нивните активности беа во рамките на вонучилишни активности и учество на разни манифестации, натпревари, на „Образовно рандеву – МАССУМ 2019“   и „Образовно рандеву – МАССУМ 2020“    итн.

Проектот–Меѓународна соработка со Република Србија

На 23.05.2019 год. делегација од нашето училиште составена од: 6 професори и осум   ученици, беше во посета на збратименото Економско училиште од Ниш - Република Србија. Причина за оваа посета беше Патрониот празник на училиштето. Нашата делегација присуствуваше на свечената академија, пригодната приредба и свечениот коктел. За време на посетата, нашите ученици беа гости на нивните врсници од училиштето домаќин. Соработката помеѓу двете училишта трае неколку години и истата ќе продолжи и во иднина.

Традиционално на карневалот во Струмица кој се одржа од 08 до 10.03.2019 година, зеде учество и нашето училиште, со заедничка маска од сите средни училишта од Куманово. На маскенбалот учествуваа 12 ученици од трета и четврта година, кои сами ги изработија маските. Училиштето доби благодарница за десетгодишно учество на струмичкиот маскенбал.

Проект УПН (условен паричен надоместок)

       Проектот се реализираше и оваа учебна година во соработка со Министерството за труд и социјална политика и ЦСР Куманово. Истиот се   однесува на парична помош на ученици чии родители се корисници на социјална помош. Услов е учениците да се редовни и да немаат повеќе од 15% отсуство од вкупниот број на реализирани часови.

Во оваа учебна година во овој проект беа опфатени 126 ученици од нашето училиште од кои 11 во наставата на македонски јазик и 115 на албански јазик.

Проект   „ Безбедно училиште“

     Оваа учебна година СОУ„Перо Наков“- Куманово продолжи со работа на проектот Безбедно училиште во соработка со СВР Куманово. Одговорни беа дефектологот Ленче Јовановска и наставникот Мирлинда Реџепи кои редовно соработуваа со инспекторите за превенција од СВР Куманово - Виолета Богдановска, Марјан Павличек и др. Во текот на учебната 2018/19 година беа реализирани следниве активности:

На почетокот на учебната година во училиштето беа формирани тимови за безбдност на ниво на секоја паралелка, како и Тим на ниво на училиште во кој беа вклучени ученици, наставници, родители, директорот и стручната служба.

На 07.09.2018 година на Градскиот плоштад се одржа презентација на полициски автомобили, комбиња на брза помош и пожарникарски возила по повод 8ми Септември- Денот на независноста на Република Македонија. Од нашето училиште на оваа активност учествуваа 11 ученици од прва година заедно со дефектологот Ленче Јовановска.

Од 19-21.09.2018 година во Крушево се одржа семинар во кој учествуваа по двајца ученици од македонски паралелки од нашето училиште и три ученика од албански паралелки од СОУ„Сами Фрашери“- Куманово. Одговорен наставник за учениците беше професорката по англиски јазик Мирлинда Реџепи од СОУ„Перо Наков“- Куманово (албански паралелки). Организатор на овој семинар беше Мисијата на ОБСЕ во соработка со СВР Куманово. Цел на активностите беше подигање на свеста на повосоко ниво, како и зголемување на чувството на сигурност и безбедност. Теми на кои се разговараше: Стереотипи и предрасуди; Трговија со луѓе; Медиумска писменост; Активно младинско учество; Резрешување конфликт; Младите и човековите права.

По повод 11-ти Октомври, СВР заедно со Центар за интракултурен дијалог организираа трка која се одржа низ градот. Од нашето училиште учествуваа 10 ученици и предметен наставник по Спорт и спортски активности Дарко Давидовски.

По повод 9-ти Декември (Ден на превенција) на 07.12.2019 членовите од нашето училиште присуствуваа на свеченост во просторијата за состаноци во СВР Куманово, каде беа поделени сертификати за претставници од основните и средните училишта.

По повод 9-ти Декември (Ден на превенција), во просториите на градскиот театар се одржа претстава за семејно   насилство. Претставата ја одржаа ученици од македонски и албански паралелки при СОУ„Перо Наков“- Куманово.

На 06.01.2019 година (недела), во ССОУ„Киро Бурназ“- Куманово беше одржана прослава по повод христијанскиот празмик Бадник. На свеченоста од нашето училиште присусутвуваа Ленче Јовановска и Бојана Ивановска Димитриевска. Други присутни на прославата беа присутни Градоначалникот на Општината, секретарот на Општината, претставници од Советот на Општината, од МВР, од останатите средни и основни училишта од градот, наставници, ученици и родители. Претставник од МПЦ го објасни значењето на празникот, а потоа присутните гости ги дегустираа посните јадења кои беа приготвени по повод празникот.

На 10.04.2019 год. во Училиштето се одржа предавање на тема: „Полна кацига vs празна глава“. Предавањето го реализираше СВР Куманово, во рамките на едукативните предавања кои ги спроведува во соработка со мото клуб „Мечки“. Предавач беше инспектор Марјан Павличек, а присутни беа 40 ученици од втора и четврта година.

На ден 26.04.2019 год. 15 ученици од нашето училиште зедоа учество во реализација на хепенинг со мотори. За да учествуваат учениците требаше да исполнат услови: да имаат положено за мотор и да имаат опрема за мотор.

На ден 14.05.2019 год. (вторник) во просториите на СОУ„Перо Наков„-Куманово, се одржа презентација за однесување на матуранти за време на матурска прослава. На обуката присуствуваа 32 ученици на презентацијата која беше одржана од инспектор Марјан Павличек.

Проект за меѓуетничка интеграција во образованието

Оваа учебна година беа одржани активности подржани од МОН- мал грант замеѓуетничка интеграција.Активностите започнаа со заедничка средба на учениците од двата наставни јазика кои ги има во нашето училиште. Целта на средбата беше меѓусебно запознавање на учениците и цртање на цртежи на тема флорални мотиви.

Учениците формираа групи од мешан состав и на листови од блок нацртаа повеќе цртежи а најдобрите од нив кои учениците сами ги одбраа ги изработија на платно во акрилна техника.

Нашето училиште во учебната 2019/2020 година ги реализираше следните проекти:

Меѓуетничка интеграцијаа во образование во рамките на кој СИТ тимот во училиштето аплицираше за мал грант. Истиот беше добиен и активностите ќе се реализираат во второто полугодие

Бесплатни учебници беа поделени на сите ученици.

Проектот на Министерството за труд и социјална политика- Условен паричен надоместок. Во првиот класификационен период од оваа учебна година имаше вкупно 111 ученици-корисници на УПН, од кои 10 на македонски јазик и 101 на албански јазик. Во ториот период имаше вкупно 121 ученици од кои 13 од паралелките на македонски јазик и 108 од паралелките на албански јазик.

Проектот Безбедни училишта:

Во првото полугодие беа реализирани следните активности од овој проект:

-11.10.2019 год – одржано е маратонско трчање на 3 и 10 км. Во организација на CID. Пријавувањето беше доброволно за сите ученици од I до IV година.

-09.10.2019 год. во просториите на Комитет се оджа трибина на тема „Злоупотреба на наркотични средства, која ја спроведе СВР Куманово. Предавањето го одржа доктор неуропсихијатар и Виолета Богдановска. Трибината беше со цел запознавање на учениците со фактори, ризици и последици од употреба на наркотични средства. Учество зедоа сите ученици од II-8 и 10 ученици од IV година, со дефектологот Ленче Јовановска.

-Во период од 16 до 19.10.2019 год. дефектологот заедно со учениците: Христина Трајковска и Христина Спасовска од II-3 како и Мустаф Мурсели од II-13 учествуваа на семинар во Охрид организиран од ОПСЕ во врска со развивање на критички размислувања и отпорност кон негативните феномени како- трговија со луѓе, медиумска писменост, стереотипи и предрасуди.

-21.10.2019 год. 12 ученици од втора и четврта година со дефектологот беа на посета во СВР при што имаа можност да ги запознаат инспекторите за малолетничка деликвенција и да ги посетат службените простории (простории за КРИМ техника, простории на дежурна служба и простории за притвор-самица).

-04.11.2019 год. во училиштето се спроведени анкетни прашалници во I-1,I-2 и I-4, за злоупотреба на социјалните мрежи.

-07.11.2019 год. во училиштето се одржа обука за ученици на тема: Борба против трговија со луѓе. Обуката ја реализираше Стојне А.Димишковска од Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена порта –Ла страда, заедно со дефектологот и претставници од СВР Куманово.

-12.11.2019 год. учениците кои беа на семинарот во Охрид беа поканети во СВР Куманово со цел да се пренесат стекнатите искуства од семинарот.

-13.11.2019 год. дефектологот и членовите на училишниот тим беа во СВР Куманово каде што се запознаа со нивната улога во тимот во училиштето. Им се обрати Агим Шимшиу, дежурен полицаец, кој им објасни што се случува кога некој ќе се јави на 192.

-06.01.2020 год. Членово од Тимот за безбедност од нашето училиште, присуствуваа на прослава за Бадник во ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово.

-15.01.2020 год. бред професорите беа презентирани резултати од анкетираните ученици од сите средни училишта во врска со злоупотребата на социјалните мрежи. Презентери беа представници од СВР Куманово- Марјан Павличек и Лиле – инспектор по малолетничка деликвенција.

-27.01.2020 год. работен состанок со претставници од училишта, невладин и организации идр. на тема „Запознавање на општествените чинители со акциски план за превенција и спречување на насилен екстримизам на подрачје на општина Куманово“. Присуствуваа градоначалникот, претставници на Локален совет за превенција и претставник од Мрежата на силни градови.

-07.02.2020 год. имаше тркалезна маса во Комитет на тема „Насилно однесување на младите – продизвик и потреба за безбедност“. Присуствува 3 наставници од нашето училиште, двајца родители и четири ученици.

Учество на преставници од ОСУ “Перо Наков”-Куманово во проектот“За подобро ментално здравје на младите”

Во текот на 2018-2020 год здручението на граѓани Доверба-Куманово со менторство на психологот Дивна Јанковска, го реализира проектот: “За подобро ментално здравје на младите” кој е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост - Справување со лажните вести“, што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот за медиуми и различности од Лондон, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Во овој проект учесници беа ученици, нивни родители и наставници од три средни училишта во Куманово меѓу кои и   СОУ “Перо Наков”.Беа одржани две целоднивни обуки на ученици и наставници и родители на тeмите: “Медиумска писменост и влијанието на социјалните мрежи на менталното здравје на учениците” и “Медиумска писменост”.Обучените 6 ученици и 6 наставници и родители потоа учествуваа во радио емисии кои се реализираа преки Радио Бум Куманово на тема справување со лажни вести а последните беа на тема поврзани со КОВИД19 . Од СОУ “Перо Наков” учествуваа во 5 од радио емисиите и во завршниот спот за медиумска писменост.

Интерни проекти на училиштето кои се реализираа во текот   на наставната година:

Процедури, протоколи и прирачницизаактивности во училиштето“. Воспоставувањетосистем,какоиконтинуиранисинхронизирантекво работењетооедно,еиеденоднајважнитедокументипрекукоиќесе вреднуваквалитетотнаработењетонаучилиштетоодстранана Интегралниот инспекторски надзор.

Да ги срушиме бариерите“. Учениците од училиштето во соработка со дневниот центар „Порака наша“ ја продолжија својата волонтерска работа и оваа учебна година. Тие се ангажираа доброволно и учествуваат во активности во дневниот центар и во училиштето. Целта беше да се надминуваат разликите меѓу нив и да се развива свест за рушење на бариери и стероетипи.

Менторирање наставници“. Преку проектотсеврширазменанаидеииискуствамеѓунаставницитеод стручнитеактиви.Организацискатаклиманасоработкамеѓументоритеи наставницитеенависокониво.Новитенаставницисолеснотијаго прифаќаатпроектот,а ефектите сеевидентни.

Во духот на претриемништвото: Збогатувањеналичностанаученикотсоновизнаења одобластана бизнисот;поттикнувањенаистражувачкаитимскатаработа какои градењеналичностанаученикотводухотнапретприемничко однесување.

Одбележување на манифестации и други значајни настани

Училишниот тим за подготовка на патронат на училиштето имаше повеќе активности:

Организирање литературен натпревар за најдобра поетска или прозна творба на теми: „Јазикот е нашето најголемо богатство“ и „Љубовта – реалност или илузија“. Во врска со тоа имаше активности за подготовка на конкурс, избор на теми, составување список со критериуми за оценување, распишување конкурс, организирање литературно читање: средување и печатење на пристигнатите творби, соработка со пензионирани професори од СОУ „Перо Наков“, Радица Димковска и Драган Пановски и поранешни ученици – Марта Стефановска, за формирање жири-комисија за оценување и доделување награди на учениците, работа со ученик-водител, уредување на просторот итн. Одговорен наставник беше Елена Георгиевска, наставник по македонски јазик.

Литературниот натпревар се одржа на 14.11.2018 г. со почеток во 12 часот во просториите на училиштето. На конкурсот се јавија 27 ученици од кои беа избрани најдобри творби по години. За најдобра литературна творба од прва година се прогласени творбите на Сандра Цветкова I-8 и Јована Павловска I-4, од втора година творбата на Илијана Митровска II-4, од трета година творбата на Ивона Каранфиловска III-5 и од четврта година творбата на Меланија Димковска IV-3.

Одговорни беа беа наставниците по македонски јазик и литиература.

Другите активности беа околу подготовка на говор за неконвенционално претставување на училиштето од страна на ученикот Николај Павловски IV-3 и составување говор за официјалното водење на програмата од страна на ученичката Меланија Димковска и ученичка од паралелките на албански наставен јазик. Презентацијата се реализираше на денот на прославата на патронатот на 16.11.2018.

Во Занаетчискиот дом во Куманово на 14 ноември беше поставена изложбата на цртежите и сликите што ги изработија учениците на заедничките средби и цртежите кои ги нацртаа активноста „Разубави го градот“.

На 15.11.2018 година во училиштето се реализираа разни активности со цел промоција и афирмација на училиштето. Беа организирани и реализирани: спортски натпревари, литературен конкурс, натпревар по математика на кој зедоа учество ученици од сите години, културно уметничка програма во организација и изведба на ученици од паралелките од настава на македонски и албански јазик и други активности.

Патронатот беше прославен на 16.11.2018 год. Откако беа поделени јубилејните поклони за вробените во училиштето и положено цвеќе пред бистата на Перо Наков, пред присутните гости директорот на училиштето Мила Жибак Димковска одржа краток говор после што беа поделени награди и благодарници за учениците кои зедоа активно учество во активностите по повод празникот. Потоа следеше кратка приредба, коктел за поканетите гости и најпосле забава за учениците. Учениците беа забавувани од инструменталната група при училиштето, под менторство на наставникот по музичка култура.

Дел од активностите од Патрониот празник се дадени во другите извештаи како извештај од Младинска организација и Кариерен центар, извештај од активи, извештај од вонучилишни активности, секции исл.

Струмичкиот карневал

Традиционално на карневалот во Струмица кој се одржа од 08 до 10.03.2019 година, зеде учество и нашето училиште, со заедничка маска од сите средни училишта од Куманово. На маскенбалот учествуваа 12 ученици од трета и четврта година, кои сами ги изработија маските. Учениците работеа под менторство на наставниците Викторија Крстевска и Снежана Лучиќ. Училиштето доби благодарница за десетгодишно учество на струмичкиот маскенбал.

Изложба на тема ,,Човекови права и слободи’’ и ,,Мир и ненасилство ‘’

Невладината организација Цивил на 6 мај 2019 година подготви изложба на тема наменета за мир и заедничко решавање на конфликти. Конкурсот беше насловен,, Заедно до иста цел’’. Учениците од Техничар за дизајн на облека земаа учество со голем број на ликовни творби. На изложбата беа истакнати цртежите на сите ученици кои учествувана конкурсот. Цртежот на ученикот Дејвид Драгевски беше прогласен за еден од петте најдобри и ученикот доби диплома и награда од организацијата.

Треш фешн

             Oваа година Trashfashion се случи на 5 јуни 2019 год. но повод одбележувањето на Светскиот ден за заштита на животната средина. Изработката на моделот за Треш фешн траеше скоро цело второ полугодие, а учество земаа ученици од текстилно кожарска струка. Моделот кој беше избран е изработен од учениците Дејвид Драгевски и Лела Апостоловска III-1 и Сара Манасиевска III-4. Нашиот модел одлично се претстави, беше уникатен и покрај тоа што беше направен од отпаден материјал.

Матурска вечер

На 20 мај 2019 година учениците од четврта година од македонски наставен јазик свечено ја прославија својата матурска вечер во ресторанот „Бастион„. На истата беа поканети класните раководители, управата на училиштето и предметните наставници. Учениците со настава на албански јазик матурската прослава ја реализираа на 11 мај во ресторанот „Реми гранд“. Во учебната 2019/2020 година поради пандемијата со КОВИД 19 не беше организирана матурка прослава.

Признание за ученик на генерација

             По повод 24 Мај – Денот на Словенските просветители Кирил и Методиј, Ученикот Зарковски Стефан од IV-7 кој беше прогласен за ученик на генерација од паралелките на македонски и на албански наставен јазик, добија симболична награда од страна на Градоначалникот на општина Куманово.

5.3 Еднаквост и правичност

 

     Познавање на правата на децата

         Вработените во училиштето ги знаат и почитуваат правата на децата и ги поттикнуваат и самите ученици да ги практикуваат своите права и ги заштитува и советува во случај на нивно нарушување. Училиштето организира активности (работилници) за да ги запознае родителите со правата на децата изведени од педагошко-психолошката служба, а самите ученици се запознаваат со истите на класните часови.

     Еднаков и правичен третман на сите ученици

       Вработените подеднакво се однесуваат кон сите ученици, независно од полот, етничката припадност, социјалното потекло и способностите и кога се работи за активностите на часот и за активностите вон часовите што се гледа од самата анкета на учениците.

Наставниот кадар успешно ја организира средината за учење со поставување на јасни очекувања во однос на постигањата на учениците.

Наставниците преку разновидни содржини на наставните   и на воннаставните активности ги учат учениците на другарување, толеранција, почитување и самопочитување.

Училиштето ги промовира еднаквоста и правичноста како вредности во сите свои пишани документи и има развиено механизам за да обезбеди нивно почитување во односите меѓу сите структури што учествуваат во училишниот живот.

Прифаќање и промовирање на мултикултурализмот

Во училиштето има ученици од различита верска и етничка припадност и се води политика на меѓусебно почитување и обезбедување на меѓуетничка соработка како на релација наставник – ученик, така и на релација ученик-ученик.

Се остварува редовна соработка со невладини организации чии претставници се информирани за постигнувањата на нивните заштитници. Го посетуваат училиштето и во соработка со училишниот ментор се информираат за успехот и редовноста на учениците од друга националност.

Училиштето ја поддржува инклузивноста и од записниците на Наставничкиот совет и евиденцијата на педагошко-психолошката служба, се гледа меѓусебната и несебичната помош и соработка меѓу учениците без пречки во развојот и учениците со различни способности и пречки во психичкиот и физичкиот развој.

Во сите активности кои се изведуваат во рамките на училиштето подеднакво се вклучени и ангажирани учениците и наставниците од албанска националност. Со нив се работи на проекти како што се промоција на училиштето, презентција пред основни училишта, учество во организирани приредби и други активности во и надвор од училиштето. Ова меѓусебна соработката овозможува добра клима за прифаќање и промовирање на мултикултурализмот во нашето училиште.

5.4 Партнерски однос со родителите и со локалната и деловната заедница

 

Соработка на училиштето со родителите

     Оваа соработка се овозможуваше преку:

- редовни родителски средби –секој класен раководител има одржано најмалку четири родителски состаноци (по завршување на секој класификационен период), со цел информирање на родителите за успехот, редовноста и поведението на учениците, како и за разгледување на други тековни прашања;

- прием и советување со родители по потреба а од страна на класни раководители, педагог, психолог, дефектолог, предметни наставници и директор;

-советување на родители од страна на психологот, кое се организираше за ученици со повеќе од 10 неоправдани изостаноци , повеќе од   100 оправдани изостаноци,   повеќе од 3 слаби оценки и со асоцијално и антисоцијално однесување;

-вклучување на родители во управување со училиштето – Училишен одбор, Совет на родители, Училишен тим за безбедност, ЕКО-совет исл.

-вклучување на родители во одредени културни манифестации (поделба на дипломи, патронен празник, одбележување на државни и верски празници), семинари, трибини итн.

-вклучување на родители во реализација на проектни активности и сл.

-отворена родителска средба која се организира во рамките на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“по завршување на родителските состаноци родителите може да се сртенат и со предметните наставници.

- индивидуалните средби со родителите се одвиваат во наставничката канцеларија бидејќи нема соодветна просторија за тоа, во приемните термини одредени од самиот наставник, прилагодувајќи се на времето што родителот го има на располагање.

Соработка со локалната заедница

Училиштето е активно вклучено во животот на локалната заедница преку спроведување на заеднички проекти и организирање и учество на настани од интерес за заедницата. Се организираат посети на театарски претстави, музеј, изложби, саеми на книга , а се организираат и настапи на учениците по повод Патрониот празник, литературни средби и читања во соработка со градската библиотека, тематски изложби.

Соработката со другите институции беше неопходна поради квалитетно и целосно организирање и реализирање на воспитно-образовниот процес. Институции со кои училиштето соработуваше се: Министерство за обраование и наука на Р.Македонија; Биро за развој на образование; Центар за стручно образование и обука; Секторот за образование на општина Куманово; Државен просветен инспекторат; Државен испитен центар; СВР Куманово; Центар за социјални работи Куманово; Завод за статистика; Црвен крст Куманово; Завод за здравствена заштита; Основни и средни училишта; Невладини организации; Агенција за вработување; Деловни субјекти од бизнис секторот; Национална агенција за европски образовни програми и мобилност; Разни приватни и државни институции каде што учениците можат да реализираат дел од практичната настава, итн. со локална средина.

На 11.05.2019 – на градскиот плоштад во Куманово е одржан традиционалниот маскенмал „Батко Ѓорѓија“ на која СОУ „перо Наков“ учествуваше со 10 ученици кои изработија својата поединечна маска.

За успешн соработка со локалната заедница Училиштето има потпишано меморандуми за соработка:

На 20.09.2018 год. е потпишан меморандум за соработка со Фондацијата за образование и културни иницијативни „Чекор по чекор“ во врска со имплементирање на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“. Проектот се реализира во соработка со МОН, БРО и 6 општини во кои се спроведува проектот.

На 12.02.2019 год. потпишан меморандум за соработка со Здружение на граѓани „Креатор“ Куманово, претставено од Мартин Трајковски – претседател, за иммплементација на активности од проектот „Волонтирај – Резултирај!“ финансиран од UNDP и Општина Куманово.

На 02.05.2019 – потпишан меморандум за соработка со Хуманитарно здружение „Мајка“ Куманово, застапувано од Лидија Илијевска – претседател, за имплементација на проектот „Биди во тек“. Проектот е финансиски поддржан од Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан (ReLOaD). Целта на проектот е подобрување на сексуалното образование на младите.

На 20.05.2019 – потпишан меморандум за соработка со Организацијата на жените „Кумановка“ застапувано од Виолета Петровска – претседател, во врска со спроведување на проектни активности за реализирање на проектот „Пат кој ги води младите према мултиетничка соработка, интеграција, мир и сигурност“ (01.02.2019 – 31.05.2020) подржано оде Фондацијата Екуменска иницијатива на жени од Хрватска.

Меморандум за соработка со Здружението „Доверба„, претставувано од Дивна Јанковска – претседател, за реализација на проектот „За подобро ментално здравје на младите“.

На 04.07.2018 - Меморандум за соработка со Здружението „Доверба„, претставувано од Дивна Јанковска – претседател, за реализација на проектот „Со ненасилна комуникација и критично размислување против говор на омраза во медиуми„..

На 14.11.2017 – Меморандум за соработка со Центарот за интеркултурен дијлог ЦИД, претставуван од координаторот на проектот „Промовирање младински активизам во мултиетнички заедници“ Филип Јаневиќ. Целта е поттикнување на меѓукултурен и меѓурелигиски дијалогкај младите.

На 30.10.2018 – Меморандум за соработка со Центар за ромска заедница ДРОМ од Куманово, со цел подобрување на соработката меѓу двете страни во имплементација на проектот „Младинска медиумска писменост“, финансиран од Европската Унија. Проектот се реализира од страна на Центар за ромска заедница ДРОМ – Куманово и локална кумановска телевизија „ТВ Плус“

На 28.11.2018 – Меморандум за соработка со Здружение Фото Кино Клуб „Козјак“ Куманово, заради долгорочна заедничка едукативна, хуманитарана, истражувачка и креативна соработка помеѓу договорните страни.

Изјава за партнерство и соработка со Здружение Иницијатива за позитивна промена ВИЗИЈА Куманово и ТВ ПЛУС Куманово кои аплицираат со проект: „Медиумска писменост за демократски вредности“ во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк„, реализиран од страна на Фондација за интернет и општество –Метаморфозис и Центарот за европски стратегии Евротинк.

На 23.11.2017 – Меморандум за соработка со Здружението Млади Европски Федералисти-Македонија (ЏЕФ), за прашања кои се во заеднички интерес и заемна корист за двете страни.

На 21.05.2018 год.- Изјава за соработка со НВО Здружение „Инклузива“ од Куманово, заради учество во проект „Инклузивни партнерства во заедниците“. Проектот е финансиран од Европската Комисија и спроведуван од Фондацијата „Чекор по чекор“-Македонија во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп Скопје.

Соработка со деловната заедница и невладиниот сектор

Училиштето остварува добра соработка со деловната заедница и занаетчиската комора на град Куманово. Со нив се работи за вклучување на наши ученици во реализација на практична работа. Учениците од трета   година во економско-правна и трговска струка остваруваат практична настава во претпријатија од нашиот град   за време на летниот распуст.

Остварува добра соработка со стопанските организации – приватни сопственици кои го помагаат училиштето, како во наставниот процес, така и во подобрувањето на инфра структурата. Исто така за поуспешно реализирање на наставниот процес учениците со своите наставници вршат посета на стопански и нестопански организации.  

На 13.04.2019 – Меморандум за соработка со Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“, застапувано од претседателот Милован Видановиќ

Соработката ќе се движи во правец на изработка на предмети и производи кои учениците ги изработуваат на часовите по стручните предмети од текстилно-кожарската струка. Соработката ќе се одвива во повеќе фази, каде што учениците од училиштето и корисниците на Центарот заеднички ќе работат, ќе изработуваат различни производи и ќе се стекнат со нови работни вештини. Со тоа лицата со интелектуална попреченост ќе работат и со тек на време ќе се профилираат во рамките на полесните технолошки опарации, со што се очекува да станат поконкурентни на пазарот на трудот.

Соработка со Здружение на чевлари Куманово кое е формирано на 04.01.2017 год. заради реализирање на практична настава на учениците при што истите ќе бидат платени а по завршување ќе имаат можност и да се вработат.

На 30.05.2019 е потпишан меморандум за соработка со Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија. Целта е подобро да се запознаат учениците и наставниците со законите и подзаконските акти на РСМ поврзани со областа на хартиите од вредност и надлежностите на Комисијата, со што ќе се придонесе за поголема финансиска едукација и вклученост на младите.

Училиштето остварува плодна соработка и со другите училишта од градот и регионот. Соработката се одвива со редовно учество на ученици на литературни читања, ликовни конкурси, квиз натпревари и спортски манифестации. Редовно соработува со средните училишта од градот заради професионалната ориентација на учениците.

Училиштето имаше воспоставено соработка со училишта од други градови и држави како што се:

  • Србија – со средно економско училиште од Ниш – секоја година на патроните празници се организира посета од двете страни.
  • Струмица- карневал – секоја години па и оваа нашето училиште зеде активно учество на струмичкиот карневал а исто така прифаќаше гости од Струмица при одржување на кумановскиот маскенбал.
  • Нашето училиште учествуваше во прифаќање на ученици од други градови од Р.Македонија за време на одржување на разни спортски активности.

Целта на ваквата соработка беше размена на искуства од воспитно-образовната работа, размена на посети на ученици и наставници, организирање и реализирање на заеднички спортски настани, маскенбал, запознавање на друга култура на живеење, традиција и сл.

       Силни страни

  • Активостите во поглед за подобрување на имиџот на училиштето во подем
  • Меѓусебно почитување меѓу субјектите во училиштето: ученици, наставници и родители
  • Почитување на еднаквоста и правичноста од сите структури во училиштето во поглед на полова,етничка припадност и социјално потекло
  • Отвореност на училиштето за соработка
  • Промовирање на лични постигања на учениците и постигања во име на училиштето
  • Кодекс на однесување на структурите во училиштето
  • Уредна и пријатна средина за работа и учење во училиштето и надвор од него
  • Успешна соработка со локалната заедница и населението
  • Вклученост на учениците во сите сегменти од училишниот живот
  • нема посебна просторија за прием на родители од страна на класниот раководител затоа разговорите се водат во наставничката канцеларија
  • недостиг на училници за изведување на изборна настава и странски јазици
  • неефикасни механизми за санкционирање на нередовноста кај учениците
  • недоволно промовирање на постигањата на успешни наставници или ако поединецот биде пофален тој гест е погрешно разбран.
  • слаба промоција на постигнувањата на учениците.
  • родителите малку или воопшто не се вклучени во образовниот процес.
    • Во матичниот објект, каде наставата се изведува на македонски јазик, просторните услови се следниве:

     Слаби страни

Дополнителни дејствија: ( приоритетни области кои може да бидат содржани во Планот за развој на училиштето)

Да се анализира состојбата со зголемување на бројот на изостаноци и да се преземат активности и мерки за намалување и подобрување на дисциплината на учениците;

Да се унапреди и подигне на повисоко ниво соработката помеѓу наставниците и родителите;

Да се превземат соодветни мерки наставниците да изготвуваат конкретно за секоја тема критериуми за оценување врз основа на стандардите за оценување;

Да се превземат мерки и дејствија за опремување на училиштето со нагледни средства и на современи машини за изведување на обука по практична настава во паралелките за стручно образование;

Да се преземе иницијатива и да се изготви план на активности за замена на прозорците и реконструкција на подот во матичниот објект;

Да се превземат мерки и дејствија за подобрување на хигиената во санитарните јазли во училиштето и реновирање на истите;

Да се превземат мерки и дејствија за опремување на училиштето со нов училишен инвентар (клупи, столици, табли и останато)

Да се ажурира набавката на стручна литература и да се збогати книжевниот фонд со лектирни изданија на македонски јазик и во дислоцираните паралелки на албански јазик;

Да се регулира затоплувањето на спортската сала во матичниот објект;

Училиштето да го усогласи Статутот со последните законски измени од Законот за средно образование на Република Северна Македонија;

Подрачје бр.6: Ресурси

Индикатори за квалитет

6.1. Сместување и просторни капацитети

6.2. Наставни средства и материјали

6.3. Обезбедување на потребниот наставен кадар

6.4. Слeдење на развојните потреби на наставниот кадар

6.5. Финансиско работење во училиштето

Теми

Анализа на резултати и податоци

6.1. Сместување и просторни капацитети

 

Просторни услови

СОУ Перо Наков работи во два објекти.Матичниот објект(настава на македонски јазик) се наоѓа на ул.Пиринска Македонија бр.4 и е со површина 3497m2 и површина на училишен двор9000m2. Другиот објект (настава на албански јазик) се наоѓа во кругот на касарната „Христијан Карпош “во населба Бедиње .Во двата објекти наставата се изведува во две смени.

-       Компјутеризирани   кабинети со делумен интернет пристап,

-       Кабинети по информатика,

-       Кабинети за училишни компании (редовен предмет во IV година),

-       Просторија за Кариерен центар и Младинска организација

-       Библиотека со книжен фонд од 10000 книги,

-       Опремена работилиница за изведување на настава за   конфекциски техничар,

-       Опремени работилиници за изведување на настава за техничар за обувки,

-       Опремена работилница за изведување на настава за техничар за дизајн на облека

-       Спортска сала,

-       Прилагодена просторија за спорт и спортски активности /фитнес/

-       Просторија за исхрана на ученици

-       Простории за: канцеларија на директорот, стручна служба, сменоводители, секретар, книговодител, технички персонал.

  • Наставата на албански јазик се изведува во друг објект   кој ги задоволува потребите.   Спортски терен за настава по спорт и спортски активости има, недостасува спортска сала.

Треба да се напомене дека подготовките за почетокот на изградбата на училишна спортска сала се одвиваат со потребна динамика.

Искористленост на просторните капацитети

Во училиштето постои разработен план за користење на училнишните простории во зависност од бројот на ученици во паралелка според кој секоја просторија е користена од две паралелки во смени, на тој начин се запазува оптималната искористеност на просториите според потребите.

Кабинетите во училиштето се користат според распоредот на часови усогласен со наставните планови и програми.Сите наставници по потреба и по тематското планирање кое го имаат направено изведуваат ИКТ во овие кабинети.

Капацитетите се користат оптимално од страна на сите членови во училиштето.

6.2. Наставни средства и материјали

 

Опременост со стручна литература и наставни средства и помагала

Училиштето располага со ограничен број на стручна литература која соодветствува со важечките наставни планови и програми.

Училиштето има воспоставена процедура за утврдување на потребите од наставни средстава и помагала.Имено на почеток од секоја учебна година на ниво на активи се утврдуваат потребите од наставни средства,материјали за практична настава исл.Набавките на основните средства се вршат по квартали според потребите и можностите а набавки на потрошен материјал се вршат континуирано.

Во училиштето има опремено 7 кабинети со комјутери, во кои фукционира мрежното поврзување и интернет конекцијата која е достапна за наставниците и учениците. Во кабинетите се корстат LCD проектори за презентации во наставата.

Во август 2016 год.како донација од Германска амбасада беше опремена училница со сите потребни нагледни средства за профилот Техничар за дизајн на облека.

Исто така беа набавени и некои наставни погала и опрема која е неопходна за поуспешно совладување на наставата.

Училишна библиотека

Во состав на училиштето е и училишна библиотка чие работење претставува посебен облик на воспитно-образовна работа, која им помага на учениците во обезбедување на лектирни изданија, стручна литература и слободна литература која е неопходна за стекнување на знаења, умеења и навики кај учениците.Книжниот фонд од библиотеката го користат и наставниците при изработка на дневните подготовки за реализирање на наставата. Библиотеката располага со околу 10000 книги за ученици на македонски јазик и околу 2000 книги за ученици на албански јазик. Одговорни лица за работа се наставниците по мајчин јазик.

Потрошен материјал

Во поглед на тоа дали набавениот потрошен материјал ги задоволува потребите на училиштето мислењата не се многу разликуваат. Раководниот тим смета дека набавениот потрошен материјал целосно ги задоволува потребите на училиштето. Имено во училиштето се реализираат голем број на проектни и слободни активности со што учениците имаат потреба од поголем број на печатења на матерјали, кои се користат за презентирање пред останатите ученици во паралелката. Врз основа на планирањата на наставниците на ниво на стручен актив се прават листи на потребни материјали, кои се доставуваат до раководниот кадар, кој понатаму во зависност од можностите и приоритетите ги вметнува во планирањата за набавки на училиштето.

Ефективната и ефикасна употреба на наставните средства и материјали училиштето ја следи преку посетите на часови, преку меѓусебните дискусии, размена на мислења, методи и техники за реализација на наставата, размена на искуство помеѓу наставниците итн. Наставните средства се користат оптимално и истите се достапни на сите наставници кои ја реализираат наставата на македонски и албански наставен јазик.

6.3. Обезбедување на потребниот наставен кадар

 

Број на вработени и соодветност на наставниот кадар

Во училиштето има вкупно 153 вработени, од кои 68 се мажи, а 85 се жени.

Во раководен кадар има 1 директор и 2 раководители на смени, каде што 1 има докторат, а 2 се со високо образование.

На македонски наставен јазик има вкупно 67 наставника од кои 49 се жени, а 12 се мажи.Според етничка структура 64 се македонци и 3 се срби.Со високо образование се 65, а со вишо образование се 2, со магистратура се 3 и со докторат има 2 наставника и 1 директор. На неопределено време се 54 наставника, на определено 13 наставника. Од други училишта има 7 наставника.

Педагошко-психолошка служба располага со 1 психолог, 1 педагог и 2 дефектолога сите со високо стручно образование.

Во административен кадар има вкупно 2 вработени, секретар и сметководител, каде што 1 е со високо ,а 1 со вишо образование.

Во раководен кадар има вкупно 6 вработени, од кои 2 се мажи, а 4 се   жени.Според стручната подготовка раководниот кадар се високообразовани.

Во наставен кадар има вкупно 126 вработени, од кои 55 се мажи, а 71 се жени, aспоред етничката структура 62 се македонци, 62 албанци, 2 срби. Бројот на наставници одговара на потребите според бројот на паралелки и наставни предмети кои се застапени. Истите се стручно оспособени за реализирање на наставниот процес,а наставниците од стручните предмети во најголем број имаат и педагошко-псохолошко-методска доквалификација. Наставниците секојдневно добиваат и стручни совети од педагошко-психолошката служба .Во административен кадар има вкупно 2 вработени, од кои 1 е маж, а 1 жена. . Според стручната подготовка административниот кадар е со 1 високообразован и 1 со вишо образование.

Техничкиот персонал го сочинуваат вкупно 19 вработени, од кои 12 се мажи, а 7 се жени. Според стручната подготовка техничкиот персонал 7 со средно образование, 12 со основно образование.

Ефективност и распоредување на кадарот

Целиот наставен кадар ефективно придонесува за квалитетна работа на училиштето. Распределбата на часови се врши замајки ги прево нормативните акти за наставен кадар. При распределба на кадарот се земаат предвид стручната подготовка, квалитетите, искуството на наставниците што придонесуваат за исполнување на целите на наставниот процес. Во случаи на пократко или подолго отсуство на наставниот кадар, училиштето реагира со брза и соодветна замена.

Целиот персонал е редовно присутен на работа, согласно законските прописи.Со цел да се следи и обезбеди присутноста на работа, во училиштето е поставен (инсталиран) систем за евиденција на работното време со бесконтактни картички. Понатаму се прават месечни извештаи за редовноста кои ги анализираат помошниците на директорот по одредени сектори.

Исто така помошниците на директорот за настава водат редовна евиденција за присутноста на наставниот кадар. Во случај наставникот да е спречен да дојде на настава, истиот задолжително треба да го пријави отсуството еден ден порано или најкасно пред почнување на наставата, со што се дава можност помошниците за теоретска настава да извршат промена на дневниот распоред и да се овозможи непречено реализирање на наставата.

Стручната служба како поддршка на наставниот кадар

Училиштето има стручна служба составена од педагогот,   психологот, 2 дефектолози, стручните активи и надворешни соработници, која им помага на наставниците во организацијата на наставата, следењето на напредокот на учениците, справувањето со проблемите на индивидуално и групно ниво и давање советодавна помош како на учениците така и на наставниците. Следењето се изведува со увиди во тематските планови и на подготовките на наставниците како и посета на часови. Стручната служба има годишна програма според која ги изведува своите активности за работа со ученици и наставници но нема посебен инструмент за следење на организација на наставата и напредокот на учениците. Постои континуирана грижа за упатување на новите   наставници во воспитно-образовниот процес преку нивно менторирање. Стручната служба е на располагање во текот на целиот наставен ден и отворена за соработка.

6.4. Слeдење на развојните потреби на наставниот кадар

 

Професионален развој на наставниците

Училиштето во рамки на своите можности организира или   спроведува обуки, овозможува посета на семинари и симпозиуми, учество во проекти, организира интерни курсеви.

Оценувањето на работата на наставниците се врши преку посета на часовите од членови на раководниот тим и педагошко-психолошката служба.

Вреднувањето на работата и потребите за професионален развојна наставникот се одвива преку неколку активности:

-        Увид, следење на планирањето на наставата и другата воспитно образовна дејност (годишни, тематски, дневни и друг вид планирања) и контрола на педагошката евиденција и подготовките за реализација на наставната програма и подготовките за наставен час;

-        Анкета за потреба од обуки и план за обуки за учебната година интерно во училиштето, независно од семинарите организирани од други проекти;

-        Следење на непосредната реализација на задачите, примена на современи форми и методи, застапеност и користење на современи наставни средства и други технички помагала, воспитна насоченост преку увид на часови од страна на специјално формирана комисија за следење на наставата. При секоја посета на час согледувањата се внесуваат во листа за посета на час;

-        Остварување на задолжителни разговори, консултации, советувања и давање помош на наставниците со цел унапредување и осовремување на наставата.

6.5. Финансиско работење во училиштето

 

Постапки со кои се обезбедува почитување на законската регулатива за финансиско работење

Финансирањето на училиштето според законските регулативи доаѓа од основачот,локалната самоуправа и остварени сопствени приходи од вонредни активности на училиштето.Според законските прописи и предвидените потреби,за своето финасиско работење училиштето на почеток на година изготвува финасов план за тековната година а на крај завршна сметка.За двата финансиски документа се поднесува извештај до Училишниот одбор преку кој се информираат и останатите структури во училиштето како и до финансиската служба на локалната самоуправа.

Од старана на раководниот тим постои солидно познавање за финасиското работење како и примена на повеќе механизми за остварување на дополнителни приходи од вонредни активности во училиштето.Како резултат на тоа може да се спомене позитивната клима за запишување на вонредни ученици. Во поглед на инвестирање на финасиските средства, посебно за поголемите набавки,во училиштето задолжително се спроведуваат постапки за јавни набавки за чие спроведување се задолжени комисии каде најчесто активна улога имаат членови од редот наставниците.Дел од нив имаат и соодветни обуки за спроведување на постапките за јавни набавки. За предвидените набавки Училишниот одбор донесува годишен план со конкретни рамки.

За исходот и реализација на спроведените постапки училишниот одбор а преку нивните членови и останатите структури според законските регулативи за јавни набавки се известуваат двапати во годината преку полугодишни извештаи (евиденција напостапките). Доколку постојат промени во поглед на дополнителни потреби за кои се обезбедени финасиски средства училишниот одбор може да донесе одлука за дополнување на годишниот план за јавни набавки.

Транспарентност во планирањето и трошењето на училишниот буџет

Механизам за транспарентно финасиско работење и контрола на истото е Комисијата за јавни набавки која набавките за училиштето ги врши согласно со Законот за јавни набавки. Контрола на финансиското работење врши Училишниот одбор преку периодични финансиски извештаи и Управата за јавни приходи.Информациите во врска со училишниот буџет се транспарентни и достапни за вработените и за родителите преку одлуките на Училишниот одбор кои се истакнуваат на огласната табла, а родителите посебно можат да се информираат и исвестат преку Советот на родители. Што се однесува до локалната заедница, Советот на Oпштина Куманово редовно ги добива на увид финансиските планови и Завршните сметки. При изработка на финасиските планови секогаш за приоритети се земаат потребите за подобрување на квалитетот на настава во поглед на осовременување на надгледните средства и помагала а со тоа поквалитетна реализација на образовните цели.

Силни   страни

  • Локација на училиштето
  • Пристојни и соодветни просторни услови
  • Оптимална искористеност на просторните капацитети
  • Училишната спортска сала е опремена со сите потребни реквизити за работа
  • Просторија за спорт и спортски активности опремена со справи за вежбање фитнес и пингпонг
  • Просторија за Кариерен и Младински центар
  • Убаво уреден училишен двор
  • Хигиената во училиштето, училишните работилници и учиишниот двор е на задоволително ниво
  • Опременоста на работилниците за практична настава на учениците е на задоволително ниво
  • Квалификациите и стручноста на персоналот одговарат на потребите според наставните планови и програми
    • (соодветен образован кадар и кадровска екипираност)
    • Редовно обезбедување на потрошен материјал за реализација на квалитетна настава

Постојан систем за редовно и квалитетно планирање на потребите

Слаби страни

  • Недостиг од стручна литература, опрема и современи технички помагала
  • Училишната спортска сала не е поврзана со греење на гас
  • Недостаток на современи машини за обука по практична настава
  • Недостаток на простор за воннаставни активности
  • Во некои училници недостасуваат повеќе грејни тела
  • Оштетени училници, подови, дотраени маси и клупи
  • Мал фонд на употребливи книги, стручна литература
  • Јасна дефинираност на надлежностите за управување и за административни задачи
  • Висока фреквенција на состаноци во потполн состав на раководниот тим
  • Одличен однос на раководниот тим со другите субјекти во училиштето
  • Активна соработка и учество на сите структури во размена на идеи и разрешување на проблеми
  • Навремена информираност на сите структури инволвирани во образовниот процес
  • Воспоставена континуирана процедура за потреби од нaдгледни средства и потрошен материјал
  • Подобрена инфраструктура
  • Се почитуваат законските одредби во спроведување на раководната политика на училиштето
  • Во постапката за донесување на училишната политика вклучен е наставничкиот совет преку дискусија;
  • Недоволен фонд за набавка на современи надгледни средства
  • Нема техничка опременост за деца со посебни   образовни потреби
  • Недоволна техничка опременост за работа со талентирани ученици
  • Најдобрата паралелка во училиштето(по успех и поведение)да биде соодветно наградена

           Дополнителни дејствија:

-Осовременување на наставните средства и помагала во чекор со напредокот на технологијата

Подрачје бр.7: Управување, раководење и креирање политика

 

Индикатори за квалитет

7.1 Управување и раководење со училиштето

7.2 Цели и креирање на училишната политика

7.3 Развојно планирање

Теми

Анализа на резултати и податоци

Управување со училиштето

Како oрган на управување во училиштето е Училишен одбор .Тој е конституиран во согласност со законската регулатива и Статутот на училиштето.Составен е од 12 члена,од кои   3 претставници се именувани од основачот,4 претставници од наставниците,3 од советот на родители,1 од Министерство за образование и наука и 1 претставник од Деловна заедница.

Работата на Училишниот Одбор е јасно дефинирана со Деловникот за работа на УО. Во него јасно е пропишано задолжително присуство на сите членови освен ако не е најавено   отсуство. Сите состаноци кои ги одржуваат членовите на УО ги води претседателот на УО и редовно се одржуваат и реализираат во согласност на Деловникот за работа на УО.

За времето на одржување и дневниот ред на состаноците УО истакнува соопштенија на огласната табла,а пак за донесените одлуки редовно ги информира вработените на Наставничкиот Совет,а Советот на родители се информира преку свој претставник во УО.На тој начин е запазена транспарентноста во работата на УО.

Поради ограничени можности училиштето неможе да обезбедува редовни обуки за членовите на УО за нивно успешно извршување на улогата на управување.

УО им обезбедува редовни, детални и сеопфатни информации за својата работа на другите субјекти вклучени во воспитно-образовниот процес.

Партнерските односи на УО со раководен тим и други институции, деловни заедници и стопански субјекти се на високо ниво како и соработка на ниво училиште-локална самоуправа.

Раководење со училиштето

Во раководниот органвлегува Директор (жена,Македонка),заменик директор(маж,Албанец), помошници директори,раководител на работилница,наставниците,родителите и класна заедница.

Тој работи според Законот за средно образование, Статутот на училиштето, Правилникот за организација и систематизација на работните места во училиштето и Годишната програма на училиштето.

Раководниот тим има јасна визија заснована на конкретни гледишта и потребите на сите вклучени субјекти во животот на училиштето кои се во согласност со потребите на локално и државно ниво.

За своите активности тимот има меѓусебни консултации секојдневно а еднаш неделно заеднички анализира се што е реализирано и ги определува приоритети за следниот период.При тоа се води сметка првенствено да се реализираат задачите врзани за успешно реализирање на наставниот процес.

За одговорните одлуките кои ги донесува, раководниот тим претходно ги консултира вработените,кои преку директни средби и тимска работа може да даваат свои сугестии и мислења, со што ја промовира добрата практика што постои во училиштето.Професионалниот однос кон работата и кредибилитетот што го има раководниот орган на училиштето е заснован врз најнови знаења вештини и искуства стекнати преку посета на семинари и обуки во и надвор од државата.

Способноста успешно да се делегира,комуницира и раководи со вработените и нивниот развој се потврдува со напредокот на училиштето на секое поле во наставно-образовниот процесот.Комуникацијата и размената на идеи со наставниот кадар се врши на редовни наставнички совети и вонредни состаноци ако проблемот го бара тоа. Директорот присуствува на состаноците на училишната заедница и советите на родителите, така што учениците и родителите се изворно информирани.

Раководниот тим своето работење секогаш го заснова врз тимска работа на вработените   вклучувајќи ги во процесот на развој и креирање на политики,планирање и обезбедување квалитет во различни области. Истиот ги иницира, раководи и успешно спроведува промените во образовнот систем . За креирањето на училишната политика раководниот тим соработува со училишниот одбор, советите на родителите и училишната заедница, а информациите до наставниците се пренесуваат преку претседателите на активите, до учениците преку училишната заедница и до родителите преку советите на родители.

Партнерствата и активна соработка што ја воспоставува раководниот орган во училиштето со стопански субјекти и бизнис средината се секогаш продуктивнии насочени кон подобрување на квалитет на образованието на учениците .

Таа се врши преку директна комуникација со повеќе субјекти од локалната самоуправа и Градоначалникот и зависно од барањата и потребите на училиштето добиваме морална, кадровска и финансиска помош.

Во училиштето функционира развоен тим со цел унапредување на воспитно образовниот процес. Развојниот тим во континуитет ги изготвува: Самоевалуацијата на учлиштето, Развоен план и Годишната програма за работа на учиштето. Реалноста на планирањето се базира на анализа на постоечките ресурси. Приоритети идентификувани во развојниот план преку ефективната самоевалуација се најсоодветни и целосно се насочени кон постигањата на учениците и подобрување на училиштето во сите сегменти.

Јасност и соодветност на целите

Целите на Училиштето се јасно поставени и целосно се во согласност со целите на државната и локалната образовна политика.

Целите се   прецизни и јасно насочени кон обезбедување на подобар квалитет на наставата, континуиран професионален и стручен развој на сите партиципиенти во наставниот процес.

Овие цели на сите субјекти инволвирани во процесот им овозможуваат активно учество и можност за директно креирање на показатели и критериуми , кои   позитивно ќе делуваат   кон подобрување на целокупниот развој на образовната политика во училиштето.

Така во процесот на реализација на целите директно се вклучени и партиципираат раководниот тим, вработените, родителите и учениците но и претставниците на Министерството за образование и наука и претставниците на секторт за образование во Општина Куманово.

Постигнатите цели имаат позитивно влијание врз целокупната работа на училиштето и придонесуваат за достигање на видни резултати на локално ниво и пошироко.

Процедури за креирање на училишната политика

Нашето   училиште почитувајќи ги законските норми и процедури креира политика со која постојано тежи да се развива во современ училишен центар чиј продукт ќе биде баран и ценет на пазар на трудот и ќе може да ги прати современите текови на индустријата и технологијата. За таа цел училиштето е подготвено да прави промени   заради што има подготвена и интерна процедура за креирање на училишната политика. Управувањето со промената е на   високо организиран и дисциплиниран   начин под раководство на Директорот и инволвираните субјекти како и родителите и учениците. Нивните мислења се земаат во предвид при донесување на конечните одлуки во однос на промената која треба да следи за остварување на поставените цели и училишната политика.

Цели на развојното планирање

Целите на училиштето за развојно планирање произлегуваат од направената самоевалуација за работата на училиштето и детектираните приоритети за развој со цел подобрување на образовната политика. Тие се усогласуваат со претходно утвредената политиката за развој на образованието на локално ниво во поглед на приоритетноста на развојните подрачја. Истите се јасно дефинирани со прецизен акцент на стратешките планирања и активности со прецизна временска рамка за нивно разработување и имплентирање во наставата со цел за нејзино подобрување и зголемување на степенот на постигања на учениците. Целите на равојно планирање се усогласуваат и со визијата и мисијата на училиштето. Во активностите за дефинирање и планирање на развојните цели,и покрај вклучување на сите структури во работните групи (наставен кадар, стручна служба, совет на родители, ученици) активно учество земаа само наставниците и стручната служба. Советот на родители и ученичката заедница   е   запознаена со конечно дефинираните цели за развој и предлозите за нивно реализирање со почитување на нивното мислење и земање во предвид на нивните сугестии. Во акциониот план за реализација на развојните цели се предвидени повеќе релеванти субјекти членови во образобната структура но во нивна реализација многу тешко се вклучуваат членовите од локалната заедница.

Професионален развој/стручно усовршување на кадарот

Во училиштето фунционираат две образовни струки :

–Економско-правна и трговска струка со следниве профили:економски техничар, техничар за трговија и маркетинг,банкарски техничар,деловен секретар и правен техничар(кој го има само во настава на албански јазик)

-Текстилно-кожарска струка со профили:конфекциски техничар, техничар за обувки и техничар за дизајн на облека.

Со фактот на постојано унапредување на науката и техниката образовниот кадар се соочува со неопходна потреба од постојано професионално усовршување.Ваквите потреби често се дискутираат на состаноците на активите. Во училиштето како постојана процедура за стручно усовршување е задолжителната доквалификација на наставни предмети за наставниците од стручните предмети.И покрај потребите училиштето многу малку може да обезбеди финасиски средства за континуиран професионален развој на наставниот кадар. За тие потреби се вршат согласувања и според финасовиот план на училиштето одобрен од основачот, локалната самоуправа. Во училиштето постои интерен документ за следење на професионалниот развој на наставниот кадар и идентификувње на потребите од стручно усовршување.

Материјално-технички средства

Потребите од материјално технички средстава во училиштето континуирано се идентификуваат и тоа на повеќе начини. Врз основа на годишниот финансов план училиштето изготвува годишен план за потребите од наставни и надгледни средства во зависност од доставените барања од стручните активи. Ист годишен план се изработува и за потреби од материјално технички средства за нормално одвивање на наставниот процес. Како приоритет на набвки за нагледни средства и опрема се зема пресметката за нивно оптимално искористување односно бројот на наставни часови и бројот на ученици кои би биле обучени за нејзина употреба. Набавките навремено се обезбедуваат според годишниот план за јавни набавки и тоа најчесто по потреби од квартали. Ново набавените нагледни средства и опрема се во фукција и рационално се користат. Училиштето покрај редовната грижа за нивно одржување со формирање на тимови за одржување на опрема има воспоставено и процедура за надокнада на штета на училишен инвентар и опрема која даде позитивни резултати во поглед на зачувување и одржување на опремата од страна на учениците и наставниците со што средствата за нејзино одржување се минимилизирани и лесно се обезбедуваат од страна на училиштето.

Инфраструктура

Како потреби за подобрување и осовременување континуирано се врши увид на фактичката состојба на инфрастуктурата и зависно од обезбедените средства се подготвуваат активностите за реализација а по потереба се врши и дополна на планот за јавни набавки според потребите за подобрување и осовременување на инфраструктурата на училиштето. Средствата најчесто се обезбедуваат од страна на локалната самоуправа како блок дотации а помал дел и како сопствени средства обезбедени од вонредни активности во училиштето.Средствата како донации од деловната заедница се незначителни и се користат исклучиво за подршка на проекти со талентирани ученици.Училиштето редовно доставува барања до основачот за интервенции во инфраструктурата со претходно подготвени идејни решенија.

Силни страни

Слаби страни

  • Учениците кои постигнале одредени резултати на натпревари не се соодветно наградени

Дополнителни дејствија:

-Обезбедување на средства и услови за осовременување на наставниот процес и наставните надгледни средства и помагала во согласност со наставните планови и програми и континуираниот напредок на технологијата.

 

 

Службени лица за слободен пристап на информации од јавен карактер:

Ленче Јовановска Мишевска- моб. 078 678 342  мејл: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Вљора Имери - моб. 076 315 985  мејл: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. 

 

Извештај од пописни комисии за 2020 година

Формираните пописни комисии извршија попис на градежните објекти и опремата во Училиштето.По извршениот попис е констатирано дека во пописните листи се додадени ново набавените основни средства.

Извршена е пресметка на амортизацијата на градежните објекти и на опремата која се уште има финансиска вредност.Пресметаната амортизација на опрема изнесува 159.262 денари,а на градезни објекти изнесува 1.111.291 денари.

Извршена е ревалоризација на основните средства со коефициент 0,018.Ревалоризација на градежни објекти, на набавна вредност изнесува 2.075.246 денари,а на отпишана вредност изнесува 334.124 денари.Ревалоризација на опрема,на набавна вредност изнесува 523.587 денари,а на отпишана вредност 509.023 денари.

Исто така,извршен е и попис на сметките на Училиштето,при што е констатирано следното:

-сметка 903 –салдо е 0,

-сметка 787- салдо е 460.607 денари,

-сметка 785-72 салдо е 1.040.825 денари.

-сметка 785-87 салдо е 675.194 денари.

Извршен е и попис на побарувањата и обврските на Училиштето и е констатирано следното:

-Обврски према добавувачи во земјата: 499.346 денари

-Обврски према вработени(за нето плата и придонеси):6.241.312 денари.

 

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ЕКСКУРЗИЈА

Врз основа на Правилникот за начинот на изведување на училишни екскурзии на учениците од средните училишта, бр. 07-9992/3 од 05.06.2014 год. на Министерот за образование, Средното општинско училиште „Перо Наков“ од Куманово, распишува

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДА ЗА ЗАВРШНА ЕКСКУРЗИЈА

Во согласност со Годишната програма за работа на СОУ „Перо Наков“, Куманово за учебната 2018/2019 година и Програмата за изведување на завршна екскурзија, Комисијата за прибирање на понуди за избор на најповолен понудувач за спроведување на завршна ученичка екскурзија објавува јавен оглас односно покана за доставување на писмени понуди за организирање на повеќедневна завршна екскурзија за учениците од трета година во паралелки на македонски наставен јазик:
Опис на услугата:

Шестдневна екскурзија со четири ноќевања на база на полупансион, последна недела од месец мај 2019 год. и ќе бидат опфатени следните дестинации: Будимпешта, Прага, Брно, Виена, Верона, Лидо ди Јесоло, Венеција.

Писмените понуди (посебно за секоја екскурзија односно слободна активност) треба да бидат изработени и доставени согласно барањата наведени во огласот,и во истите треба да се наведе: поединечната цена по ученик,условите за сместување, исхрана и превоз, начинот на плаќање, водич,број на наставници и лекар, поволности за ученици кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.

Писмените понуди не треба да содржат алтернативни решенија, односно треба да бидат изработени конкретно и согласно барањата дефинирани во описот на услугата која е дел од поканатa за доставување на понуда.

Понудата која содржи дополнителни елементи или услуги нема да има предност при евалуација на истата.

Цените во понудите мора да бидат фиксни,односно не е дозволена корекција на цените во текот на реализација на договорот.

Понудувачите треба да ги исполнуваат следните минимум критериуми:
- да е регистриран согласно позитивните прописите Република Македонија за вршење на туристичка дејност
;
- има успешно реализирано најмалку три ученички екскурзии во последните три години
;
- ги исполнува условите за превоз на групи деца, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи на деца
.

Понудата на понудувачот кој не ги исполнува минималните услови ќе биде одбиена од Комисијата како неприфатлива. Некомплетните и ненавремени понуди нема да бидат предмет на разгледување.

Критериум за доделување на договор за изведување на екскурзијата е најниска цена.
-На денот на потпишувањето на Договорот избраниот понудувач доставува банкарска гаранција во висина од 5% од вкупната вредност на договорот.
Јавниот оглас трае 5 работни дена од денот на објавувањето
Заинтересираните туристички агенции писмените понуди ги доставуваат до СОУ „Перо Наков“, ул. „Пиринска Македонија“ бр. 4, Куманово со назнака „За Комисијата за прибирање на понуди“.

За подетални информации и подигнување на Програмата на училиштето за изведување на завршна екскурзија, понудувачите можат да се обратат на телефон 031/ 424-380 или во самото училиште.

Претседател на Комисија за прибирање на понуди

                                                             ___________________________________

 

 

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ЕКСКУРЗИЈА

 

Врз основа на Правилникот за начинот на изведување на училишни екскурзии на учениците од средните училишта, бр. 07-9992/3 од 05.06.2014 год. на Министерот за образование, Средното општинско училиште „Перо Наков“ од Куманово, распишува

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДА ЗА ЗАВРШНА ЕКСКУРЗИЈА

Во согласност со Годишната програма за работа на СОУ „ПероНаков“, Куманово за учебната 2017/2018 година, Комисијата за прибирање на понуди за избор на најповолен понудувач за спроведување на завршна ученичка екскурзија објавува јавен оглас односно покана за доставување на писмени понуди за организирање на повеќедневна завршна екскурзија за учениците од трета година во паралелки на албански наставен јазик:
Опис на услугата:

Четиридневна екскурзија со три ноќевања на база на полнпансиони, во период на месец , мај 2018 год. и ќе бидат опфатени следните дестинации: Драч,Круја и Тирана.

Детален опис на услугата е даден во документација со инструкции за понудувачите и Програма за завршна екскурзија која може да се подигне од архива на училиштето секој работен ден од 08-14 часот.

Писмените понуди (посебно за секоја екскурзија односно слободна активност)треба да бидат изработени и доставени согласно барањата наведени во огласот,и во истите треба да се наведе: поединечната цена по ученик,условите за сместувањеи превоз, начинот на плаќање, водич,број на наставници и лекар, поволности за ученици кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.

Писмените понуди не треба да содржат алтернативни решенија, односно треба да бидат изработени конкретно и согласно барањата дефинирани во описот на услугата која е дел од поканатa за доставување на понуда.

Понудата која содржи дополнителни елементи или услуги нема да има предност при евалуација на истата.

Цените во понудите мора да бидат фиксни,односно не е дозволена корекција на цените во текот на реализација на договорот.

Понудувачите треба да ги исполнуваат следните минимум критериуми:
- да е регистриран согласно позитивните прописите Република Македонија за вршење на туристичка дејност
;
- има успешно реализирано најмалку три ученички екскурзии во последните три години
;
- ги исполнува условите за превоз на групи деца, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи на деца
.

Понудата на понудувачот кој не ги исполнува минималните услови ќе биде одбиена од Комисијата како неприфатлива. Некомплетните и ненавремени понуди нема да бидат предмет на разгледување.

Критериум за доделување на договор за изведување на екскурзијата е најниска цена.
-На денот на потпишувањето на Договорот избраниот понудувач доставува банкарска гаранција во висина од 5% од вкупната вредност на договорот.
Јавниот оглас трае 5 работни дена од денот на објавувањето
Заинтересираните туристички агенции писмените понуди ги доставуваат до СОУ „Перо Наков“, ул. „Пиринска Македонија“ бр. 4, Куманово со назнака „За Комисијата за прибирање на понуди“.

За подетални информации понудувачите можат да се обратат на телефон 031/ 424-380.

Претседател на Комисија за прибирање на понуди

                                                                                                                                                                                                       Назиф Зимбери

 

 

Në bazë të rregullores për mënyrën e realizimit të ekskurzioneve shkollore për nxënësit e shkollave të mesme nr. 07-9992/3 të 05.06.2014 e Ministrit të arsimit, Shkolla e mesme komunale ''Pero Nakov'' nga Kumanova, shpall:

 

SHPALLJE PUBLIKE PËR PRANIM TË OFERTAVE PËR EKSKURZION

 

Në bazë të programit vjetor për punë të SHMK ''Pero Nakov'' Kumanovë për vitin shkollor 2017/18, komisioni për pranimin e ofertave për zgjedhje të ofertuesit më të mirë për realizim të ekskurzionit shkollor shpall shpallje publike apo kërkesë për dorëzim të ofertave me shkrim për organizim të ekskurzionit më shumë ditor për nxënësit e vitit të tretë në paralelet me mësim në gjuhën shqipe.

 

Përshkrimi i shërbimit të nevojshëm:

 

Ekskurzion katërditor me tri fjetje në bazë të pansioneve të plota, në periudhën e muajit maj 2018 ku do të përfshihen këto destinacione: Durrës, Krujë dhe Tiranë.

 

Përshkrimi i plotë i shërbimit është i dhënë në dokumentacionin me instruksione për ofertuesit dhe program për ekskurzion i cili mund të tërhiqet nga arkivi i shkollës cdo ditë pune nga 08-14.

 

Ofertat me shkrim duhet të jenë të përpiluara sipas kërkesave të vendosura në shpallje, dhe në të njëjtat duhet të vendoset: cmimi individual për nxënës, kushtet e vendosjes dhe transportit, mënyra e pagesës, udhërrëfyesi, numri i mësimdhënësve dhe mjeku, kushte të favorshme për nxënës nga familje sociale.

 

Ofertat me shkrim nuk duhet të përmbajnë zgjedhje alternative, apo duhet të jenë të punuara në mënyrë konkrete dhe sipas kërkesave të definuara në përshkrimin e shërbimit të cilat janë pjesë e kërkesës për dorëzim të ofertës.

 

Oferta e cila përmban elemente plotësuese ose shërbime nuk do të jetë e favorizuar gjatë evaluimit të të njëjtave.

 

Cmimet e ofertave duhet të jenë fikse, d.t.th nuk lejohet korrektim i cmimeve gjatë realizimit të kontratës.

 

Ofertuesit duhet të i plotësojnë këto kritere minimale:

 

- të jenë të regjistruar sipas rregulloreve të R.Maqedonisë për realizim të aktivitetit turistik

 

- të kenë të realizuara së paku 3 ekskurzione me nxënës në tre vitet e fundit

 

- ti plotësojnë kushtet për bartje të grupeve të fëmijëve, sipas ligjit për siguri në komunikacion rrugor dhe rregullores për kërkesa të vecanta të mjeteve me të cilët barten grupet e nxënësve.

 

Oferta e ofertuesit e cila nuk i plotëson kushtet minimale do të refuzohet nga Komisioni si e papranueshme. Ofertat e pakompletuara ose të sjellura jo në kohën e paraparë nuk do të jenë lëndë e shqyrtimit.

 

Kriteri për dhënie të kontratës për realizim të ekskurzionit është çmimi më i vogël.

 

Në ditën e nënshkrimit të kontratës ofertuesi i zgjedhur dorëzon garancion bankar në vlerën e 5% të vlerës së përgjithshme të kontratës.

 

Shpallja publike zgjat 5 ditë pune nga dita e shpalljes.

 

Agjencionet e interesuara turistike ofertat me shkrim i dorëzojnë tek SHMK ''Pero Nakov'' rr.''Pirinska Makedonija'' nr.4 Kumanovë me shkresën ''për Komisionin e grumbullimit të ofertave''.

 

Për informata më të detajuara mund të informoheni edhe në tel: 031/424-380.

 

Kryetari i komisionit për grumbullimin e ofertave

 

Nazif Zimberi

 

 

ВОДИЧ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ПРВА ГОДИНА

Основци и родители, информирајте се тука за критериумите за упис во прва година, потребните документи и роковите за запишување!
Разгледајте ја и нашата фејсбук страна!

https://www.facebook.com/SouPeroNakovKumanovo/

Следете го нашиот сајт, бидете во тек со настаните и уверете се зошто сме вашиот најдобар избор!

sop1 sop2 sop3
     
sop4 sop5 sop6
     
sop7 sop8 sop9

 

Најдобрите ученици за 2015/16 година!

1.     I-1     Мартина Пауновиќ
2.     I-2     Габриела Ѓеоргиевска
3.     I-3     Меланија Димковска
4.     I-4     Бојана Антиќ
5.     I-5     Милош Спасовски
6.     I-6     Викторија Бојковска
7.     I-7     Стефан Зарковски
8.     I-16     Милена Крстевска
9.     II-1     Анастасија Јовановиќ
10.     II-2     Ќамиле Дестановска
11.     II-3     Сара Спасовска
12.     II-4     Тина Илиевска
13.     II-5     Марија Миленковска
14.     II-6     Анастасија Џартова
15.     II-7     Емилија Јакимовска
16.     II-8     Анастасија Спировска
17.     III-1     Валентина Димитровска
18.     III-2     Никола Јовановски
19.     III-3     Тони Анастасовски
20.     III-4     Марко Спасовски
21.     III-5     Марија Симоновска
22.     III-6     Андријана Ѓорѓевска
23.     III-7     Јелена Костадиновска

Copyright © 2017 Elkom Grup | web design | hosting solutions. All rights reserved.

Search